Select Page
Министерството за транспорт и врски го објави тендерот за избор на економски оператор-изведувач на градежните работи за реконструкција на улица во село Волино

Министерството за транспорт и врски го објави тендерот за избор на економски оператор-изведувач на градежните работи за реконструкција на улица во село Волино

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта”, кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски, со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проект за реконструкција на улица во село Волино.

Со проектот се предвидува реконструкција на улица во село Волино, на потегот од кај расадник “Розенталис” , на општински пат село Мешеишта-село Волино до мост на река Сатеска, на општински пат село Волино-село Требеништа, како и реконструкција на плоштадот во селото.

По поднесувањето на апликацијата и потребната документација ( основен проект, сообраќаен проект, проект за уличното осветлување, елаборат за експропријација, одобрение за градење и друга документација ) и спроведување на постапка за одобрување, проектот е одобрен.

Министерството за транспорт и врски го објави тендерот за избор на економски оператор-изведувач на градежните работи, кој завршува на 23 Мај 2023 година.

По завршувањето на тендерската постапка и склучување на договор со најповолниот понудувач се очекува да започне имплементацијата на проектот

 

http://mtc.gov.mk/javniOglasi/1-15?fbclid=IwAR2KdqsAzpsIoR2v2U6AAa8jfX3gxSCkRf14masiIoZc1jt6TFHO7eJbgWc

 

 

 

Бесплатни гинеколошки прегледи на територија на општина Дебрца

Бесплатни гинеколошки прегледи на територија на општина Дебрца

Во општина Дебрца ќе започне  со работа мобилната амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места од општината, со цел превенција од рак на грлото на матката.

Се известуваат сите жени на територијата на  општина Дебрца, кои сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, да се обратат или да се пријават на тел. број 046 286 855 во општина Дебрца или на тел. број 070 315 309 и 046 261 909, во Општинската организација на Црвен крст Охрид за закажување на термин.

Пријавувањето да се изврши најдоцна до 25 Мај 2023 година.

Мобилната амбуланта започнува со работа на крајот на месец Мај 2023 година, а пријавените дополнитено ќе бидат известени за датум и време на одржување на прегледите.

Прегледите ќе се извршуваат на две локации во општина Дебрца и тоа с. Белчишта и с. Требеништа.

Со работата на мобилната амбуланта треба да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи. Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката.

Контролите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата.

Работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари – МАГО, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и  УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации.

Презентација на Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца

Презентација на Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца

Општина Дебрца Ве информира  дека е подготвена Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца.

Со цел да ја презентираме и претставиме и воедно  да разговараме за мерките кои може да се имплементираат во рамки на 3 (три) разгледани технички сценарија заедно со финансиската анализа, Општина Дебрца организира состанок во среда (17.05.2023) во 11:00 часот во просториите на општина Дебрца.

На состанокот  ќе присуствуваат членовите од Одборите на Корисници, релевантни лица од општината, Градоначалникот и координарот на проектот.

Презентација ќе извршат  стручни лица / претставници од Единицата за спроведување на ПЕЕЈС при Министерството за Финансии  на Република Северна Македонија, како и од консултантската екипа која ја изработуваше студијата.

Општина Дебрца организира дводневна посета на 90-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2023”, Република Србија.

Општина Дебрца организира дводневна посета на 90-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2023”, Република Србија.

Општина Дебрца организира дводневна посета на 90-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2023”, Република Србија, кој ќе се одржи од 20-26 Мај 2023 година.

Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. На него се претставуваат најзначајните компании во агроиндустријата, земјоделското производство, механизацијата, како и најдоброто во сточарството. Неодминливо место е за земјоделците и професионалната публика, на која земјоделството и е во фокусот на вниманието.

Општина Дебрца на земјоделците им обезбедува несекојдневна можност да бидат дел од овој настан.

Посетата на саемот е планирана за 24 и 25 Мај 2023 година, со едно ноќевање.

Трошоците за превоз се покриени од општината, а Ваше е да ги надоместите трошоците за ноќевањето ( околу 35 евра ноќевање со појадок ).

Од организациски причини ги замолуваме заинтересираните земјоделци и други граѓани, да се пријават најдоцна до 12 Мај 2023 година, на следниот контакт:

Ѓоко Јордески 078281242

Игор Калески 075391404

 

Бесплатни гинеколошки прегледи на територија на општина Дебрца

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животната средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за ,, Рехабилитација на локална улица во н.м Волино Општина Дебрца” во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта

ИЗВЕСТУВАЊЕ  за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животната средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за Контролна листа на ПУЖССА за ,, Рехабилитација на локална улица во н.м Волино Општина Дебрца” во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта.

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проект за „Рехабилитација на локална улица во н.м. Волино во општина Дебрца“. Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот. Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 20.04.2023 година официјалните веб страници на:

 

 

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на Интернет страницата.

20230420_ESMP Checklist Debrca_MK

20230420-ФОРМУЛАР ЗА КОМЕНТАРИ

Работилница : Донесување одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги

Работилница : Донесување одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги

На ден 23 март 2023 година во организација на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016” ќе се одржи работилница:  донесување на одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги.

Работилницата е во рамките на проектот „Екосистемски услуги од Белчишко Блато и еколошка едукација“ (Belchishta Wetland Ecosystem Services & Environmental Education (BW-ESEE)“, кој започна на 1 декември 2022 г. и ќе трае до 1 октомври 2023 г.

Целта на проектот е да ги идентификува најзначајните екосистемски услуги кои се добиваат од блатото, за да се интегрираат во донесувањето одлуки за негово управување и заштита. Проектот е финансиран од Партнерскиот фонд за критични екосистеми (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF), кој го препозна блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата од нашата држава

Дневен ред