Dec 12, 2025
Со цел активно вклучување на сите заинтересирани граѓани од општина Дебрца и креирање на граѓански буџет низ транспарентен и инклузивен процес, за првпат оваа година на увид на јавноста ги ставаме нацрт програмите и нацрт буџетот за 2026 година на општина Дебрца. Истите ги усвои Советот на општина Дебрца на седницата оддржана на ден 12.12.2025 година.
Со јавниот увид право да поднесуваат: предлози, забелешки, идеи за работа, конкретни проекти имаат сите заинтересирани: граѓани, здруженија на граѓани, правни лица, совети на месни заедници како и институции.
Јавниот увид на нацрт програмите и нацрт буџетот за 2026 година на општина Дебрца ќе трае до 19.12.2025 до 14.30 часот (петок). Предлозите може да се поднеста директно во архивата на општина Дебрца или електронски на следната емаил адреса: contact@debrca.gov.mk.
По однос на нацрт програмите и нацрт буџетот на општина Дебрца за 2026 година ќе биде организирана и јавна презентација која ќе се оддржи на ден 17.12.2025 година (среда) во салата на Советот на општина Дебрца со почеток во 11.00 часот, на која заинтересираните субјекти ќе остварат директен контакт со стручните служби на општината.
Очекуваме активно вклучување од страна на сите заинтересирани чинители со оглед на значајноста на овој процес!
Прилог:
програма спорт
програма односи со јавност
програма образование
програма настани и личности
програма ЛЕР
програма култура
програма јавно осветлување
Програма за локална инфраструктура и комунални
програма оддржување јавни патишта
програма зимско
програма еднакви можности
Нацрт програма социјална заштита
Нацрт Буџет 2026
Со почит,
Општина Дебрца
Градоначалник
Златко Сиљаноски
Dec 11, 2025
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 5-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 5–та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 12.12.2025 година (петок) , со почеток во 11.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Нацрт – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2026 година (Т1)
- Нацрт Годишна програма за еднакви можности меѓу жените и мажите во општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за зимско одржување на општинските патишта и улици во општина Дебрца во зимската сезона 2025/2026 година
- Нацрт – Годишна програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за развој на локалната инфраструктура и комуналите услуги во општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на јавното осветлување во општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за развој на културата во општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на односите со јавноста, комуникациите и меѓународната соработка во 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Буџет на ЕЛС Дебрца за 2026 година
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски
Dec 10, 2025
Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион, во Скопје, одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) – формален и функционален механизам што ги обединува двата региона во единствена структура за управување со отпад. Со ова, државата прави решителен чекор кон воведување модерен, координиран систем за управување со отпад по европски стандарди.
На настанот се обратија Златко Перински, министер за локална самоуправа, Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, Душица Перишиќ, Извршна директорка на ЗЕЛС и Лена Фалкон, програмски директор во SALAR International.
Веднаш по поздравните обраќања, свечено се потпиша договорот за воспоставување на МОУО. Со воспоставувањето на МОУО, општините прават јасен премин од досегашните ад-хок и фрагментирани решенија кон стабилен, системски и одржлив пристап. Новиот регионален модел овозможува предвидливи процеси, јасни надлежности и координација помеѓу институциите, што резултира во подобра организација, поефикасно користење на ресурсите, поквалитетни услуги и поголема сигурност за граѓаните. Овој системски пристап е суштински за да се обезбеди конзистентно, транспарентно и професионално управување со отпадот, усогласено со домашното законодавство и европските стандарди.
Новоформираното тело ќе има обврска да:
- усвојува регионални планови за управување со отпад,
- ги одобрува клучните инвестиции во регионалната инфраструктура,
- координира активности за затворање на постојните депонии и надминување на проблемите со дивите депонии,
- го надгледува спроведувањето на Регионалниот систем за управување со отпад (РСУО),
- обезбедува транспарентност и активно вклучување на граѓаните во процесот
Овој мандат на МОУО создава силна основа за стабилен, отчетен и долгорочно одржлив систем за управување со отпад на регионално ниво.
Со воспоставувањето на МОУО всушност започнува следната фаза од реформата за управување со отпад, која вклучува пред сѐ изработка на нов Регионален план за управување со отпад 2026–2032, финализирање на процесот за формирање на регионалното комунално претпријатие, координирање на работата на надлежните институции, но и засилен ангажман за целосно и навремено информирање на јавноста. Овие активности се суштински за воспоставување целосно оперативен РСУО.
Градоначалниците од двата региона денес покажаа високо ниво на единство, одговорност и визија за современи јавни услуги и почиста животна средина. Преку колективна одлука, тие покажаа дека регионалната соработка е клучна за развојот и квалитетот на живот на граѓаните.
Шведска и Швајцарија, како долгорочни партнери даваат поддршка во процесот, обезбедувајќи стабилност, експертиза и кредибилитет во секоја фаза од реформата.
***
Активностите се спроведени во рамки на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво”, поддржан од Шведска, имплементиран од SALAR International.
Dec 10, 2025
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 4-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 4–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 10.12.2025 година (среда) , со почеток во 11.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2025 година
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски
Dec 7, 2025
Денес екипите се на терен – посветено и одговорно, затоа што грижата за нашата општина не познава викенд.

Се вршат активности за расчистување на каналите низ повеќе населени места, каде што со години наназад бујната вегетација го попречува протокот на водата и претставува потенцијален ризик за поплави и други проблеми.

Работните тимови интензивно сечат, расчистуваат и отстрануваат диворастечка вегетација со цел да воспоставиме нормален проток и подобрена хидротехничка инфраструктура.

Состојбата со дивите депонии е навистина лоша – ги има на повеќе локации, создаваат грда слика и директно влијаат врз животната средина и здравјето на граѓаните.

Затоа денеска се работи и на нивно отстранување, со јасна цел: да ставиме крај на ваквите појави и да воведеме ред, план и континуирано одржување.

Овие проблеми нема да се решат преку ноќ, но веќе ги правиме првите сериозни чекори и уверувам дека ова што денес го гледаме како „лоша глетка“ многу брзо ќе стане минато.

Ги повикувам сите граѓани да ни помогнат со одговорно однесување и поддршка на иницијативите за почиста и зелена Дебрца.

Заедно можеме да ја направиме Дебрца место какво што сите го заслужуваме – уредно, чисто и безбедно.
Dec 6, 2025
Денес започнавме со уредување на банкините кои со години претставуваа сериозна опасност за безбедноста во сообраќајот.

Паралелно се работи и на проширување на коловозот, со што значително ќе се подобри прегледноста и протокот на возила.

Оваа акција, која за прв пат се реализира по повеќе од 30 години, е уште еден чекор кон побезбедни и поквалитетни патишта во сите населени места.

Продолжуваме посветено – по сите населени места, со конкретни дела за подобра инфраструктура и побезбедно секојдневие за сите граѓани.