Feb 18, 2025
Учениците од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани заедно со организацијата Еко –свест Вевчани го истражуваа Белчишко Блато, едно од најзначајните и најзачуваните блата во Македонија!
Во организација на Екотуризам Охрид и Општина Дебрца учеа за уникатната природа на ова подрачје и за нераскинливата врска помеѓу луѓето и овој екосистем низ историјата.

Преку истражување на терен и посета на Центарот со природнонаучната и етнолошката збирка, откриваа факти за стотиците видови птици, растенија и цицачи што го прават ова место вистинско природно богатство.
Се запознаа со предмети од етнолошката збирка кои се заборавени целосно или се надвор од употреба во новиот и современ свет, поради тоа овој Центар преставуваа еден времеполов кој не враќа назад во минатото да увидиме како локалното население на еколошки начин приготувувало храна и ги обработувало нивите во непосредна близина на самото Блато и ги користело неговите ресурси.

Затоа е потребно сите заеднички да е заштитиме ова уникатната природа на ова подрачје која е нераскинливата врска помеѓу луѓето и овој екосистем низ историјата и да се однесуваме оговорно кон истото.
Feb 7, 2025
Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со поставување на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село Сливово. Овој проект има за цел да го подобри снабдувањето со вода за пиење и да го зголеми квалитетот на животот на жителите на ова село. Работите се во тек, а завршувањето на проектот се очекува во најскоро време.

Feb 5, 2025
Дефектот на Ф315 на главната водоводна мрежа е ОТСРАНЕТ, и целосно е нормализирана испораката на вода во Општина Дебрца.
Feb 4, 2025
Поради дефект на главната водоводна мрежа Ф315 на регионалниот цевковод од пумпната станица,,Св Еразмо”, водоснабдувањето е обезбедено преку бајпас, со цел сите жители да имаат континуирано снабдување со вода. Екипите интензивно работат на санација на дефектот и се очекува брзо решение на проблемот.
Jan 27, 2025
Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.
Кампањата е подготвена од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:
- Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии;
- Поефикасно планирање и извршување на буџетот;
- Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност;
- Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори;
- Поголем пристап до надворешни извори на финансирање;
- Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.
Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.
Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.
Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.
Посетете ја веб-страницата на општината, пребарајте и добијте ги потребните информации.
Вклучете се во креирање на транспарентна општина.
Дознајте повеќе за:
Општина на дланка (мк)

Jan 24, 2025
Започна реализацијата на проектот за реконструкција на општинскиот пат село Злести- село Белчишта / делница 1 /,во должина од 1400 метри.
За реализација на проектот од Владата,преку Министерството за транспорт и врски на општина Дебрца се одобрени 8.627.682 денари а дел од потребните средства ќе се дообезбедат од Буџетот на општината за 2025 година.

Ги информираме граѓаните,особено оние кои имаат недвижен имот покрај патниот правец,дека трасата утврдена со проектот поминува исклучиво по имот на Република Македонија и затоа проектираната траса на одредени делови не се поклопува,односно отстапува од постојната траса/ која во одредени делови поминува низ приватен имот /.
Отстапувањата од постојната траса претежно се од десната страна,кога се движите од Белчишта кон Злести.
Тоа е направено така со цел да се избегнат долгите постапки за експропријација и да не се оддолжува имплементацијата на проектот.