Select Page
Со ревијален натпревар и сечење на лента пуштен во употреба новиот мултифункционален спортски полигон во село Злести

Со ревијален натпревар и сечење на лента пуштен во употреба новиот мултифункционален спортски полигон во село Злести

Во село Злести, со пригодна свеченост, во организација на гостопримливите злестовци,со ревијален натпревар и сечење на лента се пушти во употреба новиот мултифункционален спортски полигон,изграден во центарот на селото на местото од руината на дел од селскиот дом.

Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а 1.498.672 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.

 

Нека е аирлија и со здравје да се користи,исполнет со поголем број на дечиња и секако за рекреација и на повозрасните.

 

 

Положено цвеќе пред Спомен обележјата од Илинденското востание и НОБ во село Лактиње

Положено цвеќе пред Спомен обележјата од Илинденското востание и НОБ во село Лактиње

Во чест на празникот Илинден во село Лактиње, претставници на Општина Дебрца, членови на советот на општина Дебрца како и  претставници на Месната заедница, политички партии и граѓани положија цвеќе и се поклонија пред Спомен обележјата од Илинденското востание и од НОБ.

 

Нека ни е честит празникот!

 

Илинденска честитка од градоначалникот Ногачески

Илинденска честитка од градоначалникот Ногачески

Денеска го празнуваме денот на Илинденското востание и Крушевската Република од 1903 година, како и вториот Илинден – Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија во 1944 година.

Илинден е симбол на вечниот стремеж за слобода и за самостојност на македонскиот народ, темел на нашата државност, потврда за нашиот идентитет, нашата историја, јазик и култура и постојан патоказ за нашата иднина.

Дебрца е нераскинливо втемелена и во двата Илиндена.

Нека ни е честит празникот!

Нека ни е вековита Македонската Република!

Испраќање на Илинденската коњаница од Славна Дебрца

Испраќање на Илинденската коњаница од Славна Дебрца

Денес во село Сливово во престерет на чествување на големиот Христијански празник  посветен на св.Илија и чествување на Востанието на македонскиот народ 2-ри Август 1903 – Илинденско востание, се одржа настан  на формирање на илинденска коњаница која почнуваќи од село Сливово преку село Песочани и падините на  планината Славеј ќе се упатат кон село Ташмаруништа.

Дебрца има богата историја започнуваќи од Илинденско Востание се до формирање на партизански одреди како и донесување на одлуката за возобновување на Охридската архепископија како и Македонската православна црква.

Историските моменти се нераскинлив дел од Дебрца, борбите на комитите по падините на планините на територија на Дебрца за слободна Македонија се паметат и се чествуваат.

На коњаницата им се заблагодаривме за можноста селото Сливово да биде местото на тргнување и започнување на чествувањата на празникот св.Илија – Илинден  и во име на Градоначалникот на општина Дебрца им посакавме мирен галоп по падините на територија на Дебрца  како и безбедно стигнување до крајната дестинација.

Активности на ЈКП ,,Дебрца”

Активности на ЈКП ,,Дебрца”

  • Извршена санација на дефектот кај водната пумпна станица во Требеништа
  • Извршена санација на дефектот на водоводната мрежа во Ново Село
  • Санирање на дефектот на водоводната мрежа во должина од 300 метри за Манастирот Свети Илија во Песочан во соработка со Месната заедница с.Песочан
  • Прочистување на фекалната канализациона мрежа (еднокоморна септичка јама) во Оздолени

/

 

35-та седница на Советот на општината Дебрца

35-та седница на Советот на општината Дебрца

 

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 35-та седница на Советот на општината Дебрца

Ја свикувам 35та седница на Советот на општината Дебрца.

 Седницата ќе се одржи на ден  31.07.2024 година (среда), со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                      

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                 

  1. Усвојување на записник од 34-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за издавање согласност за формирање чисти паралелки од I до IX одделение под 20 ученици во основното училиште „Дебрца“ – Белчишта за учебната 2024/2025 година
  3. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање комбинирани паралелки од I до V одделение под 10 ученици во основното училиште „Дебра“ – Белчишта за учебната 2024/2025 година
  4. Предлог – Одлука за давање согласност на Програмата за работа и развој за 2024 година на ЈПКД „Дебрца“ – Белчишта
  5. Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.07.2023 година – 30.09.2023 година
  6. Предлог – Одлука за давање согласност на кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.102023 година – 31.12.2023 година
  7. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.012023 година – 31.12.2023 година
  8. Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.01.2024 година – 31.03.2024 година

 

Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседавач,

                                                                                                Крсте Јорданоски