Select Page
Заврши уште еден проект-реконструкција на објектот на месната заедница село Климештани

Заврши уште еден проект-реконструкција на објектот на месната заедница село Климештани

Пред крајот на 2024 година заврши уште еден проект-реконструкција на објектот на месната заедница село Климештани.

Се изврши реконструкција на кровот,замена на прозорци и врати ,обработка на внатрешни ѕидови,тавани со кнауф,надворешна фасада со абрип,бетонски тротоари.

Вкупната вредност на работите изнесува: 1.003.000 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.

Завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда во Оровник

Завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда во Оровник

Во село Оровник завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда.

Монтирана е топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.

Вкупната вредност на работите изнесува 793.123 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.

 

Завршено е поставувањето на заштитна ограда, односно заградување на училишниот двор во село Ботун

Завршено е поставувањето на заштитна ограда, односно заградување на училишниот двор во село Ботун

Во село Ботун завршено е поставувањето на заштитна ограда, односно заградување на училишниот двор, а во еден дел подигнато е и опремено мини детско катче/игралиште.

Вкупната вредност на работите изнесува 335.710 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

 

Проодни сите локални патишта во Општина Дебрца

Проодни сите локални патишта во Општина Дебрца

Општина Дебрца и Јавното претпријатие за комунална дејност (ЈПКД) Дебрца ја информираат јавноста дека официјално е завршена акцијата за чистење и проодност на територијата на општината, вклучувајќи ги сите највисоки и најтешко достапни подрачја, како што се местата Турие и Мраморец.

Тимовите на Општината и ЈПКД-Дебрца, со цел да се осигура непречено движење и сигурност на жителите, успешно ја завршија операцијата за расчистување на снегот и обезбедување на проодност на патиштата. Во оваа акција вклучени се и најтешко достапните региони, кои поради високите снежни наноси беа блокирани.

Општината и ЈПКД – Дебрца продолжуваат со постојаното следење на состојбата и ќе ги преземат сите потребни мерки за одржување на патната инфраструктура во секој момент.

Сите граѓани се повикуваат да ја почитуваат патната сигнализација и препораките за безбедност во овие зимски услови.

 

Со Почит

Општина Дебрца и ЈКП Дебрца

Реализирана во најголемиот дел  годишната програма за општински патишта и улици за 2024 година

Реализирана во најголемиот дел годишната програма за општински патишта и улици за 2024 година

Пред крајот на годината може да се сумира дека општина Дебрца во најголемиот дел ја реализира годишната програма за општински патишта и улици за 2024 година.

Беа асфалтирани улици во повеќе населени места и тоа:

  1. Село Песочани- главната улица во должина од 1,1 км ,
  2. Село Лактиње-селскиот плоштад и дел кај мостот на патот кон село Годивје,
  3. Село Велмеј-улица во должина од 110 метри и рехабилитација на спортското/одбојкарското игралиште пред селскиот дом,
  4. Село Волино-улица во должина од 280 метри,
  5. Село Оздолени-улицата од сретсело до црква Св.Никола,во должина од 200 метри,
  6. Село Слатино-две улички во должина од 130 метри.

Средствата за овие активности се обезбедија од Буџетот на општината.

  • Деновиве започнаа подготвителните работи за реконструкција на патот село Злести-село Белчишта,во должина од 1.4 км,а за кој средствата се обезбедени од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините.

 

 

Активности на Општина Дебрца и ЈПКД- Дебрца за уредување на селата во општината

Активности на Општина Дебрца и ЈПКД- Дебрца за уредување на селата во општината

Продолжуваат Активностите на Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца,за уредување на селата во општината, односно со ангажирање на работници од јавното претпријатие и лицата ангажирани од општината преку програмата за јавни работи во населените места во општината започнавме со реализација на активности за одржување на јавната чистота и чистење од отпад на јавните површини.

 

Активности продолжија и  во селата  Требеништа Мешеишта, Климешатни и Злести.

 

Со програмата за јавна чистота етапно ќе бидат опфатени сите населени места во Дебрца во наредниод период продолжуваме и во остатокот од селата.