Nov 25, 2024
Денес од страна на претставници на Министерство за животна средина и просторно планирање на Општина Дебрца се предадени 75 канти за собирање на одпад со капацитет од 120 л.
Набавката на кантите е извршена со средства на Министерството за животна средина и просторно планирање од собраните средства од продажба на пластични кеси, кои се искористат за набавка на контејнери – канти за собирање на отпад.

Набавените канти ќе бидат распоредени на територија на општината каде се вршат активности за собирање на комунален одпад и истите ќе бидат во функција на жителите на општината.
Со оваа активност општината и ЈПКД,,Дебрца” продолжуваат во континутет во подобрување на хигиента и собирањето и третманот на одпадот од одмаќинствата во општината.
Nov 25, 2024
Во село Мешеишта привршуваме со доизградбата на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.
Во текот на 2024 година се изградени 13 секундарни канализациони краци,во вкупна должина од 1.340 метри и 41 ревизиона шахта,а за што се инвестираа 6.802.682 денари или околу 110.000 евра, од кои 2.500.000 денари беа обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање,Програма за животна средина за 2024 година,а 4.302.682 денари од Буџетот на општината за 2024 година.

Општината ќе издвои дополнителни средства и во Буџетот за 2025 година за доизградба на преостанатите неколку канализациони краци.
Nov 19, 2024
Преку заедничка соработка помеѓу Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца започна со реализација на програмата за уредување на Села во Општина Дебрца.
Во програмата етапно ќе биде опфатена цела Дебрца со заедничка работа на локалните власти и жителите, очекуваме значителен напредок во подобрувањето на условите за живеење, како и создавање на поубави и пофункционални заедници.

Екипите започнаа со работа од село Оровник каде се врши расчистување на вискока и ниска вегетација собирање на одпад и складирање на соодветни места каде истиот ќе биде подигнат од страна на ЈПКД Дебрца.
Во наредниод период продолжуваме и во останатите населни места.
Nov 7, 2024
Деновиве во село Арбиново се работи на проширување на уличната водоводна мрежа,односно изградба на доводен крак / ископ на каналски ров и монтажа на полиетиленско црево за водоснабдување ф 63 /, во должина од 900 метри, со што со вода за пиење од водоводниот систем ќе се обезбедат и домаќинствата во долниот дел на селото, односно до автопатот во изградба.
Работите ги изведува ЈПКД “Дебрца”- Белчишта,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година
Nov 1, 2024
Како локална самоуправа деновиве исполнуваме едно дадено ветување,еден своевиден аманет, односно започнавме со уредување на поширокиот простор околу црквата“Св.Вартоломеј” село Годивје, со поставување на бекатон , на површина од 950 м2.
Тоа е еден наш мал придонес кон ова свето место.
Nov 1, 2024
Во село Мешеишта продолжуваме со доизградбата на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.
Општината издвои дополнителни средства од Буџетот за 2024 година , во износ од 4.188.420 денари за доизградба на уште шест канализациони краци, во вкупна должина од 750 метри и 25 ревизиони шахти.
Претходно, оваа година беа изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, и 16 ревизиони шахти, а за што беа инвестирани 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 беа обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање,Програма за животна средина за 2024 година, а 114.262 денари се од Буџетот на општината за 2024.
Според тоа,во текот на оваа година за доизградба на канализационата мрежа во село Мешеишта општината инвестира вкупно 6.802.682 денари или околу 110.000 евра.
Општината ќе издвои дополнителни средства и во Буџетот за 2025 година за доизградба на преостанатите неколку канализациони краци.