Oстварена средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода
По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес Градоначалникот Зоран Ногачески оствари средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода,кои истакнаа дека се засегнати со пуштањето на делницата,бидејќи поради неизграденоста на пристапните патишта им е оневозможена или отежната врската на нивните села,односно живеалишта со автопатот.
Како локална самоуправа ја разбираме нивната загриженост и уште еднаш апелираме до Јавното претпријатие за државни патишта,како инвеститор и изведувачите што е можно најбрзо да ги изградат помошните ,односно пристапните патишта,како би се овозможило безбеден и непречен пристап на засегнатите жители од Автопатот до нивните населени места и обратно.
Активности на ЈПКД ,,Дебрца”
JПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, испрати механизација во селото Лешани, во близина на црквата „Св. Недела“. Целта на активноста е изградба на потпорен ѕид кој ќе придонесе за заштита и стабилизација на теренот во овој дел од селото.
Ова е уште еден пример за нашата континуирана посветеност кон подобрување на инфраструктурата и безбедноста во руралните средини на општина Дебрца.
Заедно создаваме подобри услови за живот!
ЈПКД „Дебрца“, во координација со Општина Дебрца, успешно интервенираше на водоводната мрежа кај локацијата спроти аеродромот во село Горенци, каде што беше евидентиран дефект настанат при изведба на градежни активности од страна на фирмата „Синохидро“ за потребите на изградбата на автопатот.
При изведбата беше оштетен еден водоводен приклучок, со што привремено без вода остана едно домаќинство.
Интервенцијата е успешно завршена, приклучокот е саниран и редовното водоснабдување е целосно воспоставено
ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, успешно го санираше дефектот на водоводната мрежа во село Горенци, кој настана при изведба на градежни активности од страна на фирмата „Синохидро“ за изградба на автопатот.
При изведбата беа оштетени три водоводни приклучоци, со што без вода останаа три домаќинства.
Интервенцијата е завршена, приклучоците се санирани и повторно е воспоставено редовно водоснабдување.
ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, успешно изврши чистење на дивата депонија месност Бучишта во Велмеј.
ПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, денес 10.072025 изврши чистење и проширување на патот кај селото Горенци, под аеродромот во правец кон Мишелчево.
Со оваа интервенција се овозможува полесен пристап до нивите во овој дел, за нашите земјоделци да можат без проблем да пристапат со комбајни и механизација, особено сега во сезоната на жетва.
Продолжуваме со активности за подобрување на локалната инфраструктура и поддршка на земјоделството!
ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, успешно го отстрани дефектот на водоводната мрежа во село Оровник во непосредна близина кај пиланата ДрвоПром. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција, испораката на вода е нормализирана и навремено е спречено жителите да останат без вода.
Продолжуваме со посветена работа во интерес на сите жители на општината.
Општина Дебрца и оваа година како генерален покровител на турнирот во мал фудбал “Петровден 2025”, во село Мешеишта,неговото јубилејно 50 то издание
Во моментов најзначајниот спортски настан во општина Дебрца е турнирот во мал фудбал “Петровден 2025”, во село Мешеишта,неговото јубилејно 50 то издание.
Општина Дебрца и оваа година како генерален покровител ја помогна оваа спортска манифестација со 80.000 денари.
Согласно Годишната програма за спорт се и ќе бидат поддржани и други спортски манифестации во текот на 2025 година.
И во иднина максимално ќе ги помагаме спортските клубови, спортските манифестации и талентираните спортисти од општината.
Се интензивираат работите на проектот “Модернизација на јавното осветлување во општина Дебрца.”
Деновиве интензивно се работи на проектот “Модернизација на јавното осветлување во општина Дебрца.”
Во оваа фаза ќе бидат демонтирани старите улични светилки и поставени нови лед светилки, вкупно 1.200,од кои 1100 од 30 вати, 50 од 50 вати и 50 од 70 вати.
Започнавме од село Оровник и одиме по ред.
Вкупната вредност на проектните активности за набавка на светилките,демонтажа на старите и монтажа на новите светилки изнесува 5.852.918 денари ,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Со овој проект на примена на нови технологии придонесуваме за поекономично трошење на електричната енергија и поквалитетно јавно осветлување.
По поднесените проектни апликации за инфраструктурни проекти од страна на општина Дебрца Владата со одлуката за користење на средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на транспортот за 2025 година,за имплементација ги одобри следните инфраструктурни проекти
По поднесените проектни апликации за инфраструктурни проекти од страна на општина Дебрца Владата со одлуката за користење на средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на транспортот за 2025 година,за имплементација ги одобри следните инфраструктурни проекти:
Реконструкција на локален пат село Мешеишта-село Волино,проектна вредност 15.463.596 денари,
Реконструкција на улица во село Оровник,проектна вредност 10.341.614 денари и
Реконструкција на локален пат село Злести- црква Св.Богородица,одобрени средства 5.071.787 денари.За овој патен правец општината ќе дообезбеди/кофинансира уште 3.358.516 денари.

По завршувањето на постапките за јавни набавки за избор на најповолни понудувачи ќе започне реализацијата на инфраструктурните проекти.
