Select Page
Завршена е регулацијата на каналот за наводнување во село Злести

Завршена е регулацијата на каналот за наводнување во село Злести

Во село Злести завршена е регулацијата на каналот за наводнување, во должина од околу 360 метри, со што се обезбедува поекономично наводнување, а истовремено и проширување на улицата.

Вкупната вредност на работите изнесуваше 1.056.000 денари, а средствата се обезбедени од

Буџетот на општината за 2024 година.

 

Во тек е имплементација на проектот ,,Патеки на откривање”

Во тек е имплементација на проектот ,,Патеки на откривање”

Во тек е имплементација на проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а проектот е целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија.

Целта на проектот е развивање на одрлжлив еко-туризам и унапредување и заштита на животната средина.Со овој проект ќе се овозможи маркација и унапредување на планинските велосипедски патеки во општина Дебрца.

 

Општината располага со уникатни живописни планински предели  кои се предуслов за развој на алтернативните форми на Туризам  како и развојот на Планински велоспиедизам.

Во село Врбјани завршено тампонирањето на две улички, во должина од околу 120 метри

Во село Врбјани завршено тампонирањето на две улички, во должина од околу 120 метри

Во село Врбјани завршено е тампонирањето на две улички, во должина од околу 120 метри, предходно на теренот се изврши порамнување и прочистување на вегетација како и прочистување на одводен канал кој предизвикуваше проблеми на локалните жители.

 

Назначен нов ВД Директор на ЈПКД ,,Дебрца”

Назначен нов ВД Директор на ЈПКД ,,Дебрца”

Во текот на Вчерашниот ден Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески ја прифати неотповикливата оставка на директорот на ЈПКД Дебрца,Димче Андрески, на кого му изрази  благодарност за досегашната соработка и успех во неговите идни професионални ангажмани.

 

За ВД директор на јавното претпријатие е именуван Тино Секулоски дипломиран менаџер по осигурување, од редот на вработените,на кого му посакува успешно справување со сите предизвици,со кои се соочува јавното претпријатие,а во интерес на корисниците на услугите.

4 та пензионерска средба Дебрца 2024,која се одржа во манастирот “Св.Петка”,Оровник,во организација на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца

4 та пензионерска средба Дебрца 2024,која се одржа во манастирот “Св.Петка”,Оровник,во организација на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца

Градоначаникот Зоран Ногачески денес беше гостин на пензионерите, на “4 та пензионерска средба Дебрца 2024”,која се одржа во манастирот “Св.Петка”,Оровник,во организација на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца.

 

Општина Дебрца ја помогна организацијата на средбата,а преку своите годишни програми редовно ги помагаме тековните активности на Здружението.

Започна Рехабилитација на центарот во село Лактиње/корнење на стариот и поставување на нов асфалтен слој

Започна Рехабилитација на центарот во село Лактиње/корнење на стариот и поставување на нов асфалтен слој

Во село Лактиње започна  рехабилитација на центарот / корнење на стариот оштетен асфалтен слој и поставување на нов асфалтен слој.

 

Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година