Select Page
Работиме неуморно низ целата општина: Денешниот фокус е на Злести!

Работиме неуморно низ целата општина: Денешниот фокус е на Злести!

Работиме неуморно низ целата општина: Денешниот фокус е на Злести!
✅ Денес завршивме уште еден важен дел од нашиот годишен план за асфалтирање.
📍 Комплетно е реконструирана главната улица во село Злести, на потегот од сретселото до крстосницата за Белчишта и Лешани.
🛣️ Со оваа инвестиција значително ја подобруваме патната инфраструктура, придонесувајќи за поголема безбедност во сообраќајот и полесно секојдневие на мештаните.
🤝 Продолжуваме посветено да работиме на терен и да ги исполнуваме барањата на граѓаните.
💪 Чекор по чекор, заедно градиме поубава и модерна Дебрца!
Промотивно-изложбен центар во с. Требеништа

Промотивно-изложбен центар во с. Требеништа

Заедно со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев, го посетивме идниот промотивно-изложбен центар во с. Требеништа, со цел согледување на можностите за негов развој и унапредување.
Центарот ќе има значајна улога во презентацијата и промоцијата на богатото културно-историско наследство на Општина Дебрца, придонесувајќи за негова поголема видливост, зачувување и афирмација.
Mинистерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев во работна посета на Општина Дебрца

Mинистерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев во работна посета на Општина Дебрца

Денеска ми претставуваше особена чест и задоволство во работна посета на Општина Дебрца да ги пречекам министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев.
🗣️ На остварената средба разговаравме за огромниот културен и туристички потенцијал што го поседува нашиот регион.
🏛️ Посебен акцент ставивме на проектот за изградба на културно-изложбен центар во с. Требеништа, кој значително ќе придонесе за промоција на локалното наследство и развојот на туризмот.
🌿 Заедно со гостите го посетивме и Изложбениот центар за Белчишко Блато во Белчишта, простор кој на уникатен начин ги претставува богатствата на флората, фауната и нашето природното наследство.
🎨 Работната посета ја продолживме со посета на Интернационалната ликовна колонија „Дебрца“ во Белчишта, која минатата година одбележа 40-годишен јубилеј и е една од најстарите и најзначајните ликовни колонии во Македонија.
🖼️ Горди сме на оваа културна манифестација која со децении го збогатува уметничкото наследство на Дебрца, а соработката и поддршката од овие институции ни е од огромно значење.
✨ Инвестициите во културата и туризмот се вистински инвестиции во иднината!
Известување до жители на с.Мешеишта за прекин во водоснабдувањето

Известување до жители на с.Мешеишта за прекин во водоснабдувањето

Известување до жители на с.Мешеишта
Поради предизвикан дефект на главната водоводна цевка од страна на изведувачи при изградба на автопатот, ќе има прекин на водоснабдувањето денес ( 03.06.2026 година) од 16 часот до санирањето на дефектот.
ЈП за комунална дејност Дебрца
Дебрца се гради, зборот се исполнува: Нов асфалт до манастирот „Си Свети“ во с. Лешани!

Дебрца се гради, зборот се исполнува: Нов асфалт до манастирот „Си Свети“ во с. Лешани!

🚧 Дебрца се гради, зборот се исполнува: Нов асфалт до манастирот „Си Свети“ во с. Лешани!
🫡Секое враќање во моето родно Лешани буди посебни емоции, но денеска сум особено горд. Мојот пат започна токму од тука, а денешниот ден е доказ дека дадениот збор пред вас не е празна флоскула, туку моја најголема човечка и градоначалничка обврска.
🚀На само неколку дена пред 7 јуни и големата слава на манастирот „Сите Свети“, започнавме со асфалтирање на патот кој води до ова наше духовно светилиште. Оваа градежна офанзива опфаќа нова асфалтна траса во должина од 350 метри, која ја реализираме преку изведувачот АД „Илинден“ – Струга, а за која одвоивме 2.400.000 денари од годишниот општински план за асфалтирање.
👉Целта ни беше јасна – градежните работи да бидат во полн ек токму сега, во пресрет на празникот, за да обезбедиме модерен и достоинствен пристап за сите верници кои ќе го посетат манастирот.
🤝Ова е само еден патоказ за тоа како работиме. Она што го ветувам и го реализирам денес во Лешани, е моја обврска за сите села во нашата општина. Токму затоа, сакам да истакнам дека во годишниот план имаме опфатено уште 5 пристапни патишта до верски објекти низ Дебрца кои целосно ќе се реализираат оваа година. Ќе се гради насекаде, ќе се работи во секое населено место и сето она што ви го ветив, секојдневно ќе станува реалност.
❤️Патот кон поубава Дебрца го градиме секој ден.
Известување до жители на с.Мешеишта за прекин во водоснабдувањето

СООПШТЕНИЕ ЈПКД ,, Дебрца” за присилна наплата на заостанат долг по основ на комунални услуги

Се известуваат корисниците кои имаат заостанат долг по основ на комунални услуги потребно е истите да ги подмират во рок од 5 дена од денот на објавување на ова соопштение.
Доколку обврките не бидат навремено регулирани, против должниците ќе биде поведена постапка за присилна наплата согласно важечките прописи.
Ги повикуваме должниците навремено да ги регулираат своите обврски или да се обратат во јавното претпријатие во с.Мешеишта за отплата на рати, со цел избегнување дополнителни трошоци и постапки.
ЈП за комунална дејност Дебрца