Select Page
Одржана Јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Одржана Јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

 Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање  во соработка со општинa Дебрца, се одржа јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

На расправата присуствуваа Градоначалникот на општина Дебрца, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Како и Ѓоко Зороски од Здружението за еко туризам,,Еко туризам 2016 “, заедно со заинтересирани граѓани,стручна јавност и претставници на невладиниот сектор. Предлог-законот, неговото значење за заштита на природните вредности на Белчишкото Блато, како и можностите за одржлив развој на регионот преку еко-туризам и заштита на биодиверзитетот. Присутните имаа можност активно да се вклучат со свои предлози, мислења и забелешки.

Сите изнесени ставови и предлози ќе бидат разгледани и земени предвид во понатамошната постапка за донесување на законот, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе ги штити интересите на локалната заедница и природната средина.

Коментари/мислења/сугестии по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнaва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk,  најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.

Организаторите се заблагодаруваат на сите учесници за нивното активно учество и придонес кон унапредување на процесот.

Велигденски базар во Дебрца во организација на ООУ ,,Дебрца”

Велигденски базар во Дебрца во организација на ООУ ,,Дебрца”

Велигденски базар во Дебрца
Во пресрет на велигденските празници, и оваа година малите ракотворци ни се претставија со своите изработки на Велигденскиот базар.
Благодарност до вработените во Општина Дебрца, како и до сите наставници кои учествуваа во подготовките на годинешниот базар.
Купувајќи детски ракотворби, ја поддржуваме нивната креативност и оригиналност, но и им даваме поттик да продолжат да творат и да ги развиваат своите таленти.
Нека празничната атмосфера донесе радост, топлина и заедништво во секој дом.
Покана до јавноста за присуство на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Покана до јавноста за присуство на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Дебрца, Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.

Јавната расправа ќе биде организирана на 07 Април 2026  (вторник), со почеток во 11:00 – 13:15  часот во сала на состаноци во општина Дебрца.

Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).

Коментари/мислења/сугестии по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнaва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk,  најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.

Известување до населени места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Петок 10.04.2026 година

ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан дека поради неработниот ден 10.04.2026г Петок (православен празник Велики Петок, петок пред Велигден), комуналниот отпад ќе се подигне во Четврток на 09.04.2026г.
Реконструкцијата на оградата на мини игралиштето во училиштето во с. Горенци

Реконструкцијата на оградата на мини игралиштето во училиштето во с. Горенци

Со реконструкцијата на оградата на мини игралиштето во училиштето во с. Горенци, значително ја унапредуваме безбедноста на учениците и обезбедуваме посигурен простор за нивна игра и спортски активности.
🏫 Оваа интервенција е од особена важност за родителите и наставниот кадар, бидејќи создава услови децата безгрижно да го користат игралиштето во рамки на училиштето.
⚽ Нашата заложба е да инвестираме во подобри услови за младите, поттикнувајќи здрав развој, физичка активност и безбедна средина за секое дете.
🤝 Продолжуваме да работиме во интерес на сите жители на Општина Дебрца, слушајќи ги нивните потреби и реализирајќи проекти што носат реални придобивки.
Започна со чистење речното корито на Сатеска кај Бел Мост- Волино

Започна со чистење речното корито на Сатеска кај Бел Мост- Волино

🚜 Започнавме со чистење на речното корито на Сатеска кај Бел Мост, како дел од нашите континуирани активности за заштита од поплави.
🚛 Во тек е и расчистување на дивите депонии, кои со години претставуваат сериозен проблем и негативно влијаат врз животната средина.
⚠️ Посебно внимание посветуваме на сите критични точки долж реката, со цел навремено да се спречи ризикот од прелевање и евентуални штети.
🌱 Нашата цел е чиста, безбедна и уредена општина Дебрца – место каде што природата се почитува и штити.
🙏 Апелираме до сите граѓани да бидат одговорни и заедно да придонесеме за почиста и поздрава околина.