Mar 11, 2025
Општина Дебрца во соработка со Rupicapra MTB Adventure team започна со подготовка за одржување на Вело настан на падините на Славеј Планина на 13-Април 2025 година со почеток во 10:00 часот старт село Лактиње, љубителите на велосипедизмот и планините ќе имаат можност да ја разгледаат убавината на Славеј Планина и селата во нејзините падини.
Настанот Славеј Планина МТБ тура 2025 е без котизација,а за учесниците обезбедени се бесплатни освежителни пунктови,вода,сок,енергетски барови,благо,овошје,магнезиум,ручек…
Повеќе детали за настанот можноста за пријавување и детали околу патеката на следниот Линк:
Пријавете се на: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf8pnL12er14qAfiqq0p6tfCuHZ84MiLzARA0_IkSINS4RhgA/viewform
и бидете дел од авантурата!
Детали околу патеката:
https://www.google.com/maps/d/viewer…
Mar 10, 2025
Денес присуствував на свеченоста по повод одбележувањето на јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија и ОО Црвен крст Охрид.
На свеченоста од страна на Претседателот на Црвениот Крст Ромел Велев,во име на општина Дебрца ја примив јубилејната плакета за долгогодишната соработка и остварување на целите на Црвениот крст .
Во моето пригодно обраќање посебно го потенцирав следното:
Како градоначалник на општина Дебрца ми претставува огромна чест што сум дел од ова одбележување,80 години Црвен Крст на Република Македонија, 80 години хуманост, солидарност и посветеност.
Во оваа прилика, сакам да го истакнам значењето на оваа организација, која низ годиниве покажала дека хуманоста нема граници.
Во најтешките мигови, за време на природни катастрофи, во моменти на социјални и здравствени кризи – активистите на Црвениот Крст секогаш се први на теренот.
Горд сум што Општина Дебрца има долгогодишна и плодна соработка со Црвениот крст.
Заедно организиравме бројни хуманитарни акции, поддржавме семејства во социјален ризик, охрабривме голем број крводарители, спроведовме едукативни програми,превентивни здравствени прегледи и др.
Посебно сакам да ја потенцирам соработката со Црвениот крст Охрид Планинската Спасителна служба ,со кои во рамките на Програмата на ЕУ за прекугранична соработка Македонија-Албанија го имплементираме проектот за зимски авантуристички туризам,со акцент на неговата безбедност.

Плакетата која ја примив не е само моја заслуга, туку е дело на сите активисти и волонтери кои во изминатите години учествувале во реализација на активностите на Црвениот крст во општина Дебрца.
Ја примам како признание, но и како обврска – да продолжиме со уште поголема енергија во градењето на заедница во која никој нема да биде заборавен.
На сите волонтери, активисти, медицински тимови и сите кои ја носите оваа мисија во срцето – Ви се заблагодарувам.
Ќе останеме ваш партнер во градење на едно похумано и поправедно општество.
Нека ни е честит 80-годишниот јубилеј на Црвениот крст!
Mar 10, 2025
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 44-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 44–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 14.03.2025 година (петок), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 41-та седница на Советот на општина Дебрца
- Усвојување на записник од 43-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2024 година
- Предлог – Одлука за престанок на важење на Одлуката за отстапување на канцеларија на недодредено време без надоместок на Центарот за социјална работа за администртирање на правата од областа на социјалната заштита и заштита на децата – Охрид
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Крсте Јорданоски
Feb 28, 2025
Деновиве во едукативна посета на Белчишко Блато и центарот за посетители на Белчишкото Блато во село Белчишта, посетители ни беа гостите од од Турција во рамките на Еразмус програмата каде им беа презентирани дел од етнолошкото и природното богатство на општина Дебрца.Посетата беше организирана од страна на здружението ,,Екотуризам “ од Охрид во соработка со Младински Центар Охрид.

Воедно се одржа и Едукативна посета на Белчишко Блато и центарот за посетители, со учениците од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид и РЦСОО “Ванчо Питошески”- Охрид, со цел јакнење на свеста на младите за значењето на блатните екосистеми и биолошката разновидност во нашето опкружување. Борбата против климатските промени е прашање на нашиот опстанок, а Зелената агенда е начин да се спроведе и да се приспособиме на променетите климатски услови. Зелената агенда за Западен Балкан се состои од 5 столба: 1) Декарбонизација: климатска акција, зелена енергија и одржлив транспорт 2) Циркуларна економија 3) Борба против загадувањето 4) Одржливо производство на храна и одржливи рурални средини и 5) Биодиверзитет: Заштита и реставрација на природата и екосистемите.

Посетата се одржа во рамки на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда за Западен Балкан на локално ниво“, имплементиран од Центар за климатски промени и партнерските организации Eco-Green Movement, Berovo, Регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ – Битола, Екотуризам Охрид / Ecotourism Ohrid Младинска организација Креактив, Foundation for Local and IT Development- Gevgelija, National Roma Centrum и Eco Action Tetovo, а е финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas
Feb 28, 2025
Привршуваат работите на реконструкција на локалниот пат село Злести-село Белчишта врска со регионален пат Ботун- Брежани. За реализација на проектот од Владата,преку Министерството за транспорт и врски на општина Дебрца се одобрени 8.627.682 денари, а 1.617.654 денари се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Во активностите за реконструкција беше извршено прочистување на вегетација, геодетско обележување на траса, ископ, поставување на тампон, поставување на цевки за одводнување ископ на канали за одводнување, поставување на асфалт и банкини.

Реконструкцијата на овој локален пат ќе допринесе за побрз прокток на возила и поврзување на двете села со што се олеснува пристапот до село Злести.
Feb 24, 2025
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 43-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 43–та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 28.02.2025 година (петок) , со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 42-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година
- Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Одлука за прифаќање на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините : Новаци, Прилеп, Битола, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебрца и Македонски Брод
- Предлог – Решение за именување членови на заедничка комисија за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините : Новаци, Прилеп, Битола, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебрца и Македонски Брод
- Предлог – Одлука за усвојување на Записникот од извршениот попис на побарувањата, обврските и каса за 2024 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Годишна програма за изработка на Урбанистички планови за Општина Дебрца во 2025 година
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изграден објект со намената на земјиштето
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседавач,
Крсте Јорданоски