Nov 11, 2024
Со полагање свежо цвеќе, историски час и посета на Спомен собата, денес во село Сливово се одбележа 81 година од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада , на 11 Ноември 1943 година.
Градоначалникот Зоран Ногачески во своето обраќање пред присутните истакна.
Македонија е држава која е родена на придобивките на НОБ,олицетворени преку историските одлуки на АСНОМ, во 1944 година ,кои практично претставуваат остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност.
Тие придобивки во голема мера се исковани во Дебрца, првата слободна територија во НОБ, која жестоко се спротивставила на фашизмот.
Затоа, наша и на идните генерации света должност е тие придобивки да ги чуваме и негуваме, бидејќи на тој начин си ја чуваме државата.

Денешниот ден е и Патронен празник на ООУ “Дебрца” – Белчишта,а учениците и наставниците по тој повод со пригодна свеченост под мотото “ Ах љубов, сладок сон”го одбележаа патрониот празник.
Nov 7, 2024
Деновиве во село Арбиново се работи на проширување на уличната водоводна мрежа,односно изградба на доводен крак / ископ на каналски ров и монтажа на полиетиленско црево за водоснабдување ф 63 /, во должина од 900 метри, со што со вода за пиење од водоводниот систем ќе се обезбедат и домаќинствата во долниот дел на селото, односно до автопатот во изградба.
Работите ги изведува ЈПКД “Дебрца”- Белчишта,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година
Nov 6, 2024
Ве известуваме дека на ден 08.11.2024 ќе се спроведи теренска вакцинацинација против сезонски грип во селата:
с. Идеглавје во 14:00h
с. Слатино во 14:30h
с. Оздолени во15:00h
с. Велмеј во 15:30h
с. Лешани во училиштето во 16:30h
с. Белчишта во училиштето во 17:00h
с. Ботун во 17:30h
Доколку во некое од селата има непокретни болни лица да се пријават за вакцинација на тел.071 366 564.
Nov 1, 2024
Како локална самоуправа деновиве исполнуваме едно дадено ветување,еден своевиден аманет, односно започнавме со уредување на поширокиот простор околу црквата“Св.Вартоломеј” село Годивје, со поставување на бекатон , на површина од 950 м2.
Тоа е еден наш мал придонес кон ова свето место.
Nov 1, 2024
Во село Мешеишта продолжуваме со доизградбата на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.
Општината издвои дополнителни средства од Буџетот за 2024 година , во износ од 4.188.420 денари за доизградба на уште шест канализациони краци, во вкупна должина од 750 метри и 25 ревизиони шахти.
Претходно, оваа година беа изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, и 16 ревизиони шахти, а за што беа инвестирани 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 беа обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање,Програма за животна средина за 2024 година, а 114.262 денари се од Буџетот на општината за 2024.
Според тоа,во текот на оваа година за доизградба на канализационата мрежа во село Мешеишта општината инвестира вкупно 6.802.682 денари или околу 110.000 евра.
Општината ќе издвои дополнителни средства и во Буџетот за 2025 година за доизградба на преостанатите неколку канализациони краци.
Oct 28, 2024
Вчера во Владата Градоначалникот Зоран Ногачески присуствуваше на склучување на договор за користење на финансиски средства од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините.
Во рамките на Јавниот повик на Владата општина Дебрца аплицираше со проектот за реконструкција на општинскиот пат село Злести- село Белчишта / делница 2 /,во должина од 1400 метри.
За реализација на проектот од Владата,преку Министерството за транспорт и врски на општина Дебрца се одобрени 8.627.682 денари.
По спроведување на тендерската постапка проектот ќе се имплементира.