Извршена дератизација на канализационите системи
Во текот на Вчерашниот ден се изврши и последната фаза од процесот на спроведување на програмата за заштита на населението од заразни болести, се изврши дератизација на канализационите системи во општината.
Во процесот на дератизација беа опфатени 920 шахти во населените места, Белчишта, Регионален колектор од село Мешеишта до Оровник, село Мешеишта, село Волино, Село Горенци и село Оровник.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца.
Завршена е реконструкцијата на објектот на месната заедница (поранешна продавница) во село Ботун.
Со реконструкцијата се изврши промена на кровот,промена на старата дрвена дограма со нова ПВЦ дограма, изградба на санитарни чворови, промена на електрична и водоводна инсталација,поставување на ново осветлување во објектот, целосно уредување на внатрешните простории и подови.
Вкупната вредност на работите изнесуваше 2.022.225 денари, кои се обезбедија од Буџетот на општината за 2024 година.
Интензивно се работи на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта
Се интензивираат работите на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта/ 2 фаза.
Во оваа фаза се реконструира големата сала,која ќе се преуреди во мултифункционален простор за одржување на собири,трибини,свечености други настани.
Се реконструираат долниот спрат и санитарните чвори,се поставуваат нови врати и молерисување на административните простории,ИТ инсталацијата, како и фасадата од северната и западната страна и други активности.
Вредноста на работите изнесува околу 5,5 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион,Програма за рамномерен регионален развој за 2024 година.
Монтиранa нова вертикална центрифугална пумпа за водоснабдување на село Мешеишта
Деновиве се извршени зафати во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта,чија цел е да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија.
Монтирани се нова вертикална центрифугална пумпа и командна табла,кои по извршено тестирање се очекува да бидат ставени во функција.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Мапирани велосипедски патеки во Општина Дебрца со проектот ,,Патеки на Откривање”
Со проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија деновиве се изврши мапирање на велосипедски патеки во Општина Дебрца, со кој се овозможува на љубителите на планинскиот велосипедизам и љубители на планинарење по падините на планините во општина Дебрца олеснет пристап за нивно откривање, како и безбедно започнување и пристигнување по обележана велоспиедска патека.
Во прилог Линк од велосипедските патеки како и QR-кодови за полесен пристап до самите апликаци (мапи).

