Feb 21, 2023
Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Дебрца објавува :
КОНКУРС
за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2022/2023 година
I.ВОВЕД
Општина Дебрца за учебната 2022/2023 година ќе додели стипендии на одлични ученици од општина Дебрца, запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.
- II. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
1.да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале континуиран одличен успех;
2.да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
3. да не повторувале година во текот на образованието;
4.да имаат континуирано примерно поведение;
- да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
- да се државјани на Република Македонија и жители на општина Дебрца.
Критериум за доделување на стипендиите се:
-остварениот успех,
-освоени награди на меѓународни/државни натпревари освоени во текот на претходните две учебни години за учениците од прва година, односно во текот на претходната учебна година за учениците од II, III и IV година.
III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:
- 1. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2022/2023 година;
- Фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
- Фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;
- Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
- Изјавапотпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
- Изјава потпишана од родител-старател за користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува Општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка.
- IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Пријавата со потребните документи, учениците треба да ги достават во рок од 15 работни дена, а најдоцна до 07.03.2023 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик, со назнака: „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски стипендии“.
- ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500,00 денари месечно, за девет месеци во текот на учебната година.
VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:
-некомплетна и/или
-ненавремено доставена.
Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до 20.03.2023 година на интернет страницата на Општина Дебрца.
Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.

Конкурс-ученички стипендии (комплетна документација)
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Зоран Ногачески
Dec 26, 2022
Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 ,119/16, 21/18, 113/18, 124/19 и 103/21 ) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2023 година, број 01-2222/13 , од 14.11.2022 година, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи
1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 3 општи работници ( ракувачи со моторна пила, тример, косачка за трева и секач на огревно дрво ), за времетраење до 31.12.2023 година, за извршување на јавни работи и тоа –Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта, монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта, развој на селските подрачја и други работи),Сеча, утовар и транспорт на огревно дрво– кое на општина Дебрца и е донирано, согласно договор склучен со Јавно претпријатие за државни патишта.
- 2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.
Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно член 83, 84 и 85 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 750 денари дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.
3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
-Пријава и
-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.
4.Огласот трае пет дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk , односно до 30.12.2022 година.
5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Зоран Ногачески

Пријава за Јавни Работи 2022 година, Општина Дебрца
Dec 15, 2022
На денешната 15-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 7 (седум) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2023 година и Годишните развојни програми на општината за 2023 година.
На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2023 година.
Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2023 година е проектиран на износ од 113.000.000 денари.
Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.
На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.
Во буџетот за 2023 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.
Dec 13, 2022
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 14-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 15–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 15.12.2022 година (четврток), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 14-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Буџет на ЕЛС Дебрца за 2023 година
- Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Дебрца за 2023 година
- Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2023 година
- Предлог – Одлука за усвојување на програми за развој
- Предлог – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на односите со јавноста, комуникациите и меѓународната соработка во 2023 година
- Предлог – Годишна програма за одржување на јавната чистота на подрачјето на општина Дебрца за 2023 година
- Предлог – Одлука за распишување јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за членови на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта
- Предлог – Решение за формирање комисија за селекција на кандидати за членови на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца – Белчишта
- Предлог – Програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2023 година
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски
Dec 6, 2022
Врз основа на член 81 став 8 од Законот за животна средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 44/2015, 129/2015, 9/2016 и 99/2018) Министерството за животна средина и просторно планирање донесе РЕШЕНИЕ со кое се утврдува потребата од оценка на влијание на проектот: ‘’Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито’’. Решението може да се симне тука.