Select Page
СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид на  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-100 и дел од КП 847, КО Горенци, Општина Дебрца

СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-100 и дел од КП 847, КО Горенци, Општина Дебрца

Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25 и 101/25), Градоначалникот на Општина Дебрца, го дава следното:

 

СООПШТЕНИЕ

за спроведување на јавен увид на

 Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-100 и дел од КП 847, КО Горенци, Општина Дебрца

 

Член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Дебрца дека се организира Јавен увид по Урбанистички план (УП) вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-100 и дел од КП 847, КО Горенци, Општина Дебрца, со тех. бр. 04-30/2025 од мај/2025 год., изработен од Друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ – Скопје.

Член 2

Проектниот опфат на Урбанистички план (УП) вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-100 и дел од КП 847, КО Горенци, Општина Дебрца, е опфатен во рамките на опфатот за кој се издадени Услови за планирање на просторот за изработка на Урбанистички план за село Горенци, КО Горенци, Општина Дебрца со тех.бр. Y21716 од февруари/2019 год., и Решение за Условите за планирање на просторот издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање со арх. бр. УП1-15 193/2019 од 19.03.2019 год.

 

Површина на проектен опфат: 262,29м2 или 0,026ха

 

Проектниот опфат е дефиниран со делови од катастарските парцели во КО Горенци, Општина Дебрца, кој е дефинира со следните Кординати:

 

Точка X Y
1 7479867.3 4560965.0
2 7479868.6 4560965.7
3 7479868.5 4560968.4
4 7479869.0 4560970.2
5 7479868.8 4560974.5
6 7479868.6 4560977.1
7 7479868.1 4560979.4
8 7479867.8 4560990.5
9 7479867.5 4560999.4
10 7479867.5 4561000.6
11 7479868.3 4561010.8
12 7479868.4 4561013.0
13 7479868.6 4561014.9
14 7479870.0 4561033.7
15 7479870.3 4561035.2
16 7479873.5 4561033.1
17 7479871.0 4561000.4
18 7479871.3 4560989.8
19 7479871.6 4560979.5
20 7479872.0 4560978.5
21 7479872.5 4560970.4
22 7479873.5 4560967.4
23 7479877.9 4560963.2

 

 

ЈАВЕН УВИД

На Урбанистички план (УП) вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-100 и дел од КП 847, КО Горенци, Општина Дебрца, со тех. бр. 04-30/2025 од мај/2025 год., изработен од Друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ Скопје, ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Дебрца https://www.debrca.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 17.06.2025 год. до 01.07.2025 год., за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот во просториите на Општина Дебрца, Одделение за урбанизам, комунални и јавни дејности.

 

Со Почит,

 

Изготвил,

дипл.инж.арх. Игор Мартиноски

 

 

 

                                                                                            ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                              Зоран Ногачески

Завршена е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на ООУ “Дебрца” Белчишта

Завршена е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на ООУ “Дебрца” Белчишта

Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца завршена е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на ООУ “Дебрца” Белчишта.

Поставена е нова асфалтна подлога,на површина од 998 м2.

Средствата во износ од 1.426.226 денари се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.

Активно се чисти крајпатната вегетација

Активно се чисти крајпатната вегетација

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД „Дебрца“ Започнаа активности за прочистување на јавни површини и крајпатна вегетација на територија на општината, за овие активности е ангажирана механизација на Општина Дебрца и ЈПКД „Дебрца” како и човечки капацитети. Оваа активност е дел од редовното одржување на јавните површини и има за цел да обезбеди чист и  попријатен престој на јавните површини и безбедност на учесниците во сообраќајот.

Упатуваме апел до жителите да не се поставуваат материјали и хаварисани возила, особено на крајпатните површини како безбедно би можеле да извршиме чистење на вегетација без оштетување на механизацијата.

Пролетна акција за уредување на патната инфраструктура во општина Дебрца

Пролетна акција за уредување на патната инфраструктура во општина Дебрца

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД „Дебрца“, започна акција за пролетно уредување и одржување на патната инфраструктура во сите населени места на територијата на општината.

Акцијата ја изведува ЈПКД „Дебрца“ со механизирано косење со трактор покрај патиштата.

Досега се завршени активностите во следниве населени места:

Оровник

Горенци

Требништа

Волино

Мешеишта

Акцијата продолжува по следниот редослед:

Климештани

Ботун

Белчишта

Злести

Лешани

Велмеј

Горно Средорече

Долно Средорече

Гркополе

Ново Село

Песочан

Црвена Вода

Издеглавје

Слатински Чифлик

Слатино

Оздолени

Сошани

Арбиново

Лактиње

Годивје

Врбјани

Сливово

Мраморец

Турие

Брежани

Заедно придонесуваме за почиста, побезбедна и поуредена средина!

Добиени средства од Министерството за локална самоуправа преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион за набавка на опрема за чистење на канализациони системи

Добиени средства од Министерството за локална самоуправа преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион за набавка на опрема за чистење на канализациони системи

На јавниот повик за доделување на средства за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година,објавен од Министерството за локална самоуправа општина Дебрца преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион аплицираше за набавка на опрема за чистење на канализациони системи.

Со одлука на Владата на Центарот за развој на Југозападниот плански регион се доделени 1.200.000 денари за набавка на наведената опрема за потребите на ЈПКД Дебрца Белчишта.

Набавката на опремата ќе придонесе за јакнење на капацитетите на ЈПКД Дебрца.

Остварена средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија

Остварена средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија

Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески и  претседателот на советот на општината, Крсте Јорданоски остварија средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.

На средбата присуствуваа и претставници на Противпожарната единица од Охрид,со командирот Борко Јанкулоски.

На средбата беше потецирана и потребата од активно функционирање на волонтерска служба за противпожарна заштита, односно доброволно противпожарно друштво во општина Дебрца,практика која е многу успешно применета во областа на противпожарната заштита во развиените држави.

Во тој контекст, стана збор и за доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ кое брои 25 лица и веќе активно делува во Охрид,а има неопходна потреба од функционирање и на територијата на општина Дебрца.

Од страна на гостите беше потенцирано дека општината треба да се заложи да обезбеди просторни услови за друштвото и волонтери,а тие ќе помогнат да се обезбедат опрема и обуки за волонтерите.

Се надеваме дека оваа средба ќе биде почеток на успешна соработка во иднина.