Select Page
КОНКУРС  за доделување стипендии на редовни ученици запишани во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија

КОНКУРС за доделување стипендии на редовни ученици запишани во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија

 

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа „(Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 39 став 1 точка 9 од Статутот на Општина Дебрца, како и Правилникот за доделување стипендии на редовни ученици запишани во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, број 01-342/1 од 12.03.2026 година, Градоначалникот на општина Дебрца објавува:

 

КОНКУРС

за доделување стипендии на редовни ученици запишани во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија

  1. Воведни напомени

Општина Дебрца доделува стипендии на редовни ученици од општина  Дебрца запишани во јавните и приватните средни училишта во Република С. Македонија. Ученичките стипендии се доделуваат со цел поттикнување на образованието и постигнување високи резултати во учењето, поддршка на талентирани ученици,  поддршка на ученици кои потекнуваат од социјално ранливи семејства, поддршка на ученици со ретки болести и ученици со посебни потреби.

Стипендиите се доделуваат за 9 (девет) месеци во текот на една учебна година.

Износот на стипендијата изнесува 2.500,00 денари месечно.

Стипендиите се доделуваат во три категории:

А) Стипендии за ученици со висок успех во студирањето;

Б) Стипендии за ученици кои потекнуваат од социјално ранливи категории на семејства;

В) Стипендии за ученици со ретки болести и ученици со посебни потреби.

Стипендиите се неповратни.

А) Стипендии за ученици со висок успех во студирањето;

Право на стипендија за успех имаат ученици кои ги исполнуваат следните услови:

 да се редовни ученици во средно училиште;

  1. да се жители на општина Дебрца;
  2. да не повторувале година во текот на школувањето;
  3. да не се корисници на друга стипендија;
  4. да имаат постигнато висок успех во учењето.

 Минималниот просечен успех за добивање стипендија за успех изнесува:

– континуиран одличен успех од претходните години;

– за учениците од I година да имаат континуиран одличен успех во текот на Основното образование ;

 Начин на пријавување

 Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk или да го подигнат во пријавницата на Општина Дебрца.

Со пријавата потребно е да ги достават следните документи:

1.Копија од извод од матичната книга на родени;

2.Копија од трансакциска сметка;

3.Потврда дека е редовен ученик во учебната 2025/2026 година ;

4.Копија од Свидетелства од претходните завршени години на образование ( кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI до IX одделение) ;

  1. Фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и меѓународни натпревари ;
  2. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити

7.Изјава од родител – стартел дека ученикот не е корисник на друга стипендија;

  1. Изјава потпишана од родител – старател за обработка на личните податоци.

 

Б) Стипендии за ученици кои потекнуваат од социјално ранливи категории на семејства;

Право на стипендии за редовни ученици кои живеат во потешки социјални услови, имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:

  1. да се жители на општина Дебрца;
  2. да се редовни ученици во средно училиште;
  3. да живеат во потешки социјални услови (со вкупни примања во семејството од максимум две минимални плати) – (ученици кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран родител, без родител, од семејства кои се социјални случаи – приматели на еднократна или постојана парична помош, ученикот од прва линија во семејството има лице со посебни потреби или ретки болести);
  4. да не се корисници на стипендија од други институции;

Минималниот просечен успех за добивање стипендија за успех изнесува:

– најмалку континуиран добар успех, или- континуиран многу добар успех во од VI до IX одделение за учениците од прва година.

Начин на пријавување

Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk или да го подигнат во пријавницата на Општина Дебрца.

Со пријавата потребно е да ги достават некој од следните документи: (согласно категоријата по која аплицираат)

  1. Копија од извод од матичната книга на родени;
  2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2025/2026 година
  3. Копија од трансакциска сметка;
  4. Копија од Свидетелства од претходните завршени години на образование ( кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI до IX одделение) ;
  5. Потврда за висината на примања (Годишна пријава) на сите членови на семејството на ученикот издадена од УЈП;
  6. Копија од извод на умрени за ученици од самохран родител или без родители, Копија од Решение од Суд за развод на брак за ученик од самохран родител;
  7. Копија од потврда дека семејството е корисник на социјална помош;
  8. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити
  1. Изјава од родител – стартел дека ученикот не е корисник на друга стипендија;
  1. Изјава потпишана од родител – старател за обработка на личните податоци.

 

В) Стипендии за ученици со ретки болести и ученици со посебни потреби;

Право на стипендии за редовни ученици со ретки болести и ученици со посебни потреби, имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:

  1. да се жители на општина Дебрца;
  2. да се редовни ученици во средно училиште;
  3. да имаат медицинска документација или потврда од надлежна здравствена институција за ученици со ретки болести;
  4. решение или медицинска документација за утврден степен на попреченост за ученици со посебни потреби.
  5. да не се корисници на стипендија од други институции;

Минималниот просечен успех за добивање стипендија за успех изнесува:

– најмалку континуиран добар успех, или- континуиран многу добар успех во од VI до IX одделение за учениците од прва година.

 Начин на пријавување

Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk или да го подигнат во пријавницата на Општина Дебрца.

Со пријавата потребно е да ги достават некој од следните документи: (согласно категоријата по која аплицираат)

  1. Копија од извод од матичната книга на родени;
  2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2025/2026 година
  3. Копија од трансакциска сметка;
  4. Копија од Свидетелства од претходните завршени години на образование ( кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI до IX одделение) ;
  5. Дијагноза утврдена од надлежна здравствена институција со која се евидентирани во Регистарот на лица со ретки болести во Република Северна Македонија;
  6. Соодветно решение или медицинска документација издадена од надлежна институција за Студенти со посебни потреби (лица со попреченост).
  7. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити
  1. Изјава од родител – стартел дека ученикот не е корисник на друга стипендија;
  1. Изјава потпишана од родител – старател за обработка на личните податоци.

Конкурсот се објавува на огласна табла во општината и на ВЕБ страната на општината.

Конкурсот трае 20 дена од денот на објавување, односно најдоцна до 04.04.2026 година.

Пријавите со потребните документи, учениците треба да ги достават по пошта, на адреса : Општина Дебрца, 6344 село Белчишта, во затворен плик , со назнака : „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување на ученички и студентски стипендии “ или лично во архивата на општина Дебрца.

Ранг листата со избраните кандидати ќе биде објавена на :  www.debrca.gov.mk

  1. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Со секој ученик на кој му е доделена стипендија ќе биде склучен посебен Договор во кој подетално ќе се уредат начинот и условите за користење на стипендијата.

На ученикот кој ќе даде лажни податоци поврзани со остварувањето на правото на стипендија ќе му биде раскинат Договорот за користење на стипендијата, а исплатените средства е должен да ги врати на општината.

 

Прилог:Пријава и Изјави

                                                                                                            Градоначалник

                                                                                                          Златко Сиљаноски

ЈАВЕН ПОВИК  ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА Б КАТЕГОРИЈА

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА Б КАТЕГОРИЈА

ОПШТИНА ДЕБРЦА

 

 

Врз основа на член 22 став 1 точка 13 и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 15 став 1 точка 13 од Статутот на Општина Дебрца („Сл. гласник на општина Дебрца“ бр. 3/2005), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА Б КАТЕГОРИЈА

 

           ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 

Преку мерката за субвенционирање на дел од трошоците за полагање на возачка дозвола Б категорија општина Дебрца има намера да помогне на младите жители од општината да го завршат полагањето на практичниот и теоретскиот дел од испитот за возачи и со тоа да се стекнат со возачка дозвола од Б категорија. Имајќи ја во предвид економската состојба и можностите на жителите, оваа мерка директно е насочена кон младите луѓе и нивните семејства од една страна и зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на појавата на управување на моторно возило без да се поседува соодветна возачка дозвола од друга страна.

Согласно законската регулатива а во согласност со донесената програма за локален економски развој на општина Дебрца за 2026 година, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика на силна финансиска поддршка за младите луѓе и активно ги следи и работи на остварување на нивните потреби.

 

 ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

 

Млади луѓе, жители на општина Дебрца кои во моментот на поднесување на барањето за субвенционирање не навршиле 21 година;

 

 НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

 

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на барање кое се подигнува од Архивата на општина Дебрца или од веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk;

Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт: Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за: „Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за полагање на возачка дозвола Б категорија“  – лично во архивата на Општина Дебрца.

Јавниот повик ќе трае од 01.01.2026 година во текот на целата година.

Во прилог на пријавата барателите се должни да ја обезбедат и следнава

документација:

  1. Копија од лична карта;
  2. копија од фискална сметка за извршена уплата во автошкола;
  3. Копија од новоиздадена возачка дозвола;
  4. Копија од трансакциска сметка;

 

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

 

Мерката е наменета за сите жители на општина Дебрца кои во моментот на аплицирање не навршиле 21 година без оглед на нивниот социјален статус и економската состојба на семејството и се исплаќа еднократно по 20.000 денари по апликант по завршен процес на полагање на возачки испит за Б категорија.

 

             ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК

 

Одобрените барања за финансирање ќе се обработуваат и исплаќаат тековно веднаш после поднесено барање а заради транспарентност на процесот ќе бидат јавно објавени на веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk, на крајот од 2026 година. Средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за локален и економски развој на општина Дебрца за 2026 година.

 

             ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

 

            Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286-855.

 

Прилог:барање возачки

 

 

 

 

                                                                                                    ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                        Градоначалник

                                                                                                     Златко Сиљаноски

Дедо Мраз во посета на најмладите жители во општина Дебрца

Дедо Мраз во посета на најмладите жители во општина Дебрца

Денес Дедо Мраз под елката ни остави многу пакетчиња и донесе радост за сите најмлади во Дебрца!

Насмевки, радост и среќа за најмладите жители, кои уживаа во секој момент.

Ресторан Орфеј ни донираше 250 пакетчиња за дечињата, со љубов и внимание.

Ова е уште еден доказ дека заедно можеме да создадеме убави и топли моменти за нашите најмали.

Голема благодарност до Ресторан Орфеј за поддршката и грижата кон нашите деца.

Ви посакуваме среќни празници, исполнети со радост и насмевки!

 

Одржан новогодишен базар со креативни изработки, подготвени од учениците од ООУ ,,Дебрца”

Одржан новогодишен базар со креативни изработки, подготвени од учениците од ООУ ,,Дебрца”

Градоначалникот Златко Сиљаноски присуствуваше на предновогодишната приредба во централното училиште во с. Белчишта.
Во прекрасна празнична атмосфера, учениците и наставниците ни приредија исклучително убава и разиграна програма – со песна, рецитации, глума и многу детска радост.
Посебен впечаток остави и новогодишниот базар со креативни изработки, подготвени од учениците на предновогодишните работилници – доказ за нивната вредност, трудољубивост и талент.
Им благодарам на наставниците, учениците и родителите за поканата и топлиот пречек. На сите им посакувам многу здравје, радост и успех во Новата 2026 година! 🎉
Општина Дебрца секогаш ќе стои зад образованието и младите.
Изгласан Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година

Изгласан Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година

На денешната седница на Советот на Општина Дебрца, советниците го изгласаа Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година, со што се создаваат услови за непречено функционирање на општината и реализација на планираните активности и проекти.

Вкупниот проектиран буџет за 2026 година изнесува 202 милиони денари, од кои околу 88.146.663 милиони денари се предвидени за реализација на капитални и развојни проекти.

Буџетот е креиран со цел обезбедување финансиска стабилност и поддршка на приоритетните области, меѓу кои се: локалната инфраструктура, образованието, социјалната заштита, животната средина, спорт, култура и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Општина Дебрца ќе продолжи со одговорно и транспарентно управување со јавните финансии, во интерес на сите жители на општината.

ВКЛУЧИ СЕ– КРЕИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ЗА 2026

ВКЛУЧИ СЕ– КРЕИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ЗА 2026

Почитувани граѓани,

 

Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2026 година.

Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.

Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст.

Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.

Во рамките на процесот ќе бидат одржани и посети по населени места каде јавноста навремено ќе биде информирана за посета на населените места и локациите за собири, ги повикуваме сите граѓани на општина Дебрца, да дадат свој предлог, идеа, мислење.

Предлозите може да се доставуваат и електронски преку пополнување на формуларот во прилог.

Секој пополнет формулар и секоја идеа ќе биде темелно прегледани од нашите вработени и предлозите за нови проекти ќе бидат земени во предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2026 година.

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ДЕБРЦА 2026

    Ве молиме изберете во која област припаѓа вашиот предлог/идеја.
  • Ве молиме во кратки црти објаснете ја вашата предлог идеја/проект
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваш контакт број.
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваша е-маил адреса