May 30, 2026
Општина Дебрца – горд домаќин на настан кој ги спојува традицијата, верата и младоста!
Во прекрасниот и духовен амбиент на манастирот „Св. Недела“ во селото Оровник, синоќа имавме чест да бидеме домаќини на еден навистина исклучителен настан. Се одржа свечена промоција и проекција на филмот „Приказна за една охридска свадба“, како и презентација на проектот „Светлина на верата“.
Овие значајни дела се реализирани од талентираните ученици од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, под менторство на професорките Маја Цветанова Терзиоска и Андријана Паскали, а претставуваат успешен заеднички проект поддржан од Општина Дебрца и Општина Охрид.


Филмот на прекрасен начин ја оживеа богатата традиција и обичаите на охридската свадба, додека проектот „Светлина на верата“ нè потсети на непроценливата духовна вредност на нашето православно наследство.
На наше огромно задоволство, свој благослов и присуство на настанот даде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, придружуван од потесниот круг на свештенството од Митрополијата.

На свеченоста присуствуваа и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, дел од администрацијата на Општина Охрид и Општина Дебрца, како и вие – нашите почитувани сограѓани од Дебрца кои дојдовте во навистина огромен број!
Вечерта беше збогатена со прекрасна културно-уметничка програма во која настапија културно-уметнички друштва од Охрид и Дебрца, млади уметници и музички ветерани.

Овој настан уште еднаш ја потврди важноста на вложувањето во младите и нивното активно вклучување во зачувувањето на нашите корени, преку проекти кои ги поврзуваат традицијата, образованието и современиот креативен израз.
Продолжуваме да ја негуваме нашата култура и традиција!

May 27, 2026
Со особена чест и задоволство Ве покануваме да присуствувате на настанот „Светлина на верата“, во чии рамки ќе се одржи и промоција на филмот
🎬 „Приказна за една Охридска свадба“.
Настанот има за цел да ја доближи духовната и културната традиција, како и богатото наследство на охридскиот крај преку уметност, музика и филмска приказна.
📅 Датум: 30.05.2026 (сабота)
🕖 Време: 19:00 часот
📍 Локација: Манастир „Св. Недела“ – Оровник
Во рамки на програмата се предвидени: • Отворање на настанот
• Презентација на проектот „Светлина на верата“
• Музички дел
• Премиера на филмот „Приказна за една Охридска свадба“
• Културно-уметничка програма
Проектите ги изработија учениците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, со поддршка од Општина Охрид и Општина Дебрца.
Ментори на проектот се Маја Цветанова и Андријана Паскали.
Ги покануваме сите љубители на традицијата, културата и духовните вредности да бидат дел од оваа вечер исполнета со емоција, музика и македонско наследство.
May 14, 2026
Комисијата составена од: Билјана Суклоска Милошеска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Иван Стрезоски – Претседател на Советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.09-369/1 од 16.03.2026 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно Правилнникот за доделување стипендии на редовни студенти на запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С.Македонија за студиска 2025/26 година, утврди дека ги исполнуваат условите следните кандидати:
- Петреска Викторија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Андрески Бојан
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Нелоски Давид
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Целакоска Емилија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Трајческа Тамара
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Сиљаноска Јана
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Бутеска Николина
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Мијакоски Бобан
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Огненоска Андријана
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Скоклеска Ивана
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
May 14, 2026
Комисијата составена од: Билјана Суклоска Милошеска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Иван Стрезоски – Претседател на Советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.09-369/1 од 16.03.2026 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно Правилнникот за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебна 2025/26 година, утврди дека ги исполнуваат условите следните кандидати:
- Нелоски Лео
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Андоноска Марија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Нелоска Анабела
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Печоска Викторија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Донески Филип
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Лошкоска Теона
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Тупанческа Анастасија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Цветаноска Мартина
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Левески Петар
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
May 5, 2026
Книга за секое дете, сталак за секоја нота – ја градиме иднината преку знаење и уметност во Општина Дебарца.

Денес присуствував на значајна донаторска акција во Основното училиште во с. Белчишта, каде што под еден покрив се споија литературата, музиката и образованието.

Во духот на соработка, СОС Балкан Медија Охрид и д-р Лили Бошевска донираа вредни материјали за нашите ученици и наставници.

Особено ме радува што хорот при училиштето доби 10 професионални сталаци за петолиние, со што директно се поддржува музичкото образование.

Училиштето беше збогатено и со значајна колекција книги од авторката, наменети за учениците, наставниците и библиотеката.

Заедно со присутните ја истакнавме важноста од континуирано вложување во образованието и културниот развој.

Како градоначалник, останувам посветен на поддршка на вакви иницијативи кои носат вистинска вредност за младите.

Верувам дека ваквите дела се доказ дека заедницата расте кога знаењето и уметноста имаат свое место во секое училиште.

„Книгата е прозорец кон светот, а музиката е јазикот со кој тој свет пее.“
Apr 6, 2026
Велигденски базар во Дебрца
Во пресрет на велигденските празници, и оваа година малите ракотворци ни се претставија со своите изработки на Велигденскиот базар.
Благодарност до вработените во Општина Дебрца, како и до сите наставници кои учествуваа во подготовките на годинешниот базар.
Купувајќи детски ракотворби, ја поддржуваме нивната креативност и оригиналност, но и им даваме поттик да продолжат да творат и да ги развиваат своите таленти.
Нека празничната атмосфера донесе радост, топлина и заедништво во секој дом.