Select Page
Извршено е асфалтирање на пристапниот пат  до манастирската црква “Св.Недела”,во Требеништа

Извршено е асфалтирање на пристапниот пат до манастирската црква “Св.Недела”,во Требеништа

Деновиве завршија градежните активности за изградба на пристапниот пат кој ја поврзува манастирската црква “Св.Недела”, во Требеништа со локалниот пат, односно се изврши тампонирање и асфалтирање на потегот од поштата до манастирската црква “Св.Недела”

 

3 Април Светскиот ден на водните животни

3 Април Светскиот ден на водните животни

Денес се  одбележува 3 Април: Светскиот ден на водните животни, Белчишко Блато е дом на 85 видови птици, или една третина од вкупниот број видови во земјава, 224 растителни видови, како и 33 видови цицачи или 37 отсто од вкупниот број во земјата, меѓу кои и видрата како и голем број на водни животни. Белчишко Блато е дел од Емералд мрежата и во моментов во тек е изготвување на закон со кој ќе биде ставено под строга заштита како Парк на природата. Тоа е блатен екосистем, кој се напојува со вода од повеќе од десет видливи карстни извори, познати како „Сини Вирови“ и е потенцијално Натура 2000 подрачје, со што ќе влезе и во Европската кохерентна мрежа. Белчишкото Блато  е идна  Еко-Туристичка атракција во Општината, во регионот  и Државата а ќе биде  препознаено и во меѓународни рамки со својата уникатност и недоперна природна убавина и автентичност.

 

Анастасија Мојсовска, од Оровник на Државното првенство во стрелаштво со воздушна пушка, на кое постави нов личен и државен рекорд

Анастасија Мојсовска, од Оровник на Државното првенство во стрелаштво со воздушна пушка, на кое постави нов личен и државен рекорд

Нов успех на нашата Анастасија Мојсовска, од Оровник на Државното првенство во стрелаштво со воздушна пушка, на кое постави нов личен и државен рекорд.

Честитки, а општина Дебрца како во изминатиот период и во иднина ќе го наградува секој нејзин успех, преку кој ја репрезентира и нашата општина.

 

Водоснабдувањето во фокусот на интерес на општината, а со цел да се обезбеди квалитетно снабдување со вода за пиење на населените места

Водоснабдувањето во фокусот на интерес на општината, а со цел да се обезбеди квалитетно снабдување со вода за пиење на населените места

Во изминатите години водоснабдувањето беше во фокусот на интерес на општината, а со цел да се обезбеди квалитетно снабдување со вода за пиење на населените места.

На тој план, реализирани се повеќе проекти, но и покрај тоа има уште проблеми за решавање.

Еден од проблемите на кој во наредниов период ќе посветиме внимание е водоснабдителниот систем во село Мешеишта,кој јавното претпријатие го презеде во септември 2022 година.

Водоснабдителниот систем во Мешеишта,кој се презеде со долг за неплатени сметки за електрична енергија,во износ од околу 500.000 денари има и други аномалии.

Се работи за стар систем,граден во 70-те години на минатиот век,со големи загуби на вода,поради оштетувања на резервоарот и уличната мрежа,со пумпна станица со пумпи со застарена технологија, што има за последица поголема потрошувачка на електрична енергија.

Поради тоа, акцентот го ставаме на неколку активности:

  • Деновиве ќе биде објавен тендерот за набавка на нова пумпа и замена на електричниот орман, како и за санација на постојниот/стариот резервоар,
  • Во подготовка е техничка документација за оправданост од инсталирање на фотонапонска централа кај пумпната станица,
  • Општината има изготвено техничка документација за реконструкција на уличната мрежа и бидејќи се работи за поголема инвестиција, за која општината сама не може да ги обезбеди потребните средства ,

Проектот на прв објавен повик ќе биде аплициран за обезбедување грант средства од домашните или меѓународните инвестициски фондови.

 

Ќе се подигнува безбедноста во сообраќајот со поставување на вертикална сообраќајна сигнализација

Ќе се подигнува безбедноста во сообраќајот со поставување на вертикална сообраќајна сигнализација

По спроведената постапка за јавна набавка на вертикална сообраќајна сигнализација општина Дебрца ќе врши набавка на сообраќајни огледала, кои ќе бидат поставени на места каде што нема или има мала видливост при приклучување во сообраќајот,со што се загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Од страна на општинските служби детектирани се повеќе такви критични места,каде ќе се постават сообраќајни огледала.

Ве повикуваме, доколку имате детектирано вакви места да доставите и Ваши предлози,каде што има потреба од поставување на ваква сообраќајна опрема на контакт телефон 046/286-855 или на mail: contact@debrca.gov.mk

 

Вашите предлози ќе бидат земени во предвид и доколку се оправдани ќе биде соодветно постапено, а во интерес на безбедно одвивање на локалниот сообраќај.

Одбележан Меѓународниот ден на Шумите, денот на пролетта  и екологијата  21-март  со учениците на ООУ,,Дебрца”

Одбележан Меѓународниот ден на Шумите, денот на пролетта и екологијата 21-март со учениците на ООУ,,Дебрца”

Денес во присуство на учениците на ООУ,,Дебрца” село Белчишта,Наставниот кадар,претставниците на Здружението за екологија и туризам  ,,Екотуризам 2016” и Градоначалникот на Општината  го одбележаа Меѓународниот ден на Шумите и денот на пролета 21-март, со засадување на дрвца во кругот на ООУ ,,Дебрца”-Село Белчишта. Засадени се дрвца од видот на автохтона круша како и од видот на Гинкото ( Ginkgo biloba) е дрво кое е единствениот жив претставник на родот гинко.  Гинкото потекнува од пред 225 милиони години, а во леденото време тоа успеало да преживее само во одредени места и  се одликува со голема отпорност на екстремни услови, истото ќе се користи за едукативни цели на учениците со  неговите каратеристики.

Меѓународниот ден на шумите  се слави насекаде низ светот секоја година на 21 Март на меѓународно ниво, со цел да се зголеми јавната свест меѓу заедниците за вредностите, значењето и придонесот на шумите за да се балансира животниот циклус на земјата.

Шумите се суштински дел од животот на Земјата. Тие секогаш ги исполнуваат барањата на човечките суштества преку обезбедување сенка, засолниште, освежување вклучувајќи чист воздух и вода. Во современиот свет на растечка глобална популација се зголемуваат барањата на шумските производи, така што шумите се изложени на голем ризик од уништување и деградација

Шумите се сложена жива заедница на дрвја која обезбедува дом и засолниште за голем број на животни, а почвата под неа го населуваат разновидноста на без’рбетници, габи и бактерии кои играат значајна улога во балансирањето на циклусот на хранливи материи во почвата и во шумата.

Целта на оваа активност е да се подигне свеста за значењето на природата и важноста на шумите и нивната заштита.

 

“Кај ќе најдеш згодно место

Ти дрво засади,

дрвото е благородно,

тоа ќе те награди “