Select Page
Новогодишна честитка од градоначалникот Ногачески

Новогодишна честитка од градоначалникот Ногачески

Почитувани сограѓани,

На крајот сме на уште една година, година која ќе остане запаметена по светската пандемија, која ни го промени начинот на живеење.
Сепак, нашиот народ убаво рекол-“секое лошо за арно нека е”.
Тешките ситуации не ни доаѓаат со цел да ни ја одземат надежта, туку да не зацврстат уште повеќе, да научиме да дишеме со полни гради, да не го гледаме животот само низ призмата на она што е некој должен да го направи за нас, туку и преку призмата на тоа што ние како луѓе треба да направиме во овој свет околу нас.
И затоа, во Новата година да влезема со нови сили и верба дека се ова за бргу ќе помине и повторно ќе се вратиме во нормалност.
Во новата година да го исполниме нашето секојдневие со љубов, верба и надеж и заеднички да продолжиме да ја градиме нашата и иднината на нашите деца.
Да изградиме пат кон напредокот на нашата заедница и сите заедно посветено да работиме на остварување на нашата заедничка цел, подобра и понадежна општина Дебрца.
Претстојните празници да ги поминеме во кругот на семејството, со нашите најблиски и да празнуваме одговорно.
Среќна Ви нова 2021 година.
Да сме здрави и живи !