Select Page
Закажана 47-та седница на Советот на општината Дебрца

Закажана 47-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 47-та седница на Советот на општината Дебрца

 Ја свикувам 47та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден  29.04.2021 година (четврток), со почеток во 12.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                                                                                                                                                                                                                                                                                                                      

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Записникот од 46-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2021 година
  3. Предлог – Одлука за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зградата – дом с.Требеништа
  4. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2021 година
  5. Предлог – Одлука за усвојување на годишните извештаи за работењето на Центарот за развој на југозападен плански регион во 2020 година
  6. Предлог – Одлука за усвојување Анекс на Годишната програма за работа на ООУ „Дебрца“ с.Белчишта за учебната 2020/2021 година
  7. Предлог – Одлука за давање согласност на кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност Дебрца за период од 01.10.2020 година – 31.12.2020 година
  8. Предлог – Одлука за давање согласност на годишната сметка – извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за 2020 година
  9. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот извештај за спроведување на утврдените тарифи – водоснабдување за 2020 година
  10. Предлог – Одлука за давање согласност на годишниот извештај за спроведување на утврдените тарифи – собирање и одведување на урбани отпадни води за 2020 година

 

  • Советнички прашања

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Петре Голабоски

Локалитетот Белчишко блато “Сини Вирој” доби нова екотуристичка инфраструктура

Локалитетот Белчишко блато “Сини Вирој” доби нова екотуристичка инфраструктура

На локалитетот Белчишко блатот и неговата околина изградена е набљудувачница за птици, видиковци за одмор и информативни знаци.

Изградената екотуристичка инфраструктура на која работеше Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид, ќе биде предадена во трајна сопственост на општина Дебрца, за да може да ја користи за развој на екотуризам, набљудување див свет и рекреација на посетители.

Изградбата на инфраструктурата е во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“, кој започна на 1 јуни 2020 г. и ќе трае до 31 мај 2022 г. Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје, теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето на блатото. – информира Ѓоко Зороски од Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид.

Проектот е финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF) – кои го препознаа блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата држава.

 

Големина на Фонт
Контраст