Dec 24, 2021
На денешната 3-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 10 гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2022 година и Годишните развојни програми на општината за 2022 година.
.На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2022 година.
Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2022 година е проектиран на износ од 112.000.000 денари.
Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.
На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.
Во буџетот за 2022 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.
Dec 24, 2021
Врз основа на член 19-a и член 23 став 3 од Законот за за јавните претпријатија („Службен весник, на РМ“ број 38/1996, 9/1997; 6/2002; 19/2002; 40/2003; 49/2006; 22/2007; 83/2009; 97/2010; 6/2012; 119/2013; 41/2014;138/2014; 25/2015; 61/2015; 39/2016; 64/2018; 35/2019; 275/2019 година), член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ број 5/2002) како и врз основа на Одлуката за распишување на Јавен конкурс за избор на директор на Јавното претпријатие за комунални дејности број 09-2161/1 од 23.12.2021 година, Градоначалникот на општина Дебрца, објавува :
ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на Директор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта
Кандидатот за директор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“- Белчишта треба да ги исполнува следните услови за извршување на работата предвидени во Законот за јавни претпријатија и Статутот на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“-Белчишта :
- да е државјанин на Република С. Македонија ;
- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 ;
- во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција – забрана за вршење професија, дејност или должност;
- има минимум 5 години работно искуство ;
- поседува еден од следните меѓународно признати сретификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа : ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English : Legal) 0 најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен или БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода ;
Потребни документи кои кандидатите треба да ги достават се следните :
- пријава за конкурсот ;
- кратка биографија на кандидатот ;
- доказ за завршено високо образование (диплома или уверение) ;
- доказ за работно искуство ;
- доказ (сертификат или уверение) за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години ;
Потребните документи се поднесуваат во оригиниал или копија заверени на нотар.
Покрај потребните документите, кандидатот треба да достави и програма за работа на Јавното претпријатие.
Кандидатите кои се пријавуваат потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа, и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици.
Сите пријавени кандидати имаат еднакви можости да бидат примени согласно нивните способности, образовани, искуство и личен капацитет.
Пристигнатите документи ќе ги разгледува тричлена комисија избрана од градоначалникот на општина Дебрца и во рок од 8 дена по истекот на рокот на конкурсот, целокупната документација ќе ја достави до градоначалникот кој во рок од 15 дена од денот на доставувањето на документацијата градоначалникот носи одлука за избор на директор.
Пријавите со потребните документи се доставуваат во затворено плико лично во архивата на општина Дебрца или по пошта на следната адреса : Општина Дебрца, село Белчишта, за Градоначалник со назнака (за јавен конкурс).
Огласот трае 5 работни дена од денот на објавувањето на дневните весници.
Ненавремената, нецелосната и неуредна пријава нема да биде предмет на разгледување.
ОПШТИНА ДЕБРЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Зоран Ногачески