Select Page
Потсетување и Повик до ѓраѓаните и правните лица за подмирување на данок на имот и комуналните такси

Потсетување и Повик до ѓраѓаните и правните лица за подмирување на данок на имот и комуналните такси

Општина Дебрца ги потсетува своите даночни обврзници дека тече рокот за плаќање на данокот на имот и комуналната такса.

Во изминатиот период од страна на општинската администрација беа доставени даночните и решенијата за комунална такса за 2023 година, а до даночните обврзници кои имаат заостанати обврски заклучно со 31.12.2022 година се доставени опомени со дополнителен рок за подмирување на обврските.

Во наредниот период до сите даночни обврзници кои не ги подмириле обврските и во дополнителниот рок ќе бидат доставени последни опомени , по што следува донесување на решенија за присилна наплата, а за што градоначалникот и општинската даночна администрација се задолжени согласно законот.

Уште еднаш апелираме до даночните должници да постапат по опомените и да ги измираат своите обврски во примерниот рок, како не би се изложиле на дополнителни трошоци за присилна наплата.

Воедно, Ве известуваме дека од страна на општинската даночна администрација е започната постапка за ажурирање на податоците од даночните регистри.

За сите дополнителни информации можете да се обратите до општинската даночна администрација.

 

Потпишан Догoворот за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор под-проект за „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца

Потпишан Догoворот за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор под-проект за „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца

Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор”, кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, општина Дебрца аплицираше со под-проект за „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца, односно замена на постојните светилки од улично осветлување во населените места во Општина Дебрца”.

Општина Дебрца и Министерството за финансии го потпишаа договорот за подзаем и грант, со кој за реализација на подпроектот се обезбедуваат вкупно 31.084.976 денари, од кои 24.867.981 денари се подзаем, а 6.216.995 денари се грант.

По завршувањето на тендерската постапка,согласно правилата на Светска Банка ќе започне имплементација на овој капитален проект, со кој ќе бидат заменети вкупно 1412 постојни улични светилки во населените места во општината со нови, со современа лед технологија.