Select Page
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца”  успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца”  успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД,  за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН.

Aкција  се одржа на повеќе локации, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца”, пристапија  на  чистење на повеќе локации во општината.

Собраниот одпад е соодветно складиран и истиот ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.

Ваквите акции ќе продолжат и во иднина !!

 

 

Денес одбележуваме 80 години од победата над фашизмот и Денот на Европа

Денес одбележуваме 80 години од победата над фашизмот и Денот на Европа

Граѓаните на Дебрца се посебно горди на овој Ден, бидејќи Дебрца е местото каде се исковани најголемите придобивки од НОАВМ, 1941-1945 година.

Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец”,во Белчишта е најдобриот паметник за тоа.

Победата од 1945 година е победа на антифашизмот и победа на човештвото. Наша должност е да ја пренесеме оваа вистина на идните генерации, да го зајакнеме мирот заснован на почит, еднаквост и солидарност меѓу народите.

9 Мај треба да послужи и како потсетник дека фашизмот во Европа и во светот никогаш не е искоренет и вистински поразен и дека против него треба да се бориме и денес, секојдневно, бидејќи антифашизмот, рамноправноста и почитта меѓу луѓето, без оглед на нацијата, верата, расата, полот се цивилизациски текови и вредности кои мораат да се негуваат.