May 23, 2025
Со одигрувањето на финалниот натпревар помеѓу екипите на АСП ПАК и ФК САТЕСКА синоќа заврши Вториот турнир во мал фудбал “Св.Никола 2025” Требеништа.
Во извонредна атмосфера и драматичен натпревар турнирот го освои екипата на ФК Сатеска.

Честитки за победникот,сите учесници и организаторот.
Општина Дебрца покрај постојните доби уште една прекрасна спортска манифестација.
Општина Дебрца и оваа година беше покровител на турнирот и го помогна со 80.000 денари,а истовремено ја подобривме и спортската инфраструктура,со изградбата на трибина во спортската сала,а за што од Буџетот на општината беа издвоени 1.121.180 денари.

Согласно Годишната програма за развој на спортот за 2025 година финансиски ќе бидат помогнати и другите годинешни општински спортски манифестации како:
Турнир “Петровден 2025” Мешеишта со 80.000 денари.
Турнир “Илинден 2025” Оровник,со 80.000 денари.
Меморијален турнир “Кире Николоски Камачо 2025” Лешани со 40.000 денари,
Меморијален турнир “Михаил Мирчески 2025” Слатино,со 40.000 денари,
“Богородица Куп 2025” Волино,со 80.000 денари
Турнир “Св.Богородица2025” Ботун со 20.000 денари,
Средба на генерации на ФК “Дебрца” Белчишта,со 20.000 денари.
Меморијал “Јончески Мирко Мичула 2025” Велмеј,со 20.000 денари.

Општина Дебрца константно вложува во развојот на спортот и младите.
May 23, 2025
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 46-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 46–та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 30.05.2025 година (петок) , со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 45-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2025 до 31.03.2025 година
- Предлог – Одлука за давање на користење недвижна ствар – катастарска парцела 147/8 КО Требеништа
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изграден објект с намената на земјиштето (КП бр. 760, КП бр. 967, КП бр 966, КП бр. 964, КП бр. 962)
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изграден објект с намената на земјиштето (КП бр. 519/1 и КП бр 1917 КО Црвена Вода)
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош (03-577)
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош (03-599)
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош (03-682)
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Крсте Јорданоски