Select Page
Oстварена средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода

Oстварена средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес  Градоначалникот Зоран Ногачески оствари средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода,кои истакнаа дека се засегнати со пуштањето на делницата,бидејќи поради неизграденоста на пристапните патишта им е оневозможена или отежната врската на нивните села,односно живеалишта со автопатот.

Како локална самоуправа ја разбираме нивната загриженост и уште еднаш апелираме до Јавното претпријатие за државни патишта,како инвеститор и изведувачите што е можно најбрзо да ги изградат помошните ,односно пристапните патишта,како би се овозможило безбеден и непречен пристап на засегнатите жители од Автопатот до нивните населени места и обратно.

Активности на ЈПКД ,,Дебрца”

Активности на ЈПКД ,,Дебрца”

JПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, испрати механизација во селото Лешани, во близина на црквата „Св. Недела“. Целта на активноста е изградба на потпорен ѕид кој ќе придонесе за заштита и стабилизација на теренот во овој дел од селото.

Ова е уште еден пример за нашата континуирана посветеност кон подобрување на инфраструктурата и безбедноста во руралните средини на општина Дебрца.

Заедно создаваме подобри услови за живот!

ЈПКД „Дебрца“, во координација со Општина Дебрца, успешно интервенираше на водоводната мрежа кај локацијата спроти аеродромот во село Горенци, каде што беше евидентиран дефект настанат при изведба на градежни активности од страна на фирмата „Синохидро“ за потребите на изградбата на автопатот.

При изведбата беше оштетен еден водоводен приклучок, со што привремено без вода остана едно домаќинство.

Интервенцијата е успешно завршена, приклучокот е саниран и редовното водоснабдување е целосно воспоставено

ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, успешно го санираше дефектот на водоводната мрежа во село Горенци, кој настана при изведба на градежни активности од страна на фирмата „Синохидро“ за изградба на автопатот.

При изведбата беа оштетени три водоводни приклучоци, со што без вода останаа три домаќинства.

Интервенцијата е завршена, приклучоците се санирани и повторно е воспоставено редовно водоснабдување.

ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, успешно изврши чистење на дивата депонија месност Бучишта во Велмеј.

 

ПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, денес 10.072025 изврши чистење и проширување на патот кај селото Горенци, под аеродромот во правец кон Мишелчево.

Со оваа интервенција се овозможува полесен пристап до нивите во овој дел, за нашите земјоделци да можат без проблем да пристапат со комбајни и механизација, особено сега во сезоната на жетва.

Продолжуваме со активности за подобрување на локалната инфраструктура и поддршка на земјоделството!

ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, успешно го отстрани дефектот на водоводната мрежа во село Горенци, настанат при изведба на градежни активности од страна на фирмата „Синохидро“ за изградба на автопатот.
Поради дефектот, без вода останаа три домаќинства.
 Интервенцијата е завршена, водоводниот крак е саниран, и нормализиран е протокот на вода.

ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, успешно го отстрани дефектот на водоводната мрежа во село Оровник во непосредна близина кај пиланата ДрвоПром. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција, испораката на вода е нормализирана и навремено е спречено жителите да останат без вода.

Продолжуваме со посветена работа во интерес на сите жители на општината.