Започна асфалтирањето на патниот правец од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”
Деновиве започна изградба на пристапниот пат од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”,во должина од 1.3 км.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца.

Исто така, со министерството за транспорт и врски е потпишан договор за користење на средства за проектот “реконструкција на патот од село Злести до црква “Рождество на Пресвета Богородица”, односно негово асфалтирање, со кој се обезбедени 5.071.787 денари од Министерството за транспорт и врски,а преостанатите 3.358.516 денари се обезбедени од општината.
И за овој проект тендерот е објавен, со што ќе биде исполнето уште едното дадено ветување пред граѓаните.

