Select Page
Подрачните единици на МЗШВ ќе работат и за време на викендот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања за 2020 година

Подрачните единици на МЗШВ ќе работат и за време на викендот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања за 2020 година

Рокот за поднесување за барања за пријавување за субвенции за Програмата за директни плаќања за 2020 година, истекува на крајот на месецов, односно 31.07.2020 година.

Со цел да им излеземе во пресерет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, сите Подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе работат и за време на викендот (сабота и недела) до истекување на рокот за доставување на апликациите.

Поднесувањето на барањата може да се врши електронски, односно самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот  на веб страна на Агенцијата за финанисиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ( www.ipardpa.gov.mk), кадешто е ставено упатството за аплицирање.

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош при пополнување на електронските барања, можат да се обратат во  Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во целата држава,  кои им стојат на располагање за се што ги интересира во врска со поднесувањето на барањата. На веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се објавени телефонските броеви на раководителите на сите Подрачни единици на МЗШВ, со цел земјоделците да имаат можност и телефонски да побраат помош.