Aug 7, 2020
Успешната соработка со Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”, Охрид продолжува.
Денес проектниот координатор Ѓоко Зороски и градоначалникот Зоран Ногачески го потпишааа Меморандумот за соработка на проектот: “ Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локални чинители”, финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд ( Critical Ekosystem Partnership Fund-CEPF ).
Во рамките на проектот ќе се изготви Студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на Белчишкото Блато, поставување на туристичка инфраструктура и организирање на обуки и настани за подигнување на свеста за заштита на Белчишкото Блато.
Крајната цел е отпочнување на постапка за прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје.
Jan 27, 2020
Општина Дебрца доби над 676.000 евра средства за подoбрување локалната патна инфраструктура од владиониот проект за поврзување на локалните патишта.
„Средствата се обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, а ќе се користат за рехабилитација, реконструкција и надградба на локални патишта и улици, односно за подобрување на општинската патна инфраструктура. Ние веќе имаме аплицирано со три проект до Министерството за транспорт и врски. Тој е препратен на одобрување кај Светска банка бидејќи проектот е со заем од Светска банка. Се работи за реконструкција на патниот правец од Белчиша до Злести во должина од оклку 3 км и изградба на една заобиколница околу селото Злести. Овие средства се добредојдени за општина Дебрца вели градоначалникот Зоран Ногачески..
Општината со ресорното министерството потпишаa Меморандум за соработка за проектот кој ќе трае 3 години. Ние се обврзуваме наменски да ги искористиме средствата за да се подобри локалната патна инфраструктура, вели Ногачески. Во наредниот период ние како општина ќе аплицираме со уште неколку проекти. Приоритетна одлука за уште два- три патни правци треба да дадат советниците.
„ Проектите ќе бидат приоритизирани според потребите кои ги имаме од реконструкција на постоечки патни правци или улици. Приритеот ќе го утврди советот на општината“.
Во општината со владиниот проект треба да се реконструираат околу 10 км локални патишта, со изградба на одводни канали, банкини и други пропратни делови на патната инфраструктура.
Jul 25, 2019
Вчера попладне градончалникот Ногачески заедно со Претседателот, членови на советот и вработени во општинската администрација на општина Дебрца, во просториите на Црвениот крст-Охрид присуствуваа на освежителниот курс по прва помош за возачи.
Имено, Црвениот крст спроведува бесплатна летна кампања за освежување на знаењата по прва помош кај постоечките возачи. Целта е да се освежат знаењата на возачите, да се подигне јавната свест за потреба од обезбедување на прва помош во сообраќајот во случај на незгода и да се влијае кај доносителите на одлуки во државата за потребите од унапредување на квалитетот и знаењата за прва помош во секојдневното живеење, со посебен акцент на возачите.
Како градоначалник, заедно со советот на општината ја поддржуваме оваа кампања и сме отворени за соработка со Црвениот крст и за други активности.
Денес ние ги освеживме нашите знаења по прва помош и топло Ви препорачуваме да најдете време да го посетите курсот.
Запомнете, ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ ЧИНИ ЖИВОТ! – кажа Ногачески по завршување на обуката.
Jul 25, 2019
Денес, во Охрид градоначалникот Ногачески оствари неформална средба со градоначалникот на Модра, Моравија, Република Чешка, Г-дин Мирослав Коварик.
На средбата разменија информации за своите општини, како и за воспоставување на поблиска соработка меѓу дваете општини, особено во областа на културата и туризмот.
Градоначалникот на Модра го запозна Ногачески со европски подржаниот проект за откривање и популаризација на патот на Светите Кирил и Методиј, во Моравската мисија и нивната намера со проектот да бидат опфатени сите градови и области , каде што Светите браќа Кирил и Методиј ја вршеле својата просветителска дејност и ја ширеле словенската писменост.
Средбата ја завршија со желба за понатамошна соработка и отворена покана од Ногачеаки за посета на општина Дебрца, односно од страна на Коварик за посета на општина Модра.
Jun 1, 2019
Градоначалникот Ногачески синоќа присуствува, на Собир со граѓаните на село Белчишта.
Транспарентно и отворено дебатиравме за тековните проблеми, планираните проекти, актуелниот проблем со кучињата на еден жител на селото, чистењето на одводните канали, доизградбата на фекалната канализација, реновирањето на големата сала во општинската зграда, реконструкцијата на објектот-изложбен центар на Белчишкото Блато, уредувањето на плоштадот и речното корито во центарот и други проблеми и проекти.
Транспарентна и отворена општина, за сите .