Денес градоначалникот Зоран Ногачески, проектниот кординатор за ЕУ од општина Дебрца – Ангел Секулоски и Антонио Додевски од Планинската Спасителна Служба, остварија средба со Г-дин Елвис Али, програмски менаџер на Делегацијата на ЕУ и г-дин Марин Белули од Заедничкиот генерален секретаријат за ИПА2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.
Заедно со нашиот партнер, Црвениот крст Охрид, програмскиот менаџер на лице место во с. Брежани, го запознавме со реализираните активности од Проектот: „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“.
Со овој проект, во општина Дебрца се изврши реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во с. Брежани во планинарски дом а следно е реконструкција на пропустите на патот од село Брежани до Илинска црква. Претходно се изврши нбавка на опрема и специјално теренско возило Duster за спасување во зимски услови, како и обуки за прва помош во зимски услови, за локалното население.
И во оваа прилика изразувам голема благодарност до Делегацијата на ЕУ во Македонија, која ја поддржа имплементацијата на овој проект. – изјави градоначалникот Ногачески по средбата.