Select Page
Закажана третата седница на Советот на општина Дебрца

Закажана третата седница на Советот на општина Дебрца

Претседателот на Советот на општина Дебрца ја закажа Третата седница, која ќе се одржи во среда, 20.12.2017 година, со почеток во 13.00 часот. На дневен ред пред советниците се повеќе програми за 2018 година од надлежност на општината, разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈП Дебрца, кварталниот извештај и повеќе точки за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

                

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

 Усвојување на Записникот од 2-та седница на Советот на општина Дебрца.

  1. Предлог – Годишна Програма за развој на образованието во општината Дебрца за 2018 година
  2. Предлог – Годишна Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општината Дебрца за 2018 година
  3. Предлог – Годишна Програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2018 година
  4. Предлог – Годишна Програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2018 година
  5. Предлог – Годишна Програма за користење и одржување на јавното осветлување во општина Дебрца за 2018 година
  6. Предлог – Годишна Програма за развој на културата во општина Дебрца
  7. Предлог – Годишна Програма за развој на локалната инфраструктура во општина Дебрца за 2018 година
  8. Предлог – Годишна Програма за изработка на урбанистички планови за општината Дебрца во 2018 година
  9. Предлог – Одлука за именување на членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта
  10. Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.01.2017 година – 31.03.2017 година
  11. Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош
  12. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 2125 КО Врбјани)
  13. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 1573/1 КО Ботун)
  14. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 247/12 КО Горенци)
  15. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 1885/2 КО Белчишта)
  16. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 336/14 КО Оровник)
  17. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 1997 КО Брежани)
  18. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 2538 КО Мраморец)
  19. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 3000 КО Слатино)
  20. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 1148 КО Песочани)
  21. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 2595 КО Слатино)
  22. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 6 КО Ново Село)
  23. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 521 КО Лактиње)

 Советнички прашања

 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Петре Голабоски

Предлог-Буџетот на општина Дебрца за 2018 година јавно достапен за граѓаните

Почитувани граѓани на Дебрца ,

Пред Вас е Предлог-Буџетот на општина Дебрца за 2018 година.

За првпат од постоењето на општината Буџетот на општината пред неговото донесување од советот на општината го ставаме на увид на јавноста.

Тоа го ветивме, а зборот е збор.

Целта ни е општинскиот буџет да биде подостапен и транспарентен за граѓаните.

Сметаме дека граѓаните мора да имаат увид како се трошат нивните пари.

Истовремено , нашата намера е преку зголемување на информираноста на јавноста да влијаеме на посилно вклучување на граѓаните во креирањето на општинските програми и политики.

Буџетот е од граѓаните и за граѓаните и затоа секој треба да има пристап и увид во него.

Ве охрабруваме и ги очекуваме Вашите мислења, предлози и сугестии по предлог-Буџетот на општината.

Зоран Ногачески, Градоначалник на општина Дебрца

Честитка по повод празникот Св. Климент Охридски

Честитка по повод празникот Св. Климент Охридски

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески по повод празнувањето на Св. Климент Охридски, упати честитка до сите православни христијани:

Со зборови си ги упатил народите кон верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кон божествен и блажен живот.
Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија.
Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.
Слава Тебе Клименте !
Честит празник !

Белчишко Блато во нашите срца

Белчишко Блато во нашите срца

Денес во општина Дебрца се одржа работилница под наслов “Белчишко Блато во нашите срца “ проект кој го финансира Регионалниот еколошки центар (РЕЦ), а го реализираат еколошкото друштво “Грашница” и општина Дебрца.. Свое обраќање на работилницата имаше и градоначалникот Ногачески.  Тој го потенцираше значењето на Блатото како извонредно природно наследство, потребата од негова заштита, како и потребата за негово искористување во функција на руралниот туризам.
Целта на Проектот е да се обезбеди оддржливо управување со Белчишкото блато и да се подготви План за зачувувување на блатото.