Select Page
Божиќна Честитка од градоначалникот Зоран Ногачески

Божиќна Честитка од градоначалникот Зоран Ногачески

Почитувани,граѓани ,
Со коледарски песни, од врата на врата, уште рано изутрина малите коледарчиња го најавија Христовото раѓање .

Божик како празник на Божјата љубов претставува пресвртница за човештвото и суштинска поткрепа на нашата верба и духовност.
Божик е ден кој секоја година не потсетува да ги отвориме срцата и душите, да го примиме дарот од Бога и секојдневно низ нашите дела тој дар да го возвраќаме.

На овој голем ден нека нашите срце бидат исполнети со среќа и радост, а нашите домови со мир и спокој .
За многу години да ни е празникот.
Христос се роди !

Нов рок за легализирање на дивоградби

Нов рок за легализирање на дивоградби

Со законот за изменување на законот за постапување со бесправно изградени објекти, кој влезе во сила на 02 Јануари 2018 година предвидено е за граѓаните кои досега воопшто не поднеле барање за легализација, тоа да можат да го сторат во периодот од 02 јануари до 31 декември 2018 година.

За оние, пак, кои не доставиле геодетски елаборати , заклучно со рокот 31 Декември 2017 година, новиот рок ќе тече од 2 јануари до 30 јуни 2018 година.

Нова шанса за легализација се дава само за објектите кои се целосно изградени до 3 март 2011 година, односно, ќе можат да се легализираат само објектите на кои до тој датум во целост се завршени градежните и инсталатерските работи, па тие претставуваат градежна и функционална целина.

Барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти можат да се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден, од 08.00-16.30 часот.

Игор Крцоски – Манце именуван за ВД директор на ЈП”Дебрца”

Игор Крцоски – Манце именуван за ВД директор на ЈП”Дебрца”

Со решението на градоначалникот Зоран Ногачески за нов ВД Директор на Јавното претпријатие за комунална дејност “Дебрца” – Белчишта  именуван е Игор Крцоски – Манце, вработен во Јавното претпријатие.


На средбата со новиот директор  ја истакнав мојата безрезервна поддршка на Јавното претпријатие.
Заеднички констатиравме дека неопходно е организирано, систематско и континуирано ангажирање и на општината и јавното претпријатие заради подигање на квалитетот на комуналните услуги на едно пристојно ниво, соодветно на потребите на граѓаните на општина Дебрца 

Нашата цел ќе биде постигнување на што подобри резултати во работењето, врз база на целосно искористување на капацитетите, максимално подигање на нивото на услугите, максимално искористување на вработените и опремата, а во исто време и максимално намалување на трошоците на работењето.

Преку навременото и квалитетно вршење на комуналните услуги да бидеме поблиску до граѓанинот, да имаме што е можно почиста општина, поубава и со зелени површини, доволно здрава вода за пиење, системи за одведување на отпадните води. -потенцираше градоначалникот Ногачески.

Новогодишна честитка од Градоначалникот Ногачески

Новогодишна честитка од Градоначалникот Ногачески

Почитувани сограѓани,

На крајот сме на 2017 година. Во годината што изминува секој од нас, граѓаните на општина Дебрца доживеал и убави и помалку убави моменти.

Посакувам убавите да ги помниме, а помалку убавите да посакаме да не ни се повторат во наредната 2018 година .

Пред два месеци ја добив Вашата доверба да бидам градоначалник на општина Дебрца, да бидам првиот меѓу Вас, еднаквите. Привилегија е да се работи за доброто на секој жител на општината, но и голема обврска довербата да се оправда.

Секој граѓанин заслужува подостоинствен живот, заслужува да биде разбран, почитуван, спокоен, радосен, бидејќи во сето тоа е смислата на нашето живеење.

Очекувам во наредната 2018 година да останеме фокусирани на нашата визија и сите заедно посветено да работиме на остварување на нашата заедничка цел, подобра и понадежна општина Дебрца.

Не  попусто е кажано дека секој е ковач на сопствената среќа. Ако е така, ајде сите заедно да ја исковаме нашата колективна среќа, како виза за помирна, поспокојна и поубава иднина .

Драги сограѓани,
Ви посакувам , многу здравје, среќа, бериќет и успех  во Новата 2018 година.
Да сме здрави и живи.

Презентиран нацрт план за зачувување на Белчишко блато и јавна дискусија во Општина Дебрца

Презентиран нацрт план за зачувување на Белчишко блато и јавна дискусија во Општина Дебрца

Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во рамките на проектот „Белчишко блато во нашите срца“ финансиран од од проектот CRESSIDA и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа, канцеларија во Скопје, одржа презентација на нацрт-планот за зачувување на Белчишкото Блато (Сини Вирој) со претставници од општина Дебрца и локални чинители. Презентацијата се одржа денес, на 27 декември 2017 г. во просториите на општина Белчишта и беше отворена од претставник од општината и модерирана од координаторот Ѓоко Зороски.

Нацрт-планот го презентираше експерт по природа, во кој се предвидуваат низа конкретни мерки со временски рокови за блатото што поскоро да добие законски режим на заштита на национално ниво. Според планот, во најприоритетните мерки се вбројуваат: изработка на студија за валоризација на природни вредонсти на локалитетот, запирање на мелиоративните активности и зафати кои придонесуваат за пресушување на блатото, контрола на нелегалниот риболов и криволовството, воспоставување на совет на засегнати страни.

Инаку од неодамна поставени се две информативни табли со податоци за блатото кои се бидат лоцирани на патот Охрид-Кичево во с. Ботун и пред општинската зграда во с. Белчишта.