Select Page
Соопштение од ЈКП Дебрца

Соопштение од ЈКП Дебрца

Се известуваат жителите на село Горенци и горниот дел на село Требеништа дека денес и утре, 19 Јануари ќе има прекин во водоснабдувањето.
Причина се работите на поврзување на новата водоводна линија, кои ги врши изведувачот на работите на изградбата на автопатот, фирмата Синохидро.
Ве молиме за разбирање.
Директор, Димче Андрески
Димче Андрески избран за нов директор на ЈКП “Дебрца”

Димче Андрески избран за нов директор на ЈКП “Дебрца”

Со решение на градоначалникот Зоран Ногачески за нов Директор на Јавното претпријатие за комунална дејност “Дебрца” –именуван е Димче Андрески, дипломиран економист и магистер по архелогија.
На средбата со новиот директор разговаравме за состојбите во ЈКП при што ја истакнав мојата безрезервна поддршка на Јавното претпријатие.
Заеднички констатиравме дека неопходно е организирано, систематско и континуирано ангажирање и на општината и јавното претпријатие заради подигање на квалитетот на комуналните услуги на уште повисоко ниво, соодветно на потребите на граѓаните на општина Дебрца.
Заедничка цел ќе биде постигнување на што подобри резултати во работењето, врз база на целосно искористување на капацитетите, максимално подигање на нивото на услугите, максимално искористување на вработените и опремата, а во исто време и максимално намалување на трошоците на работењето.
Преку навременото и квалитетно вршење на комуналните услуги да бидеме поблиску до граѓанинот, да имаме што е можно почиста општина, поубава и со зелени површини, доволно здрава вода за пиење, системи за одведување на отпадните води.
За крај сакам да му се заблагодарам на претходниот ВД директор Игор Крцоски – Манце за досегашната соработка и неговиот ангажман во ЈКП Дебрца. – потенцираше градоначалникот Ногачески по средбата.
Новогодишна честитка од градоначалникот Ногачески

Новогодишна честитка од градоначалникот Ногачески

Почитувани сограѓани,

Сакам најтопло да Ви ја честитам Новата година со најискрени желби.

Посакувам во новата година да го исполниме нашето секојдневие со љубов, верба и надеж и заеднички да продолжиме да ја градиме нашата и иднината на нашите деца.

Пред два месеци повторно ја добив Вашата доверба да бидам градоначалник на општина Дебрца, да бидам првиот меѓу Вас, еднаквите. Дадовте силна поддршка на концептот “Заедно за Дебрца”, чија основна водилка е дека секој е важен и секој ќе биде важен.

Секој граѓанин заслужува подостоинствен живот, заслужува да биде разбран, почитуван, спокоен, радосен, бидејќи во сето тоа е смислата на нашето живеење.

Привилегија е да се работи за доброто на секој жител на општината, но и голема обврска довербата да се оправда.

Не попусто е кажано дека секој е ковач на сопствената среќа. Ако е така, ајде сите заедно да ја исковаме нашата колективна среќа, како виза за помирна, поспокојна и поубава иднина .

Очекувам и во наредната 2022 година да останеме фокусирани на нашата визија и сите заедно посветено да работиме на остварување на нашата заедничка цел, подобра и понадежна општина Дебрца.

Драги сограѓани,

Среќна Ви Нова 2022 година.

Нека бидеме благословени и исполнети со многу здравје, среќа, бериќет и успех.

Да сме живи и здрави.

Искрено ваш.

Зоран Ногачески

Градоначалник на општина Дебрца

Проектна ретроспектива за 2021 година

Проектна ретроспектива за 2021 година

Последните денови од годината вообичаено се прави ретроспектива на тоа што сме оствариле во годината што изминува.
Наша констатација е дека голем дел од планираните проекти успешно ги реализиравме.
Дел од проектите останаа незавршени поради се уште присутната ковид криза и фактот што во последниот квартал од годината беше изборната кампања и локалните избори.
➡Преглед на дел од реализираните проекти во 2021 година:
👉санација на балон салата во село Требеништа и изработка на акрилна подлога на тениското игралиште -175.000 денари, буџет на општина,
👉санација на внатрешниот дел од старата училишна зграда во село Песочани (замена на старите прозори и врати со ПВЦ столарија, малтерисување на оштетените делови од внатрешните ѕидови, молерисување, поставување на ламинат, електрична инсталација, санација на влезна скала), вредност 303.897,00 денари, Буџет на општината,
👉монтажа на нов котел за парно греење во ПОУ с.Лешани, донација на фирмата Милкуз Дооел Охрид,
👉изведба на индивидуални приклучоци на канализационата мрежа во село Волино, вредност 2.360.000 денари, буџет на општина Дебрца,
👉санација на дел од старата училишна зграда во село Слатино (санација на кровната конструкција, три простории во објектот, надворешната врата и прозорци и предната надворешна фасада) и отворање на Спомен соба за Игор Костески, македонски бранител, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година, вредност, буџет на општина,
👉комплет спортска опрема и фудбалски топки за ФК Слатино, вредност 60.000 денари, буџет на општина,
👉набавена е приклучна механизација – мулчер, кој се приклучува на ровокопач и првенствено ќе се користи за чистење на вегетацијата околу општинските и пристапните патишта, вредност 355.950,00 денари , Буџет на општината
👉набавено е специјално возило за комунален отпад, вредност 1.180.000 денари, буџет на општина,
👉реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во с. Брежани во планинарски дом, вредност 80.000 евра, ИПА Програма за прекугранична соработка Македонија-Албанија,
👉уредување на дел од централното подрачје во село Оздолени (санација на просторот околу споменикот во центарот, санација на постоечки бетонски скали и парапети, спомен обележјето, поставување на 60 м2 бекатон плочки, поставување на метална настрешница ), вредност 327.500 денари, Буџет на општината,
👉реконструкција на кровот на селскиот дом во село Лактиње, вредност 549.750 денари, Буџет на општина Дебрца,
👉реконструкција на кровот на објект на месна заедница село Ново Село, вредност 412.480 денари, Буџет на општина Дебрца,
👉Санација на спомен обележјето во центарот на селото. Лактиње, вредност 30.000 денари, буџет на општина,
👉изградба на доводниот цевковод во должина од 730 метри, набавка и монтажа на пумпна станица, електрична енергија и ставање во функција на новиот извор-бушотина за водоснабдување во село Требеништа, вредност 2.824.211 денари, буџет на општина,
👉уредување на улица во село Белчишта- изградба на тротоар со ширина од 1, 5 метри, на влезната улица во село Белчишта, на потегот од мостот на Голема Река до центарот на селото, во должина од 470 метри, вредност 1.559.706 денари, Програма за развој на села,
👉доизградба на фекална канализација за село Волино, во должина од околу 500 метри,вредност 2.608.375, Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби,
👉санација на спомен чешмата во Сливовски Анови, вредност, 235.762 денари, буџет на општина,
👉тампонирање на пат до црква Св.Петка, во село Требеништа, во должина од 1 км, вредност 944.000 денари, буџет на општина,
👉тампонирање на пат во местност Рибница, во село Оровник, во должина од 1 км, вредност 1.161.665 денари, АФПЗРР,Буџет на општина,
👉завршени се најголемиот дел од индивидуални водоводни приклучоци за домаќинствата во Слатински Чифлик, вредност 162.000, буџет на општина,
👉партерно уредување на платото пред црквата “Св.Никола” во село Брежани ( поставени 200 м2 бекатон плочки, 40 метри рабници и бетонски плочки над камена ограда, во должина од 67 метри) и уредување на платото пред црква Св.Јован Крстител, село Белчишта, 240 м2 бекатон плочки, вредност 468.637 денари, буџет на општина,
👉зафаќање на вода за наводнување и уредување на каналот за наводнување во село Годивје ( изграден зафат на устието на каналот за наводнување, поставени се 140 метри цевки и изграден канал со решетки, во должина од 30 метри, вредност 700.000 денари, буџет на општина,
👉осветлување на центарот со лед рефлектори и проширување на јавното осветлување во село Злести, вредност 50.000 денари, буџет на општина,
👉уредување и чистење на диви депонии ( кај фудбалското игралиште во село Лешани,кај мостот на реката Сатеска,на патот Волино-Требеништа и патот Волино-Мешеишта, во местност Селиште, Белчишта) ,
👉изградба на одводни канали и пропусти на улици во село Арбиново и село Велмеј,
👉Ставено во функција осветлувањето на новоизграденото спортско игралиште во село Лешани,
👉Континуирано чистење на крајпатната вегетација и снег на општинските патишта и улици,
👉чистење на централното речно корито во село Требеништа,
👉обезбедување на електрична енергија до местноста “Св.Варвара”,село Требеништа, каде е поставено православното обележје-крст и проширување на јавното осветлување во повеќе населени места,
👉пробивање и чистење на речното корито на т.н. “Средна Река” село Белчишта до вливот во Матицата на Белчишкото Блато и чистење на речното корито во центарот на селото,
👉Започнавме со реконструкција на фудбалското игралиште во с.Мешеишта,вредноста на договорот е 1.359.537 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината,
👉извршивме осветлување на црква Св.Илија, село Лактиње,
👉се реализира проектот: “Дебрца-неизгаснати огништа” ( изготвени 6 документарно-патописни репортажи под рaботен наслов „Патуваме низ Славна Дебрца“, документарен филм за Дебрца и романизирана историска повест / книга, вредност 180.000 денари, буџет на општина.
Тркалезна маса: Бенефити од Белчишкото Блато како заштитено подрачје и можности за еколошка валоризација”

Тркалезна маса: Бенефити од Белчишкото Блато како заштитено подрачје и можности за еколошка валоризација”

Денес во општина Дебрца се одржа тркалезна маса: “ Бенефити од Белчишкото Блато како заштитено подрачје и можности за еколошка валоризација”.
Тркалезната маса е во рамките на проектот: “ Зачувување на Белчишкото Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители”.
Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо економските вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје.
Проектот се имплементира од страна на Здружението “Екотуризам 2016”, а е финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд ( Critical Ecosystem Partnership Fund –CEPF ), кои го препознаа блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата држава.