Dec 27, 2021
Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 и 119/16) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2022 година, број 01-2119/10, од 24.12.2021 година, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи
1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 1 работник ,ракувач со механизација ( универзален ровокопач, мини ровокопач, трактор со мулчер) и 1 работник, ракувач со моторна пила и секач на огревно дрво, за времетраење до 12 месеци, за извршување на јавни работи и тоа –Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта, монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта, развој на селските подрачја и други работи),Сеча, утовар и транспорт на огревно дрво- кое на општина Дебрца и е донирано, согласно договор склучен со Јавно претпријатие за државни патишта.
- 2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.
Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно член 83, 84 и 85 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок и тоа за ракувачот со механизација во износ од 850 денари дневно, а за ракувачот со моторна пила и секач на огревно дрво во износ од 700 денари дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.
3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
-Пријава и
-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.
4.Огласот трае три дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk и огласната табла на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за вработување Охрид, односно до 30.12.2021 година.
5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Зоран Ногачески
Dec 25, 2021
Почитувани сограѓани кои најрадосниот христијански празник, Христовото раѓање-Божиќ го празнувате според Грегоријанскиот календар,
Со голема радост и задоволство ви го честитам најголемиот и најрадосниот христијански празник – Божиќ. На овој ден славејќи го раѓањето на Бога стануваме свесни за силата на божјата љубов кон човечкиот род којашто не води да правиме чесни дела, да се сакаме себеси и да ги сакаме и почитуваме другите. Божиќ е празник на љубовта, на среќата и семејството.
Празнувајте во мир и хармонија и со љубов примете ги пораките на овој ден. Правете добри дела и имајте разбирање еден со друг. Само така ќе го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Тоа е божјиот пат, патот на љубовта и спасението на човековиот род.
За Многу Години!
Dec 24, 2021
На денешната 3-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 10 гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2022 година и Годишните развојни програми на општината за 2022 година.
.На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2022 година.
Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2022 година е проектиран на износ од 112.000.000 денари.
Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.
На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.
Во буџетот за 2022 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.
Dec 24, 2021
Врз основа на член 19-a и член 23 став 3 од Законот за за јавните претпријатија („Службен весник, на РМ“ број 38/1996, 9/1997; 6/2002; 19/2002; 40/2003; 49/2006; 22/2007; 83/2009; 97/2010; 6/2012; 119/2013; 41/2014;138/2014; 25/2015; 61/2015; 39/2016; 64/2018; 35/2019; 275/2019 година), член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ број 5/2002) како и врз основа на Одлуката за распишување на Јавен конкурс за избор на директор на Јавното претпријатие за комунални дејности број 09-2161/1 од 23.12.2021 година, Градоначалникот на општина Дебрца, објавува :
ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на Директор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта
Кандидатот за директор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“- Белчишта треба да ги исполнува следните услови за извршување на работата предвидени во Законот за јавни претпријатија и Статутот на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“-Белчишта :
- да е државјанин на Република С. Македонија ;
- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 ;
- во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција – забрана за вршење професија, дејност или должност;
- има минимум 5 години работно искуство ;
- поседува еден од следните меѓународно признати сретификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа : ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English : Legal) 0 најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен или БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода ;
Потребни документи кои кандидатите треба да ги достават се следните :
- пријава за конкурсот ;
- кратка биографија на кандидатот ;
- доказ за завршено високо образование (диплома или уверение) ;
- доказ за работно искуство ;
- доказ (сертификат или уверение) за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години ;
Потребните документи се поднесуваат во оригиниал или копија заверени на нотар.
Покрај потребните документите, кандидатот треба да достави и програма за работа на Јавното претпријатие.
Кандидатите кои се пријавуваат потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа, и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици.
Сите пријавени кандидати имаат еднакви можости да бидат примени согласно нивните способности, образовани, искуство и личен капацитет.
Пристигнатите документи ќе ги разгледува тричлена комисија избрана од градоначалникот на општина Дебрца и во рок од 8 дена по истекот на рокот на конкурсот, целокупната документација ќе ја достави до градоначалникот кој во рок од 15 дена од денот на доставувањето на документацијата градоначалникот носи одлука за избор на директор.
Пријавите со потребните документи се доставуваат во затворено плико лично во архивата на општина Дебрца или по пошта на следната адреса : Општина Дебрца, село Белчишта, за Градоначалник со назнака (за јавен конкурс).
Огласот трае 5 работни дена од денот на објавувањето на дневните весници.
Ненавремената, нецелосната и неуредна пријава нема да биде предмет на разгледување.
ОПШТИНА ДЕБРЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Зоран Ногачески
Dec 21, 2021
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 3-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 3–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 24.12.2021 година (петок) , со почеток во 12.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Годишна Програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Годишна Програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на Јавното осветлување во општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Годишна Програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Годишна Програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2022 година
- Предлог – Годишна Програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Годишна програма за развој на културата во општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Годишна програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2022 година
- Предлог – Годишна програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Годишна програма за организирање на Јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Годишна Програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Буџет на Единицата на локална самоуправа Дебрца за 2022 година
- Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за палтите на државните службеници за 2022 година
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски