May 1, 2021
Почитувани граѓани, православни христијани,
Во името на општина Дебрца и во мое име Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресението Христово.
Ви посакувам претстојните празнични денови да ги прославите во здравје, мир и радост.
Овие празнични денови да ги посветиме на семејството, на реафирмацијата и јакнењето на семејните вредности и потсетување на трајните вредности на православната вера – љубов, толеранција, простување.
Воедно, Ве повикувам да бидеме стрпливи, дисциплинирани ,да ги почитуваме препораките за борба против коронавирусот и да го заштитиме сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски.
Христос Воскресе !
Apr 23, 2021
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 47-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 47–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 29.04.2021 година (четврток), со почеток во 12.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записникот од 46-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2021 година
- Предлог – Одлука за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зградата – дом с.Требеништа
- Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2021 година
- Предлог – Одлука за усвојување на годишните извештаи за работењето на Центарот за развој на југозападен плански регион во 2020 година
- Предлог – Одлука за усвојување Анекс на Годишната програма за работа на ООУ „Дебрца“ с.Белчишта за учебната 2020/2021 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност Дебрца за период од 01.10.2020 година – 31.12.2020 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на годишната сметка – извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за 2020 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот извештај за спроведување на утврдените тарифи – водоснабдување за 2020 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на годишниот извештај за спроведување на утврдените тарифи – собирање и одведување на урбани отпадни води за 2020 година
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Петре Голабоски
Apr 23, 2021
На локалитетот Белчишко блатот и неговата околина изградена е набљудувачница за птици, видиковци за одмор и информативни знаци.
Изградената екотуристичка инфраструктура на која работеше Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид, ќе биде предадена во трајна сопственост на општина Дебрца, за да може да ја користи за развој на екотуризам, набљудување див свет и рекреација на посетители.
Изградбата на инфраструктурата е во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“, кој започна на 1 јуни 2020 г. и ќе трае до 31 мај 2022 г. Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје, теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето на блатото. – информира Ѓоко Зороски од Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид.
Проектот е финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF) – кои го препознаа блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата држава.
Mar 17, 2021
Врз основа на член 19 и член 23 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“ брoj 68/2004; 127/2006; 114/2009; 83/2010; 140/2010; 17/2011; 53/2011; 6/2012; 23/2013; 120/2013; 163/2013; 187/2013; 42/2014; 112/2014; 166/2014; 44/2015; 97/2015; 124/2015; 129/2015; 193/2015; 37/2016; 71/2016; 64/2018; 140/2018 и 163/2018),Одлуката за заедничко организирање на јавен линиски превоз на патници, донесена од советот на општина Дебрца ( “Службен гласник на општина Дебрца”, број 13/2013 ), Одлуката за заедничко организирање на јавен линиски превоз на патници, донесена од советот на општина Охрид ( “Службен гласник на општина Охрид”, број 03/2014 ), и Спогодбата за заедничко организирање на линискиот превоз на патници, број 03-3286/1, од 25.03.2014 година и број 03-1463/3, од 27.03.2014 година се објавува:
ЈАВЕН ПОВИК БРОЈ 02/2021
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ ЗА ВРШЕЊЕ НА МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ КОЈ ЗАЕДНИЧКИ ГО ОРГАНИЗИРААТ ОПШТИНА ДЕБРЦА И ОПШТИНА ОХРИД
- ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на Јавниот повик е доделување на дозволи за вршење на меѓуопштински линиски превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Дебрца и општина Охрид, на линии од градот Охрид до населените места во општина Дебрца и обратно, и тоа:
|
ред.
број
|
назив
на линијата |
автобуски стојалишта |
| 1. |
Охрид-село Врбјани |
Автобуска станица Охрид, Мини маркет, Градски пазар, Даљан, село Подмолје, село Оровник, село Горенци, село Требеништа, село Мешеишта, село Ботун,село Ново Село, село Песочани,село Лактиње, село Годивје, село Арбиново, село Сливово, село Врбјани |
| 2. |
Охрид-село Слатино |
Автобуска станица Охрид, Мини маркет, Градски пазар, Даљан, село Подмолје, село Оровник, село Горенци, село Требеништа, село Мешеишта, село Ботун,село Ново Село, село Песочани,село Издеглавје, село Оздолени, село Слатино |
| 3. |
Охрид – село Велмеј |
Автобуска станица Охрид, Мини маркет, Градски пазар, Даљан, село Подмолје, село Оровник, село Горенци, село Требеништа, село Мешеишта, село Ботун,село Злести, село Белчишта, село Лешани, село Велмеј |
Возните редови за горенаведените линии се утврдени со Спогодбата за заедничко организирање на линискиот превоз на патници и се дадени во Документацијата, која е составен дел на Јавниот повик.
Локациите на автобуските стојалишта се утврдуваат со одлуки на советите на општините и нивното оддржување е обврска на општините. Превозниците се должни да се придржуваат кон утврдените локации на автобуски стојалишта.
Овој Јавен повик е согласно и со член 22-б од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“ број 174/2018) кој гласи:
„Бесплатниот превоз на ученици утврден со Законот за основното образование и Законот за средното образование на подрачјата на општините каде што има утврден возен ред се врши од страна на носителите на дозвола за општински линиски превоз, по цени и на начин утврдени од советите на општините и Советот на град Скопје“.
Дозволите за вршење на меѓуопштинскиот линискиот превоз на патници се доделуваат за времетраење од 5 ( пет ) години.
За линиите за кои се доделуваат дозволите општина Дебрца и општина Охрид може да доделуваат субвенции, по претходно донесени одлуки од страна советите на општините, согласно буџетите на општините за соодветната година.
Превозниците кои ќе добијат субвенции се должни да обезбедат бесплатен годишен превоз на инвалидизирани лица (глуви, слепи, телесни инвалиди), лица со интелектуална попреченост и родители на деца со церебрална парализа, по доставени списоци од соодветните здруженија, потврдени од надлежните подрачни министерства/фондови.
- ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
2.1. Право на учество на јавниот повик имаат правни лица, под услови утврдени со документацијата за јавниот повик и тоа:
- имаат важечка лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници и важечки изводи од лиценца за секое возило;
- се впишани во Централен регистар на РМ и имаат регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра: вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај;
- се сопственици на најмалку две регистрирани возила по линија или да имаат договор за лизинг, за возила со најмалку 20 седишта, кои ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови за моторни возила наменети за вршење на општински линиски превоз;
- имаат вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило;
- имаат обезбедено сертификат за професионална компетентност за управителот или за овластеното лице одговорно за превоз во правното лице;
- имаат добар углед;
- во возилата имаат вграден фискален апарат;
- имаат доказ дека против правното лице не се води постапка за стечај и ликвидација.
Заинтересираните правни лица имаат право за секоја линија да поднесат поединечни понуди, во посебен плик, со напомена дека предмет на евалуација се понуди, почнувајќи од линија „1“. Во случај да е искористен понудениот капацитет на превозни средства со добивање на “првата линија”, сите понуди за следните линии се сметаат како да не се поднесени.
Јавниот повик се смета за успешен и во случај ако биде доставена најмалку една понуда што ги исполнува сите услови и барања предвидени во документацијата за Јавниот повик.
- 3. КРИТЕРИУМИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА НА ПОНУДУВАЧИТЕ
За да учествуваат во постапката за доделување на дозволи, односно за да може понудите да се оценуваат/евалуираат, понудувачите треба да се квалификувани како способни, за што мора да ги исполнат критериумите за утврдување на нивната способност, кои се поблиску дадени и опишани во документацијата за јавниот повик.
Понудувачите треба да потпишат Изјава дека ги прифаќаат условите од документацијата за јавниот повик и моделот на договор, кој е составен дел на документацијата.
- ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Потребната документација е утврдена во документацијата за јавниот повик за доделување на дозволи за вршење на меѓуопштински линиски превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Дебрца и општина Охрид.
- КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА
Доделувањето на дозволите ќе се изврши по пат на евалуација на понуди со поднесување на затворени пpијави.
Пријавите се поднесуваат во затворен плик до Комисијата, а се отвораат јавно во присуство на овластени лица на подносителот.
Доставените пријави се бодуваат според следните критериуми:
- За просечна старост на возилата што превозникот ќе ги користи за меѓуопштинскиот линискиот превоз на патници, превозникот може да добие најмногу 30 бода, и тоа:
- до 5 години просечна старост на возилата – 30 бода
- од 6 години до 10 години – 20 бода
- повеќе од 10 години – 10 бода
- За број на вработени, превозникот може да добие најмногу 30 бода, и тоа:
- до 5 вработени – 10 бода
- од 6 до 10 вработени – 20 бода
- повеќе од 10 вработени – 30 бода
- За исполнување еколошки стандарди на возилата, за пресметан просек, превозникот може да добие најмногу 40 бода, и тоа:
- од Еуро 2 до Еуро 3 – 10 бода
- од Еуро 3 до Еуро 4 – 20 бода
- од Еуро 4 до Еуро 5 – 30 бода
- над Еуро 5 – 40 бода
Во случај на ист број бодови, предност има превозникот кој има прв поднесено понуда во архивата на општина Дебрца.
- НАЧИН И АДРЕСА НА ПОДИГНУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЈАВЕН ПОВИК
6.1 Документацијата за јавниот повик ќе биде објавена на www.debrca.gov.mk а истата може да се подигне секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот , во архивата на Општина Дебрца, со седиште во село Белчишта, најдоцна еден ден пред рокот утврден во точка 7.1.
- 7. РОК, АДРЕСА И НАЧИН НА ИЗГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
7.1. Краен рок на поднесување на понудите е 31.03.2021 година до 12:00 часот по локално време.
7.2. Понудите се доставуваат преку пошта или директно во архивата на Општина Дебрца, 6344 село Белчишта.
7.3. Понудувачот го поднесува оригиналниот примерок на Пријавата ( Прилог 1 ) во запечатен внатрешен плик, кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса, со назнака „Пријава за јавен повик“ во горниот лев агол.
7.4. Документите за утврдување на способност на понудувачите се поднесуваат во посебен запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса, со назнака „Документи за утврдување на способноста “ во горниот лев агол.
7.5. Внатрешните пликови се приложуваат во запечатен надворешен плик кој:
- е адресиран со целосна и точна адреса на Општина Дебрца;
- го содржи бројот на Јавниот повик; и
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“.
7.6. Доколку сите пликови не се запечатени и обележани како што е погоре утврдено, Општина Дебрца не презема одговорност за губење или предвремено отворање на понудата.
- ЈАЗИК НА ПОНУДАТА
Понудата се изготвува и доставува на македонски јазик.
- ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
9.1. Јавното отворање на понудите ќе се изврши на ден 31.03.2021 година во 12.05 часот, по локално време, во просториите на салата за седници на советот на општината, административна зграда на Општина Дебрца, 6344 село Белчишта.
9.2. Предмет на разгледување се понудите кои се пристигнати до денот и часот утврден во точка 7.1. Понуди пристигнати по датумот и часот утврден во точка 7.1. ќе се сметаат како ненавремени и нема да бидат предмет на разгледување.
9.3. Секој што сака да присуствува на отварањето на понудите, своето право на присуство го регулира со поднесена писмена најава најкасно 1 (еден) ден пред денот на јавното отварање.
10.ПОЈАСНУВАЊА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
10.1. Појаснувања и дополнителни информации во врска со Јавниот повик заинтересираните лица можат да побараат до Комисијата за спроведување на постапката, на телефон 046 286 855 или да постават прашања во писмена форма на следната електронска адреса : contact@debrca.gov.mk.
Краен рок за поставување прашања: 29.03.2021 година.
11.Постапката по Јавниот повик ќе ја спроведе Комисијата формирана од градоначалникот на Општина Дебрца и градоначалникот на Општина Охрид.
Комисија за спроведување на постапката,
Даниел Паункоски – претседател
Димитар Велјаноски – член
Климент Талески – член
Документација за јавен повик – општински линиски превоз 02/2021