Mar 15, 2021
Советот на општина Дебрца денес ја одржа 46-та редовна седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
- На оваа седница Советот го усвои Извештајот за остварување на Буџетот на општина Дебрца за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година и Завршната сметка на Буџетот на општина Дебрца за 2020 година. Од проектираниот буџет за 2020 година од 112.000.000 денари остварен е приход во вкупен износ од 87.652.381 денари или оствареност од 78%.
- Советот усвои дополнување на Годишната програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги за 2021 година, предвидувајќи партерно уредување на дворното место во црква Св.Јован село Белчишта и црква Св.Никола село Брежани.
- Советот донесе одлука за формирање на Локален совет за превенција, како советодавно тело кое се формира согласно законот за полиција, со цел навремено да се детектираат, анализираат и решаваат определени безбедносни проблеми во општина Дебрца.
- Советот донесе одлуки за доделување материјална помош на три црковни одбори и тоа: црковен одбор село Требеништа за донирање на 7 електрични столба/ бандери и 750 м електричен проводник за обезбедување електрична енергија до местноста “Св.Варвара”, на црковниот одбор село Издеглавје за донирање на 500 м електричен проводник за обезбедување електрична енергија до црквите “Св.Никола” и “Св.Софија” и на црковниот одбор село Велмеј за донирање на електричен проводник за осветлување на крст во црква “Св.Спас”.
- Советот донесе одлука за доделување субвенција на ЈП “Дебрца”, во износ од 112.111,00 денари за плаќање на надоместок за приклучување на електродистрибутивната мрежа на новата пумпна станица во село Требеништа.
- Советот донесе одлука за доделување еднократна субвенција од по 30.000 денари на превозниците кои го вршат линискиот превоз на патници, заради ублажување на последиците предизвикани од ковид кризата и нерентабилноста на возните линии.
- Советот го донесе Урбанистичкиот план за село Песочани, со што се создаваат предуслови за урбан развој и на ова населено место.
Mar 13, 2021
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта ”, кој се реализира од Министерството за транспорт и врски, со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проектот: “Реконструкција на патниот правец село Злести-село Белчишта ( врска со регионален пат ) и изградба на обиколница околу село Злести”, како продолжение на патниот правец село Лешани-село Злести, во вкупна должина од 2121 метри.
Проектот е одобрен и на 10 Март преку Министерството за транспорт и врски е објавен вториот тендер за локални патишта, меѓу кои е и нашиот аплициран проект ( Тендер 2 Дел 3 ) .
По завршувањето на тендерот ( крајниот рок е 8 Април ) очекуваме да започне реализацијата на проектот.
Градиме по План-от!
Mar 12, 2021
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 46-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 46–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 15.03.2021 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записникот од 45-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2020 година
- Предлог – Одлука за усвојување Анекс на Годишната програма за работа на ООУ „Дебрца“ с.Белчишта за учебната 2020/2021 година
- Предлог – Годишна програма за изменување и допоплнување на Годишната програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2021 година
- Предлог – Одлука за давање донација на црковен одбор на Црква „Св. Никола“ село Требеништа
- Предлог – Одлука за давање донација за црковен одбор на Црква „Св. Софија“ село Издаглевје
- Предлог – Одлука за формирање Локален совет за превенција на Општина Дебрца
- Предлог – Одлука за избор на Претседател и членови на Локален Совет за превенција на Општина Дебрца
- Предлог – Одлука за доделување субвенција а Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Петре Голабоски
Feb 26, 2021
Одлука за јавен повик во прилог.
