Mar 16, 2026
Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“, број 5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24), член 17-а став 2 од Законот за Јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ број 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на РСМ“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25), како и Правилникот за формата и содржината на Јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Управен и Надзорен одбор на Јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците з пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на РСМ“ бр. 213/2024) и член 21 од Статутот на општината Дебрца („Службен гласник на општината Дебрца“, број 3/2005), а по предлог на Градоначалникот, Советот на општината Дебрца, објавува :
ЈАВЕН ПОВИК
за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта
- Предмет на Јавниот повик
Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на членови на Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта.
Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управен и надзорен одбор на Јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на РСМ“ број 213/2024)
- Право на учество
Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите во Јавниот повик.
Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Дебрца www.debrca.gov.mk и на веб страната на ЈПКД „Дебрца“.
- Услови кои треба да се исполнат согласно Законот за Јавни претпријатија
За члено на Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта може да биде лице кое ги исполнува следните услови :
– е државјанин на Република Северна Македонија ;
– има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование ;
– во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност, должност.
Членовите на Управниот одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта, треба да имаат најмалку 5 години работно искуство, и тоа :
– најмалку еден член на Управниот одбор со работно искуство од областа на финансиско работење и
– најмалку еден член на Управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи.
- Начин на пријавување на Јавниот повик
Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација :
– Образец за пријавување ;
– Кратка биографија ;
– Уверение за државјанство ;
– Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование ;
– Доказ дека во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност ;
– Доказ дека има најмалку пет години работно искуство од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на РСМ ;
– Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.
Документите треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на општина Дебрца с.Белчишта, со назнака : За Јавен повик за пројавување интерес на кандидати за избор на членови на Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта.
- Рок на пријавување
Јавниот повик се објавува на ден 16.03.2026 година и трае 5 (пет) дена, односно најдоцна до 20.03.2026 година.
Непополнетата пријава како и некомплетна докуентација и документација доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
Прилог:Одлука за Јавен повик за управен одбор
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Број 08-318/7 ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА
13.03.2026 година Иван Стрезоски
с.Белчишта
Mar 16, 2026
Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа „(Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 39 став 1 точка 9 од Статутот на Општина Дебрца, како и Правилникот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети во Република Македонија број 01-341/1 од 12.03.2026 година, Градоначалникот на општина Дебрца објавува:
КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети во Република Македонија
- Воведни напомени
Општина Дебрца доделува стипендии на редовни студенти од општина Дебрца запишани на додипломски студии на државните и приватните универзитети во Република С. Македонија. Студентските стипендии се доделуваат со цел поттикнување на високото образование, поддршка на талентирани студенти, поддршка на студенти кои потекнуваат од социјално ранливи семејства, поддршка на студенти со ретки болести и студенти со посебни потреби.
Стипендиите се доделуваат за 9 (девет) месеци во текот на една академска година.
Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно.
Стипендиите се доделуваат во три категории:
А) Стипендии за студенти со висок успех во студирањето;
Б) Стипендии за студенти кои потекнуваат од социјално ранливи категории на семејства;
В) Стипендии за студенти со ретки болести и студенти со посебни потреби.
Стипендиите се неповратни.
А) Стипендии за студенти со висок успех во студирањето;
Право на стипендија за успех имаат студенти кои ги исполнуваат следните услови:
- да се редовни студенти на додипломски студии;
- да се жители на општина Дебрца;
- да не повторувале година во текот на студирањето;
- да не се корисници на друга стипендија;
- да имаат постигнато висок просечен успех.
Минималниот просечен успех за добивање стипендија за успех изнесува:
– најмалку 7,50 за студенти на природно-математички, техничко-технолошки, биотехнички и медицински науки;
– најмалку 8,00 за студенти на општествени науки, уметности и други студиски програми.
– за студентите од I година да имаат континуиран одличен успех во текот на Средно образование ;
– Студентите треба да имаат положено најмалку 80% од предвидените испити од претходните студиски години.
Начин на пријавување
Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk или да го подигнат во пријавницата на Општина Дебрца.
Со пријавата потребно е да ги достават следните документи:
1.Копија од лична карта;
- Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2025-2026 година (копија или во оригинал);
3.Копија од трансакциска сметка;
4.Копија од уврение за положени испити од кои ќе може да се утврди просекот;
5.Копија од Свидетелства од Средно образование доколку се работи за кандидат од I година на додипломски студии ;
- Изјава потпишана од студентот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или компанија;
- Изјава потпишана од студентот за обработка на личните податоци.
Б) Стипендии за студенти кои потекнуваат од социјално ранливи категории на семејства;
Право на стипендии за редовни студенти на додипломски студии кои живеат во потешки социјални услови, имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:
- да се жители на општина Дебрца;
- да се редовни студенти запишани на прв циклус додипломски студии на државните и приватните универзитети во РСМ;
- да живеат во потешки социјални услови (со вкупни примања во семејството од максимум две минимални плати) – (студенти кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран родител, без родител, од семејства кои се социјални случаи – приматели на еднократна или постојана парична помош, студентот од прва линија во семејството има лице со посебни потреби или ретки болести);
- да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании;
Минималниот просечен успех за добивање стипендија за успех изнесува:
– најмалку просечен успех 7,00 за студентите од повисоките години на студии, или- континуиран многу добар успех во средното образование за студентите запишани во прва година.
– Студентите треба да имаат положено најмалку 80% од предвидените испити од претходните студиски години.
Начин на пријавување
Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk или да го подигнат во пријавницата на Општина Дебрца.
Со пријавата потребно е да ги достават некој од следните документи: (согласно категоријата по која аплицираат)
- Копија од лична карта;
- Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2025-2026 година (копија или во оригинал);
- Копија од трансакциска сметка;
- Копија од уврение за положени испити од кои ќе може да се утврди просекот;
- Копија од Свидетелства од Средно образование доколку се работи за кандидат од I година на додипломски студии ;
- Потврда за висината на примања (Годишна пријава) на сите членови на семејството на студентот издадена од УЈП;
- Копија од извод на умрени за ученици од самохран родител или без родители, Копија од Решение од Суд за развод на брак за студент од самохран родител;
- Копија од потврда дека семејството е корисник на социјална помош;
- Изјава потпишана од студентот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или компанија;
- Изјава потпишана од студентот за обработка на личните податоци.
В) Стипендии за студенти со ретки болести и студенти со посебни потреби;
Право на стипендии за редовни студенти со ретки болести и студенти со посебни потреби, имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:
- да се жители на општина Дебрца;
- да се редовни студенти запишани на прв циклус додипломски студии на државните и приватните универзитети во РСМ;
- Да имаат најмалку просечен успех 7,00 за студентите од повисоките години на студии, или
- Да имаат многу добар успех во средното образование за студентите запишани во прва година;
- медицинска документација или потврда од надлежна здравствена институција за студенти со ретки болести;
- решение или медицинска документација за утврден степен на попреченост за студенти со посебни потреби.
Начин на пријавување
Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk или да го подигнат во пријавницата на Општина Дебрца.
Со пријавата потребно е да ги достават некој од следните документи: (согласно категоријата по која аплицираат)
- Копија од лична карта;
- Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2025-2026 година (копија или во оригинал);
- Копија од уврение за положени испити од кои ќе може да се утврди просекот;
- Копија од Свидетелства од Средно образование доколку се работи за кандидат од I година на додипломски студии ;
- Изјава потпишана од студентот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или компанија;
- Изјава потпишана од студентот за обработка на личните податоци.
- Копија од трансакциска сметка;
- Дијагноза утврдена од надлежна здравствена институција со која се евидентирани во Регистарот на лица со ретки болести во Република Северна Македонија;
- Соодветно решение или медицинска документација издадена од надлежна институција за Студенти со посебни потреби (лица со попреченост).
Конкурсот се објавува на огласна табла во општината и на ВЕБ страната на општината.
Конкурсот трае 20 дена од денот на објавување, односно најдоцна до 04.04.2026 година.
Пријавите со потребните документи, студентите треба да ги достават по пошта, на адреса : Општина Дебрца, 6344 село Белчишта, во затворен плик , со назнака : „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување на ученички и студентски стипендии“ или лично во архивата на општина Дебрца.
Ранг листата со избраните кандидати ќе биде објавена на : www.debrca.gov.mk
- ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Со секој студент на кој му е доделена стипендија ќе биде склучен посебен Договор во кој подетално ќе се уредат начинот и условите за користење на стипендијата.
На студентот кој ќе даде лажни податоци поврзани со остварувањето на правото на стипендија ќе му биде раскинат Договорот за користење на стипендијата, а исплатените средства е должен да ги врати на општината.
На студентот ќе му биде раскинат Договорот за користење на стипендија и во случаи на недолично однесување во средината (противзаконски дејствија и нарушување на јавниот ред и мир).
Прилог:Пријави и Изјави
Градоначалник
Златко Сиљаноски