Apr 17, 2024
На Електронскиот систем за јавни набавки објавен е огласот за јавна набавка на пумпа за пумпната станица и санација на резервоарот во село Мешеишта.
Со проектот се планира набавка и монтажа на нова вертикална центрифугална пумпа и поставување на целосно нова електрика во пумпната станица.
Исто така, ќе се изврши санација на стариот резервоар, кој поради застареност е во многу лоша состојба и со големи загуби на вода.
Ова е почетна фаза од инвестирањето во водоснабдителниот систем во село Мешеишта.
Се планира да се обезбедат средства за целосна реконструкција и на уличната водоводна мрежа, а за што општината има изготвено инвестиционо-техничка документација-основен проект.
Ќе се изработи и Студија за економска оправданост од поставување на фотонапонска централа кај пумпната станица.
Apr 12, 2024
Изминатава седмица преку програмата за јавни работи реализирани се повеќе активности
Чистење на речното корито во урбаниот дел / низ село/ Волино,во должина од околу 1400 метри,
Косење на зелени рекреативни површини кај детско игралиште во село Оровник,
Косење на јавни зелени површини во центарот на село Требеништа,
Косење на парк во детско игралиште село Волино и јавни површини во центарот,
Косење на јавни зелени површини кај спортски полигон и поранешна општинска зграда село Мешеишта,
Косење на јавни зелени површини во центарот на село Белчишта,
Косење на јавни зелени површини на “Исток”,село Велмеј,
Чистење на дива депонија од градежен шут во близина на Селскиот дом,село Велмеј.
Продолжуваме во континуитет и во останатите населени места
Apr 12, 2024
Општинската изборна комисија Дебрца Ве известува гласањето за избор на Претседател на Република Северна Македонија на ден 24.04.2024 година и избор на Пратеници во Собрание на Република Северна Македонија кое ќе се одржи на ден 08.05.2024 година за гласачите на Избирачките места:
Избирачко Место-1327-Сошани
Избирачко Место-1326-Оздолени
Гласањето за двете избирачки места ќе се спроведе во Задружниот дом во с.Оздолени.
Избирачките места :
– 1328 – Сливово
– 1329 – Арбиново
– 1330 – Мраморец
– 1331 – Турје
– 1334 – Лактиње
Гласањето за наведените избирачки места 1328, 1329, 1330, 1331 и 1334 ќе се спроведе во Црковната трпезарија во Село Лактиње.
Известување избирачко место 1327 и 1326 Оздолени
Известување избирачко место 1328, 1329, 1330, 1331 и 1334 – Лактиње
Apr 10, 2024
Почитувани наши сограѓани, верници од исламска вероисповед, Ви го честитам големиот верски празник – Рамазан Бајрам.
Нека празникот Ви донесе многу здравје, радост,спокој и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски.
Љубовта кон ближните и хуманоста кон посиромашните нека ни биде водилка и сега и во иднина.
Нека владее добрата мисла и добрите човекови дела, како за празникот, така и во текот на целата година.
Ваквите вредности се богатство во нашето општество и нивното зачувување е наша обврска.
Нека е честит големиот верски празник – Рамазан Бајрам.
Apr 5, 2024
Деновиве завршија градежните активности за изградба на пристапниот пат кој ја поврзува манастирската црква “Св.Недела”, во Требеништа со локалниот пат, односно се изврши тампонирање и асфалтирање на потегот од поштата до манастирската црква “Св.Недела”