Се санираат штетите настанати од обилните врнежи на дожд
Тампонирана улица во село Мешеишта
На дел од жителите во с. Мешеишта им обезбедивме полесен пристап до дома, со што конечно се надминува проблем кој со години наназад им го отежнуваше секојдневното движење, особено во врнежливи денови и во зимскиот период.
Иако се работи за само двајца жители, за нас тоа не е „само бројка“, туку човечки потреби и достоинствен живот.
Како Општина Дебрца, наша обврска е да создадеме подобри услови за секој жител, без исклучоци и без разлика каде живее.
Продолжуваме посветено да работиме и да одговараме на реалните потреби на граѓаните.
Ги повикуваме жителите да продолжат да ги споделуваат своите проблеми и предлози.
Секој жител за нас е важен.
Известување до населени места Белчишта, Долно Средорече, Лешани, Велмеј, Требеништа и Волино за распоред за подигање на комунален отпад во неработни денови 06.01.2026г и 07.01.2026г (Бадник и Божиќ)
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Белчишта, Долно Средорече, Лешани и Велмеј дека поради неработниот ден 06.01.2026 Вторник (Бадник), комуналниот отпад ќе се подигне во Четврток на 08.01.2026г.
JП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Требеништа и Волино дека поради неработниот ден 07.01.2026 Среда (Божиќ), комуналниот отпад ќе се подигне во Петок на 09.01.2026г.
Известување до населени места Мешеишта и Климештани за распоред за подигање на комунален отпад во неработен ден 01.01.2026 година
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Мешеишта и Климештани дека поради неработниот ден 01.01.2026 Четврток (Нова Година), комуналниот отпад ќе се подигне наредниот ден во Петок на 02.01.2026 година.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат граѓаните дека Општина Дебрца на ден: 02.01.2026 и 05.01.2026 година нема да работи , поради спојување на верските празници.
Работата со странки ќе продолжи на: 08.01.2026 година.
Ви благодариме на разбирањето.
Општина Дебрца
Градоначалник,
Златко Силјаноски
