Jun 14, 2023
Ставена е во функција пумпната станица ” Св.Еразмо”.
Со демонтажа на постоечките метални водоводни цевки ф315 мм и замена со полиетиленска HDPE цевка ф315 PN 16 во должина од 180м како и замена на фасонските елементи кои се составен дел од овој водводен систем, решена е една од најкритичните точки од водоводниот систем, на потегот каде што поради застареност и корозираност на цевките се појавуваа многу чести дефекти и испади на целиот водоводен систем од “Св.Еразмо.”
Вкупната вредност на работите изнесува 3.782.826 денари, средства обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.
Jun 14, 2023
Преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, а по аплициран проект до Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедени се 2.000.000 денари за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3 ,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.
Во наредниот период ќе се пристапи кон објавување на тендерската постапка со што ќе се имплементира проектот.
Jun 8, 2023
Во село Лактиње се завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на селото.
Во должина од 110 метри каналот е уреден со коругирани одводни цевки фи 250, а во должина од 22 метри отворен и бетониран, покриен со метални решетки.
Вкупната вредност на работите изнесува 313.054 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.
May 18, 2023
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта”, кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски, со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проект за реконструкција на улица во село Волино.
Со проектот се предвидува реконструкција на улица во село Волино, на потегот од кај расадник “Розенталис” , на општински пат село Мешеишта-село Волино до мост на река Сатеска, на општински пат село Волино-село Требеништа, како и реконструкција на плоштадот во селото.
По поднесувањето на апликацијата и потребната документација ( основен проект, сообраќаен проект, проект за уличното осветлување, елаборат за експропријација, одобрение за градење и друга документација ) и спроведување на постапка за одобрување, проектот е одобрен.
Министерството за транспорт и врски го објави тендерот за избор на економски оператор-изведувач на градежните работи, кој завршува на 23 Мај 2023 година.
По завршувањето на тендерската постапка и склучување на договор со најповолниот понудувач се очекува да започне имплементацијата на проектот
http://mtc.gov.mk/javniOglasi/1-15?fbclid=IwAR2KdqsAzpsIoR2v2U6AAa8jfX3gxSCkRf14masiIoZc1jt6TFHO7eJbgWc
May 17, 2023
Денес во општина Дебрца, во присуство на претставници на општината, Единицата за спроведување на ПЕЕЈС при Министерството за финансии , Одборите на корисници претставниците на Градежен институт Македонија ја презентираа Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца.
Во презентацијата се претставени и воедно се разговараше за мерките кои може да се имплементираат во рамки на 3 (три) разгледани технички сценарија заедно со финансиската анализа за истите.
Физибилити студијата е изработена за потребите на подпроектот “Модернизација на јавното осветлување во населените места во општина Дебрца”, за кој општината има аплицирано за добивање на подзаем и грант од Министерството за финансии, а во рамки на средствата обезбедени со Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка.
May 13, 2023
Во село Лактиње, во централниот дел на селото во тек се градежни активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување.
Во должина од 110 метри каналот ќе биде уреден со коругирани одводни цевки фи 250, а во должина од 22 метри ќе биде отворен и бетониран, покриен со метална решетка.
Вкупната вредност на работите изнесува 313.054 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.