Select Page
Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2019/2020 година

Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2019/2020 година

 

Потребните документи можете да ги спуштите на следниот ЛИНК

ОУ Дебрца доби донација од 150 м3 дрво за огрев

Врз основа на договорот кој општина Дебрца го склучи со Јавното претпријатие за државни патишта на општината и се отстапени на располагање околу 300 метри кубни огревно дрво, кое се наоѓа покрај делницата на Автопатот А2 во изградба.

Општината има обврска да изврши сечење, дотур и транспорт на донираното огревно дрво.

Со работна сила од Јавното комунално претпријатие и ангажирани работници согласно годишната програма за јавни работи досега се обработени околу 150 метри кубни и огревното дрво е транспортирано за потребите на Основното училиште.

Со донираното огревно дрво се обезбедуваат количини за греење на Основното училиште за најмалку две учебни години, со што се заштедуваат околу 600.000 денари.

Заштедените средства со Буџетот на општина Дебрца за 2020 година ќе се пренаменат за инсталирање на централно греење во зградата на училиштето во село Оровник.

Се интензивира реконструкција на училишната зграда на ПУ с.Мешеишта

Се интензивира реконструкција на училишната зграда на ПУ с.Мешеишта

Вложувањето во образованието е градење на скапоцен потенцијал и инвестиција во иднината на општината и државата.

Тргнувајќи од таа цел, од почетокот на мандатот моја заложба е да го подобриме квалитетот во образованието, како и условите за работа.

Продолжуваме да инвестираме во образованието и во оваа прилика Ве информирамe за Проектот- “Реконструкција на училишната зграда на ПУ с.Мешеишта “, кој е во тек на имплементација.

Со проектот се врши целосна реконструкција на просториите на поранешната ЗЗ “Славеј”, а кои се составен дел на училишната зграда и за кои се планира во иднина да се оспособат како Центар за дневен престој на деца, се адаптираат простории за котлара за централно греење на училишната и општинската зграда, се санираат оштетените делови во училниците и санитарните јазли во училиштето и се поставуваат радијатори .

Вкупната вредност на работите изнесуваа 3.075.504 денари, а средствата, во износ од 2.500.000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, програма за рамномерен регионален развој за 2019 година, по поднесена апликација од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а преостанатиот износ ќе се обезбеди од општинскиот буџет.

Бесплатна ужинка за сите ученици во ОУ “Дебрца” и оваа учебна година

Бесплатна ужинка за сите ученици во ОУ “Дебрца” и оваа учебна година

Од денес продолживме со мерката- ужинка за секој ученик во основното училиште, која за првпат ја воведовме минатата учебна година.
Секој ученик ќе добива ужинка во текот на учебната година.
Средствата за ужинката се обезбедени во буџетот на општина Дебрца.
Со оваа мерка сакаме малку да го растеретиме семејниот буџет на родителите, а повеќе да го потенцираме социјалниот моментум, односно до израз да дојде социјалната рамноправност на учениците.
И оваа година продолжуваме и со другите мерки: бесплатна екскурзија, финансиска поддршка за талентираните ученици, награда за првенец и ученици на генерација, поддршка за училишните спортови.

Хортикултурно уредување на мини плоштадот во Оровник

Хортикултурно уредување на мини плоштадот во Оровник

По минатогодишното хортикултурно уредување на дворното место во училиштето, Оровник ќе добие уште еден уреден простор, околу јарболот со македонското државно знаме.
Отпочнати се работите за уредување на овој простор.
Со проектот се предвидува преуредување на постоечката бекатон патека, изградба на нова бекатон патека, во должина од 109 метри, изградба на бекатон платформа за детско игралиште, во површина од 38 мкв, изградба на ѕид од фугиран камен, во должина од 80 метри, засадување на трева, во површина од 1384 мкв, засадување на пет високостеблести растенија, поставување на 9 клупи за седење, 9 корпи за отпадоци, детски реквизити, улично јавно осветлување од 6 канделабри и декоративни парковски светилки.
И се подразбира, ново знаме.
Вкупната вредност на работите изнесува 1.343.356 денари, а средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој, Програма за развој на села ( 600.000 денари ) и Буџетот на општина Дебрца за 2019 година ( 743.356 денари ).
Продолжуваме да градиме по План – от.