May 2, 2025
Со оглед на тоа да стариот резервоар за водоснабдување на село Мешеишта е во лоша состојба и со големи загуби на вода ,започна проект за ставање во употреба на резервоарот изграден во 1998 година и кој до денес не беше ставен во употреба,бидејќи е изграден на повисока висинска кота и постои опасност зголемениот притисок да доведе до пукање на цевките од уличната мрежа.

Со проектот кој е во тек се врши санација на неупотребуваниот резервоар,изведба на шахти со линиски вентили од стар и нов резервоар кон селото и потис кон стар и нов резервоар со нивно поврзување,како и изведба на шахти со линиски вентили и шахти со регулатор на притисок на водоводната мрежа во село Мешеишта.
Со овие активности и со претходното инсталирање на нова пумпа во пумпната станица целта е да се обезбеди економично користење на водата од водоводниот систем.
Вкупната вредност на работите изнесува 5.251.558 денари,а се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година
Apr 24, 2025
На денешната седница советот на општина Дебрца едногласно донесе одлука од Буџетот на општината да се доделат 200.000 денари финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани.
Средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка за донации на Црвениот крст.
Apr 24, 2025
Комисијата составена од: Билјана Суклоска Милошеска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Крсте Јорданоски – член на Советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.09-402/2 од 18.03.2025 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно Правилнникот за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебна 2024/25 година, утврди дека ги исполнуваат условите следните кандидати:
- Трајкоски Наумче Павел
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Скоклеска Разме Ивана
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Донески Гоце Филип
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Печоска Ромео Викторија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Бујароска Сашо Климентина
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Цветаноска Златко Мартина
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Маркоска Даниел Ана Марија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Каланоски Павел Славица
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Лошкоска Маријан Теона
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Андоноска Гоце Марија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Нелоска Игор Анабела
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Нелоски Симе Лео
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Силјаноска Александар Јана
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Жилеска Панче Марија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
Apr 24, 2025
Комисијата составена од: Билјана Суклоска Милошеска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Крсте Јорданоски – член на Советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.09-402/2 од 18.03.2025 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно Правилнникот за доделување стипендии на редовни студенти на запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С.Македонија за студиска 2024/25 година, утврди дека ги исполнуваат условите следните кандидати:
- Јонческа Ѓоко Моника
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Јосифоска Страшо Марија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Трајкоски Наумче Ивана
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Целакоска Илија Емилија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Нелоски Игор Давид
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Ристеска Сашо Елена
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Митреска Зоран Зорица
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Цветкоски Милан Дамјан
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Голабоска Петре Јана
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
Apr 23, 2025
Во село Мешеишта завршено е поврзувањето на соблекувалната на фудбалското игралиште на нисконапонската електрична мрежа.
Ископан е каналски ров и поставен кабел во должина од околу 100 метри и поставена е потребната електроопрема.
Apr 22, 2025
Деновиве во село Оровник заврши изградбата на детското игралиште/катче кај селската чешма, на изградбата и предходеше поставување на гумена подлога, поставување на детски реквизити, обложување на влезни скали со камени плочки и поставување на корпи за одпадоци.
Средствата за изградбата се обезбедени од Буџетот на Општина Дебрца.