Dec 3, 2024
Денес се одбележува 3 Декември-Светскиот ден на лицата со посебни потреби.
И не само денес, туку секој ден треба да им го посветуваме на овие лица и да обезбедиме нивна целосна инклузија во општеството.
Како општина и во изминатиот период и во иднина ќе преземаме повеќе мерки за подобрување на нивната општествена положба ( финансиска поддршка на програмските активности на нивните здруженија, олеснет пристап до јавните институции и други активности на кои сме обврзани и со националното законодавство и со меѓународните договори ).
Dec 3, 2024
Во училишната зграда во село Оровник во тек е монтирање на централно топловодно греење.
Ќе биде монтирана топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.
Претходно со топловодно греење беа обезбедени училиштата во село Мешеишта и село Требеништа.
Со ваквите проекти ги подобруваме условите за учење не само на сегашните,туку и на идните генерации.
Nov 30, 2024
По снежните врнежи кои ја зафатија територијата на општина Дебрца особено селата во (горна дебрца), а во согласност со подготовките за зимската сезона, екипите на Општина Дебрца и ЈПКД-Дебрца за зимско одржување на патиштата веднаш се упатија на терен. Тие активно работат на расчистување на патиштата и обезбедување на безбедноста на сообраќајот.
Ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да се придржуваат кон сите безбедносни упатства при движењето во услови на снег и лед да ги почитуваат законските обврски кои се во важност од 15 ноември за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година.
Nov 28, 2024
На Вчерашната седница на советот на општина Дебрца беа усвоени дополнувањата на Правилникот за доделување на еднократна парична помош, со што се создаде можност на предлог на Комисијата за финансирање и буџет градоначалникот на општината да донесе решение за доделување на еднократна парична помош, во износ од 30.000 денари, за лекувањето на малата Теодора Петреска.
Посакуваме Теодора да се излекува и да биде како сите други дечиња, да има среќно и безгрижно детство.
Nov 27, 2024
Во село Оровник завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма.
Во оваа фаза се изврши заградување на просторот со нова метална ограда,поставување на летниковец,санација на постојните клупи ,поставување на детски реквизит-клацкалица и поставување на 6 канделабри за јавно осветлување.

Во втората фаза,за која тендерската постапка е завршена наместо песокот поставен кај детските играчки, ќе се постави бетонска основа,на која ќе има слој од гумена подлога,во површина од 50 м2,а дополнително ќе се постави уште една детска играчка-лизгалка,поставување на камени плочи на влезните скали,корпи за отпадоци и засадување на садници.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Nov 25, 2024
Денес од страна на претставници на Министерство за животна средина и просторно планирање на Општина Дебрца се предадени 75 канти за собирање на одпад со капацитет од 120 л.
Набавката на кантите е извршена со средства на Министерството за животна средина и просторно планирање од собраните средства од продажба на пластични кеси, кои се искористат за набавка на контејнери – канти за собирање на отпад.

Набавените канти ќе бидат распоредени на територија на општината каде се вршат активности за собирање на комунален одпад и истите ќе бидат во функција на жителите на општината.
Со оваа активност општината и ЈПКД,,Дебрца” продолжуваат во континутет во подобрување на хигиента и собирањето и третманот на одпадот од одмаќинствата во општината.