Select Page
Топло добредојде за првачињата во Дебрца

Топло добредојде за првачињата во Дебрца

Пред утрешниот почеток на новата учебна 2023/2024 година денес приреден беше свечен прием за 27 те првачиња од ООУ “Дебрца”.

Посакувајќи им топло добредојде  во светот на знаењата, на првачињата  градоначалникот Ногачески им додели училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари.

Пред првачињата и родителите уште еднаш ја потенцира  заложбата дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.

И оваа година општина Дебрца на сите првачиња ќе им додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.

И во оваа прилика изрази  благодарност до фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков и до почесниот конзул на Република Македонија во Перт, Г дин Зоран Ќосески , по чија иницијатива фондацијата од 2013 година непрекинато пред почетокот на секоја учебна година доделува училишен прибор за првачињата од општина Дебрца.

Среќно првачиња!

Асфалтирана улица во село Црвена Вода

Асфалтирана улица во село Црвена Вода

Согласно реализација на годишната програма  за реконструкција/ рехабилитација на улици во населените места на територија на општината, извршeно е  прочистување на вегетација,тампонирање и асфалтирање на улица во село Црвена Вода во должина од 200м.

Во наредниод период општината продолжува со   реконструкција/ рехабилитација на улица во село Годивје како и зафати за крпење на ударни дупки на територија на општината.

Исчистена депонијата од инертен отпад и градежен шут на влезот од село Волино

Исчистена депонијата од инертен отпад и градежен шут на влезот од село Волино

Деновиве е извршено прочистување на  депонијата од инертен одпад и градежен шут на влезот на село Волино покрај каналот на река Сатеска, Истата е формирана од несовесни жители кои и покрај апелите веќе подол временски период депонираат огромни количини на инертен одпад и градежен шут кој ја нагрдува сликата на целокупниот простор и ја загадува животната средина како и река Сатеска.

Прочистувањето го изврши фирмата Маркоски К 73 ДООЕЛ Струга и Благодарност до нив!

 

Овојпат не апелираме, туку предупредуваме дека во иднина кон сите прекршители ќе бидат поднесувани пријави за изрекување на санкции,согласно прописите за заштита на животната средина и природата.

Доделување на прибор на идните првачиња во ,,ООУ Дебрца “ општина Дебрца

Доделување на прибор на идните првачиња во ,,ООУ Дебрца “ општина Дебрца

Почитувани ,

На ден 31.08.2023 година во 10 часот во просториите на Општина Дебрца градоначалникот Ногачески  ќе им  подели училишни ранци и прибор на идните првачиња во,,ООУ Дебрца” .

Учебната година започнува на 01.09.2023 година со почеток во 08:00часот.

Среќен почеток и добар успех во новите школски денови !!!

Во тек е санација на кровната конструкција на задружен дом во село Врбјани

Во тек е санација на кровната конструкција на задружен дом во село Врбјани

Во село Врбјани во тек е Санација на кровна конструкција на задружениот дом , со  санацијата е предвидено замена на летви појачување на греди како и замена на кровниот покривач односно замена на постоечките ќерамиди. Средствата за санацијата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца

 

 

4-та Работилница за Екосистемски услуги- Снабдувачки услуги од Белчишко Блато и начини за нивна проценка

4-та Работилница за Екосистемски услуги- Снабдувачки услуги од Белчишко Блато и начини за нивна проценка

На ден 22 август 2023 година во организација на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016” ќе се одржи работилница: ЕКОСИСТЕМСКИ УСЛУГИ – СНАБДУВАЧКИ УСЛУГИ ОД БЕЛЧИШКО БЛАТО И НАЧИНИ ЗА НИВНА ПРОЦЕНКА

Работилницата е во рамките на проектот „Екосистемски услуги од Белчишко Блато и еколошка едукација“ (Belchishta Wetland Ecosystem Services & Environmental Education (BW-ESEE)“, кој започна на 1 декември 2022 г. и ќе трае до 1 октомври 2023 г.

Целта на проектот е да ги идентификува најзначајните екосистемски услуги кои се добиваат од блатото, за да се интегрираат во донесувањето одлуки за негово управување и заштита. Проектот е финансиран од Партнерскиот фонд за критични екосистеми (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF), кој го препозна блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата од нашата држава.

Прилог

 Агенда