Nov 1, 2020
Во Општина Дебрца, Директорот на АЕРСМ, г-дин Нехри Емрула ги предаде првите решенија за регистрација на фотоволтаични соларни системи кој се реализира преку Министерството за финансии со грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општинските услугите (МСИП) и дел од добиените средства од овој грант ги искористи за: Проектирање и изградба на фотоволтаични соларни системи во рурални општини.
Решенијата ги примија Градоначалникот на Општина Дебарца, г-дин Зоран Ногачески и Директорката на ОУ Дебарца с. Белчишта, г-ѓa Билјана Славевска.
Sep 3, 2020
EN: Municipality of Debrca announces the following Invitation to tender forEquipment for Exhibition Centre for Conse PP project.
MK: Општина Дебрца објавува Повик за поднесување на понуди за опремување на Изложбен центар во рамки на Conse PP проект.
Sep 1, 2020
Први Септември е ден кој е почеток на новата учебна година и секако најрадосниот ден за најмладите ученици, првачињата, кои за првпат седнуваат во училишните клупи.
За жал, оваа година поради новонастанатата состојба со светската пандемија предизвикана од Ковид 19 вирусот, наставната година не започнува денес.
И покрај тоа во ОУ “Дебрца” го одбележавме почетокот на новата учебна 2020/2021 година, со свечен прием за првачињата.
Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата изразив надеж дека и од ОУ “Дебрца” ќе произлезат успешни и општествено одговорни граѓани, архитекти, доктори, универзитетски професори, спортисти, градоначалници, а зошто не и нобеловци.
Од родителите побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат во етички силни и здрави морални личности.
Ние како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во Општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.
Во оваа пригода на првачињата им беше доделен училишен прибор, кој традиционално за првачињата од Дебрца го донира фондацијата „Капинков“, ,сопственост на Г-динот Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Западна Австралија, кој по потекло е од битолското село Цапари.
Во името на првачињата и на граѓаните на Дебрца, на Г-динот Капинков му изразувам голема благодарност.
Благодарност и до Г-динот Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија, во Перт, Австралија, по чија иницијатива фондацијата “Капинков” од 2013 година донира училишен прибор за нашите првачиња.