May 13, 2024
Повик за поднесување на понуди (ППП)
Градежни работи
Држава: Република Северна Македонија
Назив на проект:Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор
Назив на договор: Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.
Заем бр.: 9038-МК
Идентификациски бр. на ППП:MK-MOF-CW-NCB-007/2-24
- Република Северна Македонија обезбеди заем од Интернационалната банка за обнова и развој (ИБОР) за финансирање од Светска банка на трошоците за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и има намера дел од добиените средства од овој Заем да ги искористи за исплата по договор за Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.
- Општина Дебрца ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.
- Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за национално конкурентно наддавање со користење на Повик за поднесување на понуди (ППП) како што е наведено во Правилникот за набавки на Светска банка за заемопримачи за финансирање инвестициски проекти, Набавки за финансирање инвестициски проекти, стоки, работи, неконсултантски и консултантски услуги од јули 2016 година, ревидирани во ноември 2017 и август 2018 година (Правилник за набавки) и е отворен за сите Понудувачи како што е дефинирано во Правилникот за набавки
- Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации од Светлана Костоска Донески и да извршат увид во тендерската документација на адреса: с.Белчишта Општина Дебрца, во период од 08:00 до 14:00 часот, но не подоцна од 15:00 часот.
- Заинтересираните Понудувачи може да ја купат комплетната тендерска документација на македонски јазик по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќање на неповратна такса од 3000 денари. Плаќањето ќе се изврши преку Народната Банка на Република Северна Македонија:
Банка: Народна Банка на Република Северна Македонија
Број на сметка: 100000000063095
Буџетска корисничка сметка: 719014062263013
Приходно конто: 725 939
По доставување на потврда за извршена уплата за тендерската документација на маил svetle87@yahoo.com целокупната документација ќе ви биде испратена по електронски пат од страна на Општината.
- Задоцентите понуди ќе бидат одбиени. Отворањето на понудите ќе биде јавно во присуство на овластените претставници на Понудувачите и лица кои сакаат да присуствуваат на адресата: с.Белчишта на 13.06.2024
- Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата од 950.000 денари.
- Адресата на која се упатува погоре е:
Адреса: Општина Дебрца
с.Белчишта
Поштенски број: 6344, Република Северна Македонија
Предмет: Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.
May 10, 2024
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” ќе бидат дел од акцијата за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН”, Заедно со Пивара Скопје и ПАКОМАК, со поддршка од Нула Отпад.
Aкција ќе започне на 17.05.2024 година во 10:00 часот во село Мешеишта ќе се собира отпад пред Училишниот двор на ООУ,, Дебрца”и пред Административната зграда на ЈКП Дебрца како и ќе се изврши собирање на отпад на главната улица која води до Училишната зграда.
Групите ќе бидат составени од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците, техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Администрацијата на Општина Дебрца.
Собраниот отпад ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.
Apr 22, 2024
Денес во ООУ,, Дебрца” с.Белчишта претставниците на Здружението за екологија и туризам ,,Екотуризам 2016” во соработка со Општина Дебрца и учениците на ООУ,, Дебрца” го Одбележаа 22-Април Меѓународниот ден или Денот на планетата Земја, со учениците се одржа едукативна работилница посветена на како ,,Планетата против пластиката”.

Учениците се запознаа за можностите кои произлегуваат од користење на пластиката но и за нејзините лоши особини кои ја загадуваат природата и животната средина.
Се едуцираа за начинот на собриање и рециклирање на пластиката и нејзина употреба а не одлагање во природата и одлагање на депонии каде е потребно долг временски период како истата би изчезнала.
Едукативните работилници за заштита на животната средина се практика која ја спроведува општината во изминатиот период.
Одржни се голем број на едукации за подигнување на свесноста на жителите и учениците од најмала воздраст да ја штитат животната средина.

Општината на 17-ти Мај ќе спроведе еколошка Акција со учениците на ООУ,,Дебрца” с.Мешеишта каде во акцијата ќе биде опфатено селото Мешеишта каде ќе се изврши чистење на центарот и околу училишната зграда.
Да ја штитиме планетата земја бидејќи Резервна Немаме !
Apr 17, 2024
На Електронскиот систем за јавни набавки објавен е огласот за јавна набавка на пумпа за пумпната станица и санација на резервоарот во село Мешеишта.
Со проектот се планира набавка и монтажа на нова вертикална центрифугална пумпа и поставување на целосно нова електрика во пумпната станица.
Исто така, ќе се изврши санација на стариот резервоар, кој поради застареност е во многу лоша состојба и со големи загуби на вода.
Ова е почетна фаза од инвестирањето во водоснабдителниот систем во село Мешеишта.
Се планира да се обезбедат средства за целосна реконструкција и на уличната водоводна мрежа, а за што општината има изготвено инвестиционо-техничка документација-основен проект.
Ќе се изработи и Студија за економска оправданост од поставување на фотонапонска централа кај пумпната станица.
Apr 12, 2024
Изминатава седмица преку програмата за јавни работи реализирани се повеќе активности
Чистење на речното корито во урбаниот дел / низ село/ Волино,во должина од околу 1400 метри,
Косење на зелени рекреативни површини кај детско игралиште во село Оровник,
Косење на јавни зелени површини во центарот на село Требеништа,
Косење на парк во детско игралиште село Волино и јавни површини во центарот,
Косење на јавни зелени површини кај спортски полигон и поранешна општинска зграда село Мешеишта,
Косење на јавни зелени површини во центарот на село Белчишта,
Косење на јавни зелени површини на “Исток”,село Велмеј,
Чистење на дива депонија од градежен шут во близина на Селскиот дом,село Велмеј.
Продолжуваме во континуитет и во останатите населени места
Apr 3, 2024
Денес се одбележува 3 Април: Светскиот ден на водните животни, Белчишко Блато е дом на 85 видови птици, или една третина од вкупниот број видови во земјава, 224 растителни видови, како и 33 видови цицачи или 37 отсто од вкупниот број во земјата, меѓу кои и видрата како и голем број на водни животни. Белчишко Блато е дел од Емералд мрежата и во моментов во тек е изготвување на закон со кој ќе биде ставено под строга заштита како Парк на природата. Тоа е блатен екосистем, кој се напојува со вода од повеќе од десет видливи карстни извори, познати како „Сини Вирови“ и е потенцијално Натура 2000 подрачје, со што ќе влезе и во Европската кохерентна мрежа. Белчишкото Блато е идна Еко-Туристичка атракција во Општината, во регионот и Државата а ќе биде препознаено и во меѓународни рамки со својата уникатност и недоперна природна убавина и автентичност.