Aug 19, 2025
Традиционално секој Август најзначајната спортска манифестација во општина Дебрца е 27то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2025” Волино,кој оваа година има меморијален карактер и е во чест на прерано починатиот волинец и голем поддржувач на ФК “Сатеска” и “Богородица Купот”, Крсте Илинкоски.

Како генерален покровител општина Дебрца го помогна турнирот со 80.000 денари, а во чест на Крсте обезбеди и 12 пара спортска опрема ,дресови и 50 маици на кои е аплициран неговиот лик.
Jul 4, 2025
Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески изврши прием на најдобрите ученици, односно првенецот на генерација Анастасија Тупанческа и учениците на генерација Рената Јолакоска и Стефани Николоска за учебните 2021-2025 година од ООУ “Дебрца” Белчишта.
Честитајќи им го постигнатиот успех и им посака успех и во средното и натамошното образование.
На најдобрите ученици им додели пригодни плакети и парични награди, на првенецот на генерацијата 15.000 денари,а на учениците на генерација по 7.500 денари.
Исто така, на сите завршени полуматуранти општината ќе им додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.
Како општина остануваме посветени на поддршката на сите ученици,а особено на учениците кои покажале одлични и особени резултати во образовниот процес.
Jun 23, 2025
Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година, општината нарача изработка на техничка документација,Основен проект за реконструкција на отвореното спортско игралиште за мали спортови во село Мешеишта.
Со проектот се планира поставување на нов асфалтен слој и слој од тартан со д=1,3 см,демонтажа на постојната и изградба на нова ограда околу полигонот,нови стативи,нови табли и обрачи за кошовите,санација на надворешните санитарии, репарација на постојната трибина и фарбање на столчињата ,а во северниот дел плато за фитнес опрема и детски реквизити .

По завршувањето на проектот и ревизијата на истиот и обезбедување на одобрение за реконструкција од страна на општината проектот ќе биде аплициран за обезбедување финансиски средства во Министерството за спорт,од каде се очекува да биде одобрен.

Проектот го изработува проектантското друштво “Параметар” Скопје, а средствата за изработка на проектот и ревизијата, во износ од 1.507,491 денари се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Jun 16, 2025
Општина Дебрца и оваа година финансиски ги поддржа најдобрите средношколци и студенти.
Од Буџетот за 2025 година исплатени се 558.000 денари за ученички и студентски стипендии.
- Талентираните средношколци добија по 22.500 денари,за 9 месеци од училишната година,а студентите по 27.000 денари за 9 месеци од студиската година.
- Дополнително,општината на сите завршени полуматуранти ќе им додели финансиска поддршка од по 5.000 денари.
- На првенецот на генерација и пофалените ученици ,на посебен прием градоначалникот на општината ќе им додели плакети и парични награди,за првенецот на генерација 15.000 денари,а на пофалените ученици по 7.500 денари.
На сите ученици им го честитаме завршувањето на учебната година,а на полуматурантите многу успех во понатамошното образование.
Jun 11, 2025
Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца завршена е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на ООУ “Дебрца” Белчишта.
Поставена е нова асфалтна подлога,на површина од 998 м2.
Средствата во износ од 1.426.226 денари се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.


May 23, 2025
Со одигрувањето на финалниот натпревар помеѓу екипите на АСП ПАК и ФК САТЕСКА синоќа заврши Вториот турнир во мал фудбал “Св.Никола 2025” Требеништа.
Во извонредна атмосфера и драматичен натпревар турнирот го освои екипата на ФК Сатеска.

Честитки за победникот,сите учесници и организаторот.
Општина Дебрца покрај постојните доби уште една прекрасна спортска манифестација.
Општина Дебрца и оваа година беше покровител на турнирот и го помогна со 80.000 денари,а истовремено ја подобривме и спортската инфраструктура,со изградбата на трибина во спортската сала,а за што од Буџетот на општината беа издвоени 1.121.180 денари.

Согласно Годишната програма за развој на спортот за 2025 година финансиски ќе бидат помогнати и другите годинешни општински спортски манифестации како:
Турнир “Петровден 2025” Мешеишта со 80.000 денари.
Турнир “Илинден 2025” Оровник,со 80.000 денари.
Меморијален турнир “Кире Николоски Камачо 2025” Лешани со 40.000 денари,
Меморијален турнир “Михаил Мирчески 2025” Слатино,со 40.000 денари,
“Богородица Куп 2025” Волино,со 80.000 денари
Турнир “Св.Богородица2025” Ботун со 20.000 денари,
Средба на генерации на ФК “Дебрца” Белчишта,со 20.000 денари.
Меморијал “Јончески Мирко Мичула 2025” Велмеј,со 20.000 денари.

Општина Дебрца константно вложува во развојот на спортот и младите.