Dec 12, 2024
Продолжуваат Активностите на Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца,за уредување на селата во општината, односно со ангажирање на работници од јавното претпријатие и лицата ангажирани од општината преку програмата за јавни работи во населените места во општината започнавме со реализација на активности за одржување на јавната чистота и чистење од отпад на јавните површини.
Активности продолжија и во селата Требеништа Мешеишта, Климешатни и Злести.
Со програмата за јавна чистота етапно ќе бидат опфатени сите населени места во Дебрца во наредниод период продолжуваме и во остатокот од селата.
Dec 4, 2024
Во текот на Вчерашниот ден во посета на Општина Дебрца беа учесниците во Еразмус проектот наречен Fast Forward, каде што особен акцент се става на целите на одржливоста и климатските промени.
Учесниците беа од повеќе земји како: Македонија, Албанија,Косово, Босна и Шпанија.

Учеснците беа во посета на Белчишкото блато (Сини Вирој), Општина Дебрца и Изложбениот центар на Белчишкото блато.
Учесниците беа примени од страна на Градоначалникот Зоран Ногачески каде ја истакна заложбата на Општината за зачувување на Белчишкото Блато (Сини Вирој) како и негово прогласување за парк на природата и преземените активности на општината за промоција на истото, како и можностите за зголемен Економски развој од еко-туризмот.
Dec 3, 2024
Денес се одбележува 3 Декември-Светскиот ден на лицата со посебни потреби.
И не само денес, туку секој ден треба да им го посветуваме на овие лица и да обезбедиме нивна целосна инклузија во општеството.
Како општина и во изминатиот период и во иднина ќе преземаме повеќе мерки за подобрување на нивната општествена положба ( финансиска поддршка на програмските активности на нивните здруженија, олеснет пристап до јавните институции и други активности на кои сме обврзани и со националното законодавство и со меѓународните договори ).
Dec 3, 2024
Во училишната зграда во село Оровник во тек е монтирање на централно топловодно греење.
Ќе биде монтирана топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.
Претходно со топловодно греење беа обезбедени училиштата во село Мешеишта и село Требеништа.
Со ваквите проекти ги подобруваме условите за учење не само на сегашните,туку и на идните генерации.
Nov 30, 2024
По снежните врнежи кои ја зафатија територијата на општина Дебрца особено селата во (горна дебрца), а во согласност со подготовките за зимската сезона, екипите на Општина Дебрца и ЈПКД-Дебрца за зимско одржување на патиштата веднаш се упатија на терен. Тие активно работат на расчистување на патиштата и обезбедување на безбедноста на сообраќајот.
Ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да се придржуваат кон сите безбедносни упатства при движењето во услови на снег и лед да ги почитуваат законските обврски кои се во важност од 15 ноември за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година.
Nov 28, 2024
На Вчерашната седница на советот на општина Дебрца беа усвоени дополнувањата на Правилникот за доделување на еднократна парична помош, со што се создаде можност на предлог на Комисијата за финансирање и буџет градоначалникот на општината да донесе решение за доделување на еднократна парична помош, во износ од 30.000 денари, за лекувањето на малата Теодора Петреска.
Посакуваме Теодора да се излекува и да биде како сите други дечиња, да има среќно и безгрижно детство.