Sep 5, 2024
Во тек е имплементација на проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а проектот е целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија.

Целта на проектот е развивање на одрлжлив еко-туризам и унапредување и заштита на животната средина.Со овој проект ќе се овозможи маркација и унапредување на планинските велосипедски патеки во општина Дебрца.

Општината располага со уникатни живописни планински предели кои се предуслов за развој на алтернативните форми на Туризам како и развојот на Планински велоспиедизам.
Sep 4, 2024
Во село Врбјани завршено е тампонирањето на две улички, во должина од околу 120 метри, предходно на теренот се изврши порамнување и прочистување на вегетација како и прочистување на одводен канал кој предизвикуваше проблеми на локалните жители.
Aug 31, 2024
Во село Лактиње започна рехабилитација на центарот / корнење на стариот оштетен асфалтен слој и поставување на нов асфалтен слој.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година
Aug 30, 2024
Завршено е тампонирањето на патот во местноста “Средно Поле”, КО-Лешани,на потегот од асфалтираниот пат за село Грко Поле до поранешната воденица, во должина од околу 570 метри.
Работите ги изведе БИС Дооел Охрид,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Aug 30, 2024
Пред почетокот на новата учебна 2024/2025 година денес се приреди свечен прием за 18 те првачиња од ООУ “Дебрца”.
Градоначалникот Зоран Ногачески Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата им додели училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари.
Пред првачињата и родителите уште еднаш ја потенцира заложбата дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.
И оваа година општина Дебрца на сите првачиња ќе им додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.
И во оваа прилика изрази благодарност до фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков и до почесниот конзул на Република Македонија во Перт, Г дин Зоран Ќосески , по чија иницијатива фондацијата од 2013 година непрекинато пред почетокот на секоја учебна година доделува училишен прибор за првачињата од општина Дебрца
Aug 29, 2024
Согласно реализација на годишната програма за реконструкција / рехабилитација на улици во населените места на територија на општината, Денес во село Песочани се извршуваат активности за асфалтирање на локална улица која поминува низ населеното место со вкупна должина од 1.000 m, ширина од 3,0 m и банкини од 0,5 m. На активностите за асфалтирање на улицата предходеше и прочистување на вегетација и санирање на оштетени делови на улицата.

Во наредниод период ќе продожат активности за реализација на годишната програма за реконструкција/ рехабилитација на улици во населените места на територија на општината.

Средства за активностите се обезбедени од буџет на општина Дебрца.