Select Page
Заврши  проектот уредување  на дел од централното селско подрачје во Злести

Заврши проектот уредување на дел од централното селско подрачје во Злести

Во село Злести завршен е проектот за уредување на дел од централното селско подрачје.

На местото од руината на дел од селскиот дом изграден е модерен мултифункционален спортски полигон.

Извршена е санација на споменикот во центарот на селото.

Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а 1.498.672 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.

 

Започна изградба  на канал за наводнување во село Злести во должина од 360 метри

Започна изградба на канал за наводнување во село Злести во должина од 360 метри

Во село Злести започна  уште еден проект-уредување на канал за наводнување, кој поминува низ урбаниот дел на селото, во должина од 360 метри.

Со зафатот Ќе се изврши бетонирање на подната плоча и ѕидовите на каналот.

Работите ги изведува градежната фирма БИС дооел Охрид.

Вкупната вредност на работите изнесува 1.078.520 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година

Со реализација на проектот ќе се обезбеди поквалитетно наводнување на земјоделските култури и олеснување на работата на земјоделците.

 

Учесниците на 39 то издание на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца 2024” остварија средба со градоначалникот на општина Дебрца

Учесниците на 39 то издание на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца 2024” остварија средба со градоначалникот на општина Дебрца

Учесниците на 39 то издание на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца 2024” остварија средба со градоначалникот на општина Дебрца

И во оваа пригода го истакна значењето на овој културен настан за општината и изрази задоволство што делото кое пред четириесетина година го започнаа основоположникот на Ликовната колонија Ѓорѓија Целески и неговите современици денес продолжува да се надоградува.

Во изминатите години создадени се бројни дела,културно наследство кое не е само наше,туку со право претставува светско наследство.

На годинешните учесници им посакав топло добредојде во Дебрца и инспирација за создавање на нови дела, а на раководството на колонијата уште мноштво изданија.

Општината и оваа година финансиски го помогна културниот настан, а тоа ќе го прави и во иднина.

 

Започна реконструкцијата на спортскиот полигон во село Оровник

Започна реконструкцијата на спортскиот полигон во село Оровник

Во село Оровник започнаа работите за реконструкција на спортскиот полигон.

Ќе се изврши санација на заштитните огради,ново рефлекторско осветлување,како и набавка на кошаркарски табли и обрачи.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

 

Свечено доделување на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование

Свечено доделување на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование

Денес во ООУ „Дебрца“ се одржа свечено деделување на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование.

Градоначалникот  Зоран Ногачески На сите полуматуранти им го честита завршувањето на основното образование и им посака многу успех во понатамошното образование.

На настанот, на ученикот Мартина Цветаноска во име на општина Дебрца, и додели плакета за првенец на генерација, а на учениците Јована Тодороска, Никола Дукоски, Елисавета Крцоска и Климент Бујароски плакети за пофалени ученици на генерација.

На првенецот на генерација и на пофалените ученици општината доделува и парични награди.

И оваа година општината на сите полуматуранти ќе им додели еднократна финансиска поддршка од по 5.000 денари.

Парични награди ќе им бидат доделени и на сите ученици кои учествуваа и остварија посебни резултати на општинските, регионалните и државните натпревари.

Како општина остануваме посветени на поддршката на сите ученици, а посебно на учениците кои покажале одлични и особени резултати во образовниот процес.

 

Активности за тампонирање на локални патишта во селата Издеглавје и Сливово

Активности за тампонирање на локални патишта во селата Издеглавје и Сливово

Во село  Издеглавје се извршени активности за тампонирање со гребен асфалт на патот до црквата “Св.Димитрија”, во должина од 1 км по барање на жителте на село Издеглавје.

 

По завршувањето на тампонирањето со гребен асфалт на патот до црквата “Св Димитрија”,село Издеглавје денес продолживме со тампонирање на патот до црквата “Св.Атанасије”,село Сливово,со што ќе се обезбеди полесен пристап на граѓаните до црквата и селските гробишта.

Тампонирањето го врши фирмата “Бис” Охрид,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.