Aug 19, 2024
Во село Ново Село неколку денови се работи на пробивање, чистење од околните дрвја,порамнување, валирање на подлото и тампонирање на патот од црквата Св.Богородица до изворите на блатото, во должина од околу 1 км.
Со оваа активност го подобруваме пристапот до изворите и блатото,идното заштитено подрачје.
Работите ги изведува фирмата БИС дооел Охрид,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Aug 14, 2024
Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот за активна транспарентност на јавни институции за 2024 година.
Активната транспарентност на општина Дебрца во 2024 година изнесува 94,2 % (од можни 100 %) со што општината се наоѓа во групата институции со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %). Со овие бодови, општината се наоѓа на 18-та позиција од вкупно 98 рангирани институции. На ниво на Југозападен регион Општина Дебрца од трето место се искачи на второто со што општината континуирано ја подобрува својата активна транспарентност од 2017 година наваму, достигнувајќи ја највисоката позиција токму во 2024 година.
https://www.aktivnatransparentnost.mk/opshtini.html?opstina=debrca&fbclid=IwAR0TWhTTNS_q1Tr9IUa5KI1U-xsLHV1_fHApUZXfUiXfkDNUQPDrSXTE3ys


И во наредниод период ќе продолжиме со активности за подобрување на транспарентност на јавните институции под надлежност на општината и транспарентноста на работењето на самата општина.
Aug 12, 2024
Денес во општина Дебрца се оствари средба на Градоначалникот Зоран Ногачески со Г- дин Зоран Ќосески,почесен конзул на Македонија во Перт,Австралија.
Г динот Ќосески на повеќе пати организира македонски бизнисмени во Австралија,преку кои се даваат донации за општината,особено за учениците од ,,ООУ Дебрца”.
Конзулот потсети и на можноста да се користат и некои мали грантови кои ги дава Австралиската влада.
Од страна на Градоначалникот е изразена благодарност за поддршката која се дава на Општина Дебрца.
Aug 10, 2024
Во село Злести, со пригодна свеченост, во организација на гостопримливите злестовци,со ревијален натпревар и сечење на лента се пушти во употреба новиот мултифункционален спортски полигон,изграден во центарот на селото на местото од руината на дел од селскиот дом.
Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а 1.498.672 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.
Нека е аирлија и со здравје да се користи,исполнет со поголем број на дечиња и секако за рекреација и на повозрасните.
Jul 24, 2024
Денес на иницијатива на СВР Охрид во просториите на општина Дебрца се одржа состанок за заштита од пожари на отоврен простор, каде покрај претставници на СВР Охрид присуствуваа и претставници на месните заедници во општината, членови на Штабот за заштита и спасување во општина Дебрца како и претставници на ЈП ,, Национални Шуми” подружница ,, Галичица”.
На координативниот и советодавен состанок беше анализиран степенот на загрозеност на шумите на подрачјето на општина Дебрца како и шумски предели и необработливо земјоделско земјиште од пожари како и превенција за рана детекција на пожар на отворен простор.
Од страна на претставници на СВР Охрид присутните беа известени за формирање на мобилни тимови составени од надлежни служби кои, ќе вршат патрола на територија на општина Дебрца за избегнување на пожар на отворен простор.
Воедно присутните беа известени и за забраната за движење во шуми и шумски предели без согласност издадена од ЈП ,, Национални Шуми” подружница ,, Галичица” да не се движат во шумите и истата треба да се почитува и подлежи на санкции.

Од страна на претставници на општина Дебрца беше истакнато дека општината ќе ја прошири и подобрува соработката со сите надлежни институции особено во делот за заштита од пожари на отворено.
Воедно упативме апел до претставниците на месните заедници за соработка со мобилните тимови како и соработка со СВР Охрид се со цел избегнување на пожари, како и да ги почитуваат насоките издадени од страна на надлежните институции во Република Македонија.
Jul 16, 2024
Завршено тампонирањето на патот од село Сошани до црквите “Св.Ѓорѓија” и “Св.Никола Талалеј “, во должина од 1 км.
Вкупната вредност на работите изнесува 560.878 денари, кои се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.
Работите ги изведе формата БИС дооел Охрид